ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 27
  • Зошто немам пријатели?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто немам пријатели?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Квиз
  • Факти за пријателствата и осаменоста
  • Како да ја победиш осаменоста
  • Не дозволувај осаменоста да ти го уништи животот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Како да ја победиш осаменоста
    Разбудете се! 2015
  • Решенија за твојата осаменост
    Разбудете се! 2010
  • Зошто има толку многу осамени луѓе?
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 27
Една тинејџерка се бори со чувства на осаменост

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Зошто немам пријатели?

На интернет гледаш слики од една неодамнешна забава. Сите твои пријатели биле таму и очигледно многу убаво си поминале. Но, нешто фали. Поконкретно, некој фали — ти!

„Зошто мене не ме поканија?“, си мислиш.

Твојата љубопитност се претвора во горчина. Се чувствуваш изневерено! Како сите твои пријателства да се срушиле како кула од карти. Те преплавува чувство на осаменост, и се прашуваш: „Зошто немам пријатели?“

  • Квиз

  • Факти за пријателствата и осаменоста

  • Како да ја победиш осаменоста

  • Што велат некои млади

  • Како да го надминеш стравот

Квиз

Точно или неточно

  1. Ако имаш многу пријатели, никогаш нема да бидеш осамен.

  2. Ако имаш профил на социјална мрежа, никогаш нема да бидеш осамен.

  3. Ако постојано се допишуваш, никогаш нема да бидеш осамен.

  4. Ако им помагаш на другите, никогаш нема да бидеш осамен.

Сите четири изјави се неточни.

Зошто?

Факти за пријателствата и осаменоста

  • Дури и да имаш многу пријатели, тоа не е гаранција дека никогаш нема да бидеш осамен.

    „Мене ми се важни пријателите, но понекогаш имам чувство како јас да не сум им важна ним. Најлошо чувство на осаменост е кога си опкружен со пријатели, а имаш впечаток дека тие не те сакаат и не си им потребен“ (Ана).

  • Дури и да имаш профил на социјална мрежа, тоа не е гаранција дека никогаш нема да бидеш осамен.

    „Некои луѓе собираат пријатели како што други собираат фигурички. Но, полна соба со фигурички никогаш не направила некој да се чувствува сакано. Ако немаш блиски пријателства, онлајн пријателите ќе ти бидат исто толку бескорисни како и безживотните фигурички“ (Елејн).

  • Дури и постојано да се допишуваш, тоа не е гаранција дека никогаш нема да бидеш осамен.

    „Понекогаш кога си осамен, постојано го проверуваш телефонот за да видиш дали некој од твоите пријатели ти испратил порака. А кога веќе се чувствуваш осамено и видиш дека никој не ти пишал, се чувствуваш уште полошо“ (Селена).

  • Дури и да им помагаш на другите, тоа не е гаранција дека никогаш нема да бидеш осамен.

    „Секогаш се трудам да им помагам на моите пријатели, но забележувам дека тие не се однесуваат со мене на ист начин. Не ми е криво што им помагам, ама малку ми е глупо кога гледам дека тие не се трудат да бидат добри со мене“ (Ричард).

Заклучок: Осаменоста пред сѐ е начин на размислување. „Осаменоста е последица на нашите мисли, а не на нашите околности“, вели една девојка по име Џенет.

Што можеш да направиш ако си осамен и мислиш дека немаш пријатели?

Како да ја победиш осаменоста

Една тинејџерка се бори со ниска самопочит

Зголеми си ја самодовербата.

„Осаменоста може да произлезе од несигурноста. Тешко е да преземаш иницијатива и да стекнуваш пријателства ако имаш чувство дека не вредиш во очите на другите“ (Џенет).

Библијата вели: „Сакај го својот ближен како самиот себе“ (Галатите 5:14). За да стекнеме вистински пријатели, треба да имаме одредена мера самопочит. Се разбира, тоа не треба да премине во себичност и гордост (Галатите 6:3, 4).

Еден тинејџер се самосожалува

Не се самосожалувај.

„Осаменоста е како жив песок. Колку подлабоко тонеш, толку потешко ќе ти биде да излезеш од него. Ако дозволиш осаменоста да ти ги преокупира мислите, толку ќе се сожалуваш себеси што повеќе никој нема да сака да се дружи со тебе“ (Ерин).

Библијата вели: „Љубовта... не ја бара својата корист“ (1. Коринќаните 13:4, 5). Факт е дека кога се фокусираме премногу на себеси, имаме помалку разбирање за другите, а тешко дека некој би сакал таков пријател (2. Коринќаните 12:15). Да бидеме искрени, кога твојот успех го мериш по тоа како другите постапуваат, неуспехот не ти бега! Со изјавите како „мене никој не ми се јавува“ и „мене никој никаде не ме вика“ ја ставаш твојата среќа во рацете на другите. Зарем со тоа не им даваш преголема моќ?

Еден тинејџер одбива да земе цигара

Не прифаќај кого било за пријател.

„Луѓето кои се осамени бараат внимание и може да дојдат до степен кога не им е важно од кого доаѓа тоа внимание. Само имаат потреба да се чувствуваат сакано. Но некои луѓе ќе направат да се чувствуваш сакано, а потоа ќе те искористат. Е дури тогаш ќе се чувствуваш осамено“ (Бријана).

Библијата вели: „Кој оди со мудрите, ќе стане мудар, а кој си има работа со безумни, лошо ќе си помине“ (Изреки 13:20). Некој што умира од глад би јадел речиси што било. На сличен начин, некој што умира од желба за друштво, би можел да падне во замка да стане пријател со кого било. Дури би можел да стане лесна мета на манипулатори и да мисли дека таквите пријателства се нормални и дека не треба да очекува ништо подобро.

Заклучок: Секој понекогаш се чувствува осамено, кој повеќе, кој помалку. И иако осаменоста може да биде ужасно чувство, на крај, сепак е само чувство. Нашите чувства обично се резултат на нашите мисли, а мислите можеме да ги ставиме под контрола.

Освен тоа, биди реален во она што го очекуваш од другите. „Нема секој да ти биде најдобар пријател засекогаш“, вели Џенет, која ја цитиравме претходно, „но ќе најдеш луѓе на кои ќе им бидеш важен, а тоа е доволно. Тоа ќе ти помогне да не бидеш осамен.“

Дополнителна помош: Прочитај ја рамката „Како да го надминеш стравот“.

ШТО ВЕЛАТ НЕКОИ МЛАДИ

Ванеса

„Ако се чувствуваш осамено зборувај со некого за твоите чувства, не ги потиснувај. Голема е веројатноста дека некои што ги познаваш се чувствуваат исто како тебе. Понекогаш за да се чувствуваш подобро сѐ што ти треба е само еден пријател“ (Ванеса).

Тејлор

„Не се секогаш другите криви за твојата осаменост. Понекогаш ти си тој што се оддалечил од другите. Затоа, дај сѐ од себе да обновиш некои пријателства. Ако тоа не успее, пробај да стекнеш нови пријатели, можеби некои со кои претходно не си бил близок“ (Тејлор).

Како да го надминеш стравот

„Една моја пријателка постојано се бори со осаменост. Иако е опкружена со луѓе кои се вистински заинтересирани за неа, таа сепак се чувствува како никој да не ја сака и не ѝ обрнува внимание. Се обидува да изгледа сериозно за да ја прикрие својата ниска самопочит. Мислам дека тоа што се обидува да остави впечаток дека е силна, всушност, ја спречува да стекне пријатели. Луѓето имаат чувство дека е ладна, а тоа ги одбива оние кои не се трудат подобро да ја запознаат.

Освен тоа, се плаши дека ќе биде повредена, па кога некој ќе се потруди да ја запознае, или му припишува лоши мотиви или си мисли дека ништо нема да биде од тоа пријателство. Се чувствува осамено затоа што повеќето луѓе не ја разбираат, но таа не сака да зборува за своите чувства со нив.

Другарка ми треба да сфати дека тоа што отворено ќе комуницира со другите ќе им помогне да се зближат со неа и подобро да ја разберат. Така полесно ќе се спријателат. Се надевам дека, со текот на времето, ќе се чувствува подобро и ќе успее да ги надмине своите стравови“ (Елејн).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели