ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/07 стр. 22
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дијабетес — светска епидемија
  • Највисоката железница на светот
  • „Невидливи студенти“
  • ‚Затворена за светот‘
  • Како да го намалиш ризикот од дијабетес
    Разбудете се! 2014
  • Дијабетес — „тивок убиец“
    Разбудете се! 2003
  • Како може Библијата да им помогне на болните од дијабетес
    Разбудете се! 2003
  • Предизвикот на лекувањето
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 3/07 стр. 22

Поглед во светот

◼ Според една анкета, „луѓето што зборуваат на мобилен телефон додека возат, дури и ако користат опција hands-free, се во иста опасност како да се пијани“(REUTERS NEWS SERVICE, САД).

◼ Во првите пет месеци од 2006 год., во градските автобуси во градот Гватемала, имало 30.200 вооружени грабежи. Притоа биле убиени 14 возачи или кондуктери и 10 патници (PRENSA LIBRE, ГВАТЕМАЛА).

◼ Од 124 земји кои учествувале во една анкета на Светската здравствена организација во врска со земање и тестирање на крвта од крводарители, 56 земји „не ја тестираат целата подарена крв за да проверат дали е заразена со вируси на ХИВ, хепатит Б и Ц, и сифилис“ (СВЕТСКА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА, ШВАЈЦАРИЈА).

◼ Бројот на Австралијци кои живееле заедно пред да стапат во брак порасна од 5 отсто во 1960-тите на нешто повеќе од 70 отсто во 2003 год. (УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО МЕЛБУРН, АВСТРАЛИЈА).

Дијабетес — светска епидемија

Според весникот The New York Times, податоците од Меѓународната федерација за дијабетес покажуваат дека, во последниве 20 години, бројот на луѓе во светот кај кои е дијагностициран дијабетес (шеќерна болест) пораснал од 30 милиони на 230 милиони. Седум од десетте земји со најголем број лица што ја имаат оваа болест се земји во развој. „Дијабетесот е една од најстрашните здравствени катастрофи со кои се соочил светот досега“, изјавил д-р Мартин Сајлинк, претседател на оваа федерација. „Во некои од најсиромашните земји во светот, дијабетесот значи брза смртна казна“, стои во извештајот.

Највисоката железница на светот

Највисоката железница на светот, која беше свечено пуштена во употреба во јули 2006 год., ги поврзува Пекинг и главниот град на Тибет, Ласа, кои се оддалечени околу 4.000 километри. Во весникот The New York Times се вели: „Оваа железница е вистинско инженерско чудо кое минува низ земјата на вечен лед и стигнува на височина од 4.800 метри над нивото на морето“. Меѓу другото, голем предизвик за инженерите беше да изнајдат решение лежиштето на шините да биде смрзнато во текот на целата година за да се намали нестабилноста. Поради големата височина, неопходно е да се пумпа додатен воздух во купеата, кои исто така се опремени со кислород што може поединечно да го користи секој патник.

„Невидливи студенти“

Десет до дваесет отсто од студентите по книжевност во прва година на еден факултет во Франција „никогаш не одат на предавања“, се вели во весникот Le Figaro. Некои го искористуваат статусот на студенти за да добијат извесен паричен надоместок од социјалното осигурување, како и за попуст на летови, во хотели, во јавен превоз и во кина. За да извлечат други користи, овие „невидливи студенти“ земаат предмети за кои се заинтересирани многу мал број лица, како, на пример, часови по белоруски, фински или свахили. Лажниот упис е многу честа појава бидејќи не се води евиденција за присутноста на часовите. „Студентите“ се запишуваат преку Интернет и добиваат студентски легитимации за само неколку дена, се вели во извештајот.

‚Затворена за светот‘

Израелските научници сметаат дека откриле осум нови видови безрбетници во една пештера која со векови „била затворена за надворешниот свет“, стои во The Jerusalem Post. Ископувачите што работеле во еден каменолом откриле мал отвор што водел до една пештера со должина од околу 2,5 километри, во која имало и една огромна сала со езеро. Некои од пронајдените видови личат на скорпии. Два вида се морски, а два слатководни лушпари, додека останатите четири вида се копнени животни.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели