ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/15 стр. 10-11
  • Како да ја победиш осаменоста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да ја победиш осаменоста
  • Разбудете се! 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • Зошто немам пријатели?
    Младите прашуваат
  • Не дозволувај осаменоста да ти го уништи животот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Зошто има толку многу осамени луѓе?
    Разбудете се! 2004
  • Зошто никогаш не ме викаат?
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 2015
g 4/15 стр. 10-11
Девојка седи сама и гледа како другите девојки си разговараат и се смеат

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | МЛАДИ

Како да ја победиш осаменоста

ПРЕДИЗВИК

„Имав две другарки кои често се дружеа без да ме викнат. Цело време кажуваа колку убаво си поминуваат. Еднаш се јавив кај едната другарка дома. Додека чекав да дојде до телефонот, чув дека кај неа на гости беше другата другарка и дека двете си зборуваат и се смеат. Можев само да слушнам како се забавуваат, но не и да бидам таму. Поради тоа се чувствував уште поосамено од порано“ (Марија).a

Дали некогаш си се почувствувал отфрлено и осамено? Ако да, библиските совети можат да ти помогнат. Но, најпрво да разгледаме некои работи што треба да ги знаеш за осаменоста.

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ

Речиси секој човек понекогаш се чувствува осамено. Ова важи и за оние што имаат многу пријатели. Зошто? Па, дали некој ќе се чувствува осамено не зависи од тоа колку пријатели има, туку колку близок однос има со нив. Некој може постојано да биде опкружен со луѓе, но ако нема вистински пријатели, ќе се чувствува осамено.

Осаменоста може да ти го наруши здравјето. Откако ги анализирале резултатите од 148 истражувања, истражувачите дошле до заклучок дека луѓето кои се осамени имаат пократок животен век. Тие заклучиле дека ‚осаменоста е двапати поголем ризик-фактор за прерана смрт отколку прекумерната тежина и дека има ист ефект како да се пушат 15 цигари дневно‘.

Осаменоста може да те вовлече во лошо друштво. Всушност, може да те наведе да се спријателиш со секој што сака да се дружи со тебе. Едно момче, по име Ален, вели: „Кога си осамен, очајно бараш внимание од другите. Можеш да почнеш да си мислиш дека е подобро некој да ти обрне внимание отколку никој. Така можеш да западнеш во голема неволја“.

Технологијата не е секогаш лек за осаменоста. „Дури и да им пишувам пораки и мејлови на сто луѓе секој ден, пак ќе потонам во осаменост“, вели една девојка која се вика Натали. Еден тинејџер по име Тајлер има слични чувства. Тој вели: „Пишувањето пораки е како ужина, а личниот контакт е како главно јадење. Не е лошо да каснеш ужина, ама за добро да се најадеш, потребно ти е главно јадење“.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Размислувај позитивно. Да речеме дека на некоја социјална мрежа гледаш слики од твоите пријатели кои се собрале на дружење на кое ти не си бил поканет. Во тој момент стоиш пред избор — или да заклучиш дека намерно не те викнале или да размислуваш позитивно. Со оглед на тоа што не ги знаеш сите факти, зошто да помислиш на најлошото? Наместо да си ја трошиш силата на негативно размислување, потруди се да најдеш позитивно објаснување во врска со тоа зошто не си бил поканет. Чувството на осаменост најчесто ни се јавува поради нашето гледиште, а не поради ситуациите со кои се соочуваме. (Библиско начело: Изреки 15:15.)

Немој да ги преувеличуваш работите. Кога си осамен, би можел да си мислиш: ‚Никогаш не ме викаат‘ или ‚Другите секогаш ме избегнуваат‘. Но, ако размислуваш на ваков начин, ќе се чувствуваш уште поосамено. Овие мисли може да те втурнат во затворен круг — најпрво се чувствуваш отфрлено, потоа се изолираш, поради тоа се чувствуваш осамено, и на крај пак се чувствуваш отфрлено. (Библиско начело: Изреки 18:1.)

Зближи се со оние што се постари од тебе. Од Библијата дознаваме дека Давид бил тинејџер кога го запознал Јонатан, кој бил 30 години постар од него. И покрај големата разлика во годините, Давид и Јонатан станале блиски пријатели (1. Самоилова 18:1). И ти можеш да го доживееш истото. Кјара, која има 21 година, вели: „Пред кратко време сфатив колку е убаво човек да има повозрасни пријатели. Некои од моите пријатели се доста постари од мене и многу ги ценам затоа што се зрели и стабилни личности“. (Библиско начело: Јов 12:12.)

Одвреме-навреме е добро да се биде сам. На некои луѓе им се појавуваат чувства на осаменост веднаш штом ќе останат сами. Но, не мора да се чувствуваш осамено само поради тоа што си сам. На пример, Исус бил дружељубив, но понекогаш сакал да биде сам и тоа време го сметал за скапоцено (Матеј 14:23; Марко 1:35). И ти можеш да се угледаш на него. Наместо да се самосожалуваш, искористи го времето кога си сам да размислуваш за убавите работи што ги имаш во животот. Ако го правиш тоа, другите повеќе ќе сакаат да се дружат со тебе (Изреки 13:20).

a Некои имиња во оваа статија се сменети.

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Сите денови на страдалникот се лоши, а кој има весело срце, на гозба е без престан“ (Изреки 15:15).

  • „Оној што се изолира... се спротивставува на секоја мудрост“ (Изреки 18:1).

  • „Зарем нема мудрост меѓу старците и зарем не донесува разумност долгиот живот?“ (Јов 12:12).

Мајкл

МАЈКЛ

„Мислам дека многу млади луѓе се осамени, ама се обидуваат да го скријат тоа. На пример, иако пишуваат пораки или комуницираат преку социјалните мрежи, нивните ‚пријатели‘ не се со нив. Токму затоа се чувствуваат осамено.“

Абигејл

АБИГЕЈЛ

„Сите имаме пријатели кои се преселиле на друго место или го изгубиле контактот со нас поради некоја друга причина. Мислам дека е добро да стапиме во контакт со нив. Кога разговараш со некој стар пријател, се чувствуваш исполнето и весело.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели