ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/06 стр. 10-11
  • „Фрлени в затвор поради својата вера“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Фрлени в затвор поради својата вера“
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • Поддржана низ ужасни испити
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Сведоштво на нивната вера
    Разбудете се! 1996
  • Поткрепена со довербата во Бог
    Разбудете се! 2002
  • Преживеавме диктатури со помош од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 4/06 стр. 10-11

„Фрлени в затвор поради својата вера“

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ПОЛСКА

ЗБОРОВИТЕ Arbeit Macht Frei (Работата ослободува) и ден-денес стојат на железната капија на концентрациониот логор Аушвиц во јужна Полска, на околу 60 километри од границата со Чешка.a Сепак, овие зборови се чиста спротивност на она што им се случи на повеќето што влегоа низ таа капија помеѓу 1940 и 1945 година. Во тој период, нацистите убија преку милион луѓе во Аушвиц. Меѓутоа, поединци од една група можеа да бидат пуштени на слобода во секое време.

По која цена можеле да си ја купат слободата? Секој затвореник што бил Јеховин сведок требало само да потпише една писмена изјава дека повеќе нема активно да служи како Сведок и ќе бил пуштен на слобода. Каква одлука донеле повеќето? Историчарот Иштван Деак вели дека Сведоците „биле слични на првите христијани кои повеќе сакале да бидат растргнати од лавови отколку да принесат и најмала жртва на жртвеникот на римскиот император“. Таквиот став сигурно заслужува да биде запаметен. И навистина е запаметен.

Во текот на двата месеца по 21 септември 2004 година, во главната сала на Државниот музеј Аушвиц-Биркенау беше отворена изложба посветена исклучително на Сведоците. Изложбата имаше соодветна тема: „Фрлени в затвор поради својата вера — Јеховините сведоци и нацистичкиот режим“. Имаше 27 историски изложбени паноа од кои можеше да се види колку цврсто биле решени Сведоците да останат неутрални за време на нацистичката ера.

Многу од посетителите беа трогнати од писмото што Делијана Радемакерс од Холандија го испратила од затворот. Во ова писмо до своето семејство, таа напишала: „Му ветив на Јехова дека ќе ја вршам неговата волја . . . Бидете храбри и бестрашни. Јехова е со нас“. Во 1942 година, Делијана била депортирана во Аушвиц, каде што умрела за неполни три седмици.

Во Аушвиц имало вкупно околу 400 Сведоци. Тројца од нив беа присутни на отворањето на изложбата. Тие раскажаа што преживеале и одговараа на новинарски прашања. Кај нив сѐ уште можеше да се види истата онаа храброст која им помогнала да ги преживеат условите во логорот.

Во својата книга Фрлени в затвор поради својата вера — Јеховините сведоци во концентрациониот логор Аушвиц (Imprisoned for Their Faith—Jehovah’s Witnesses in Auschwitz Concentration Camp), научниот работник Тереза Вонтор-Циши од Државниот музеј напиша: „Ставот на оваа мала група позитивно влијаел врз другите затвореници, а тоа што секој ден одлучно одбивале да направат компромис уште повеќе ги уверил другите дека човек може да им остане верен на своите начела под секакви услови“.

Факт е дека затворите и смртта не се ништо ново за следбениците на Исус Христос, кој и самиот бил уапсен и погубен поради својата вера (Лука 22:54; 23:32, 33). И Јаков, апостол на Исус, бил погубен. Апостол Петар бил затворен, а апостол Павле многупати бил тепан и затворан (Дела 12:2, 5; 16:22-25; 2. Коринќаните 11:23).

Слично на тоа, Јеховините сведоци во Европа дале одличен пример за вера во Бог во текот на 1930-тите и 1940-тите години. Многу е убаво што во Аушвиц им беше оддадено признание за нивната вера.

[Фуснота]

a Аушвиц, всушност, се состоеше од три главни дела — Аушвиц I (главниот логор), Аушвиц II (Биркенау) и Аушвиц III (Моновиц). Поголемиот број од озлогласените гасни комори се наоѓаа во Биркенау.

[Слика на страница 10]

Тројца преживеани од Аушвиц го држат паното со темата на изложбата

[Слики на страница 11]

Делијана Радемакерс и писмото што го напишала во затворот

[Извор на слика]

Вметнати фотографии: Zdjęcie: Archiwum Państwowego Muzeum Auschwitz-Birkenau

[Извор на слика на страница 10]

Кула: Dzięki uprzejmości Państwowego Muzeum Auschwitz-Birkenau

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели