ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/08 стр. 27
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Главоболки кои траеле 64 години
  • Кит со долг животен век
  • Фосилизирана прашума
  • Првокласно вино сокриено под земјата
  • Насилство над дождовните шуми
    Разбудете се! 1998
  • Огромните чудовишта од морските длабочини
    Разбудете се! 2009
  • Користите од дождовните шуми
    Разбудете се! 1998
  • Дојдоа китовите!
    Разбудете се! 2015
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 3/08 стр. 27

Поглед во светот

◼ Во една анкета спроведена во САД, „29 отсто од мажите рекле дека спиеле со 15 или повеќе жени. За разлика од нив, 9 отсто од жените изјавиле дека спиеле со 15 или повеќе мажи“ (АМЕРИКАНСКИ ЦЕНТАР ЗА КОНТРОЛА И ПРЕВЕНЦИЈА НА БОЛЕСТИ).

◼ Во Грција, „62 отсто од децата помали од 16 години признале дека симнале порнографски материјал на својот мобилен“ (ЕЛЕФТЕРОТИПИЈА, ГРЦИЈА).

◼ Во Британија, 82 отсто од испитаниците во една анкета сметаат дека „религијата е причина за раздор и нетрпеливост“ (THE GUARDIAN, БРИТАНИЈА).

Главоболки кои траеле 64 години

Една Кинеска конечно дознала што била причината за нејзините „непопустливи главоболки“, кои ја измачувале повеќе од 60 години. Лекарите извадиле од нејзината глава куршум долг три сантиметри. Жената била повредена во главата при нападот на јапонската војска врз едно село во покраината Синји во септември 1943 год., кога имала 13 години. Никому не му било ни на крај памет во што е проблемот. Кога главоболките зачестиле, рендгенските снимки покажале дека се работи за куршум, јавува новинската агенција Синхуа. Се вели дека моментално оваа 77-годишна жена е „во добра здравствена состојба“.

Кит со долг животен век

Во телото на гренландскиот кит што го уловиле домородците од Алјаска во 2007 год., биле пронајдени врвот и делови од еден стар харпун. Утврдено е дека се работи за „делови од харпун со експлозивно полнење произведен во Њу Бедфорд [Масачусетс, САД] при крајот на 19 век“, пишува весникот The Boston Globe. Бидејќи ваквите харпуни за кратко време биле исфрлени од употреба, историчарите од Музејот на китоловци во Њу Бедфорд заклучија дека харпунот го погодил китот „некаде помеѓу 1885 и 1895 год.“ Според тоа, кога бил убиен во 2007 год., имал најмалку 115 години. Ова откритие е „уште една потврда на мислењето кое преовладува веќе долго време, имено, дека гренландскиот кит е еден од цицачите со најдолг животен век, кој може да живее и до 150 години“, стои во истиот весник.

Фосилизирана прашума

Геолозите пронашле огромна подземна фосилизирана прашума во која растеле најразлични растенија што сега се изумрени, некои во височина и до 40 метри. Оваа необична шума се наоѓа во еден јагленокоп во Илиноис (САД). Научниците сметаат дека шумата завршила под земјата при еден катастрофален земјотрес. „Просто неверојатно“, вели Бил Димикеле, кој раководел со тимот што го објави ова откритие. „Можевме многу јасно да си претставиме како изгледала шумата. Имавме чувство како да шетаме низ неа“.

Првокласно вино сокриено под земјата

Во Македонија доаѓаат сѐ повеќе странци „за да ископуваат првокласно вино што го оставиле сојузничките сили за време на Првата светска војна“, стои во англиското издание на весникот Катимерини. Опремени со мапи, посетителите — главно Французи — копаат за да ги пронајдат напуштените воени складишта. Виното што се крие во нив е старо најмалку 90 години, а според весникот, „ако виното е добро сочувано, едно шише може да достигне цена и до 2.000 евра“. Мештаните кои пронајдоа вино и коњак велат дека „тоа е најдобриот пијалак што го пробале во животот“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели