ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/08 стр. 16-17
  • Големиот остров

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Големиот остров
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Местоположба и клима
  • Вулканот Килауеа — активен, но мирен
  • Еден куп знаменитости
  • Острови во изградба
    Разбудете се! 1998
  • Кеа — кловн на планините
    Разбудете се! 2002
  • Песочен рајски остров
    Разбудете се! 2006
  • Од разбеснет вулкан до мирен остров
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 3/08 стр. 16-17

Големиот остров

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! НА ХАВАИТЕ

ШТО ти паѓа на ум кога некој ќе ги спомне Хаваите? Најверојатно помислуваш на бели песочни плажи, кристално бистра вода, кокосови палми што се нишаат на ветрот и хавајски веранди со романтични фенери што ги осветлуваат топлите ноќи. Но, сликата не би била потполна без хавајската гозба (луау) која изобилува со свеж ананас, пои (кашест специјалитет), мариниран лосос ломиломи и, секако, калуа прасе. Што друго би можел човек да посака?

Но, дали си знаел дека главниот остров во Хавајскиот архипелаг е интересно место и од други причини? Иако се вика Хаваи, тој е наречен и „Големиот остров“ бидејќи вкупната површина на сите други поголеми острови од оваа група — Оаху, Мауи и Кауај — е отприлика иста како и на Големиот остров! Овој необичен остров покрива површина од над 10.432 квадратни километри, но таа и понатаму расте, за што ќе стане збор подоцна.

Местоположба и клима

На Големиот остров превладува умерена клима бидејќи се наоѓа на најјужниот дел од овој архипелаг. Преку ден, просечната температура во туристичкото крајбрежје се движи од околу 30°С лете (мај — октомври), до 20°С зиме (ноември — април), додека ноќе минималната температура не паѓа под 15°С. Во областа Кона, која се наоѓа на островскиот дел кој лежи во заветрина, времето обично е сончево, а во подрачјето Хило, кое е изложено на ветрови, многу почесто паѓаат дождови.

Тропската клима и плодната вулканска почва овозможуваат богат род на овошје и зеленчук. Островот изобилува со вкусните плодови на дрвјата манго, папаја, личи, како и друго егзотично овошје, но и со прекрасни орхидеи и тропски растенија од родот Anthurium. Климата и почвата се идеални за одгледување на макадамија ореви и на кафе. Кафето од видот кона е познато насекаде во светот. Дистрибутери од разни места го посетуваат годишниот фестивал за презентација на овој вид кафе за да го пробаат и да склучат договори за нарачка.

Големиот остров се простира во неколку климатски појаси во кои има прашуми, пустина и тундра. Прашумите растат на источниот, врнежлив дел од островот. Овде можат да се најдат многу егзотични птици, а климата им годи и на тропските папрати и на некои видови диви орхидеи. Просечните врнежи на дожд изнесуваат некаде околу 25 сантиметри годишно во областа Кона-Кохала, до повеќе од 250 сантиметри годишно во областа Хило.

Вулканот Килауеа — активен, но мирен

На овој остров има пет вулкани — Мауна Лоа, Мауна Кеа, Килауеа, Кохала и Хуалалај. Називот Килауеа дословно значи „големо исфрлање“. Во 1979 год., Килауеа се разбуди со една спектакуларна ерупција. Од 1983 год., од него речиси непрестајно тече вжештена лава, која досега има уништено три крајбрежни гратчиња, но затоа, пак, создаде неколку стотини хектари нова земја.

Кога лавата со силно шуштење ќе навлезе во морето, се креваат големи облаци од пареа и чад и се создаваат нови плажи со црн песок. Вулканот Килауеа може безбедно да се набљудува и одблизу.

Највисока планина на овој остров е заспаниот вулкан Мауна Кеа. Нејзиниот врв се наоѓа на надморска височина од 4.205 метри и за малку ја надвишува Мауна Лоа (4.169 метри). Но, ако се мери од нејзиното подножје кое лежи на дното на океанот, Мауна Кеа е висока над 9.000 метри, со што би можела да се смета и за највисока планина во светот. Мауна Лоа, пак, е најмасивната планина во светот бидејќи зафаќа повеќе од 40.000 кубни километри!

Еден куп знаменитости

Во зимската сезона, на Мауна Кеа честопати паѓа снег и затоа заслужено го носи прекарот Бела Планина. Некои од жителите се скијаат, иако тоа е прилично опасно бидејќи падините се карпести. Моментално, на врвот од оваа планина има 13 телескопи кои ги користат 11 земји. Овие телескопи се едни од најјаките во светот.

Плажите на Големиот остров нудат најразлични можности за рекреација. Спортовите на вода се актуелни во текот на целата година бидејќи температурата на океанот и на воздухот е топла цело време. Има секакви плажи — од белите песочни плажи во близина на одморалиштата до осамените плажи до кои може да се стигне само пешки или со теренско возило.

Големиот остров има навистина многу убави страни — големина, местоположба, клима и географски карактеристики, а неговите жители се дружељубиви, љубезни и многу гостољубиви.

[Карта на страница 16]

(Види во публикацијата)

НИХАУ

КАУАЈ

ОАХУ

ХОНОЛУЛУ

МОЛОКАЈ

МАУИ

ЛАНАЈ

КАХУЛАВИ

ХАВАИ

Хило

Кохала

Мауна Кеа

Хуалалај

Мауна Лоа

Килауеа

[Слика на страници 16 и 17]

Во заднината може да се види Мауна Кеа

[Извор на слика на страница 17]

U.S. Geological Survey/ фотографија на T.J. Takahashi

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели