ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 23 стр. 157-стр. 159 пас. 4
  • Да се разјасни практичната вредност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се разјасни практичната вредност
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Информативно за публиката
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Вовед што побудува интерес
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Подготвување говори за собранието
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Подготвување предавања за јавност
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 23 стр. 157-стр. 159 пас. 4

СТУДИЈА 23

Да се разјасни практичната вредност

Што треба да правиш?

Помогни им на присутните да увидат како твојата тема влијае врз нивниот живот или како можат да ја употребат на корисен начин.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Ако не ја увидат практичната вредност на она што им го кажуваш, луѓето можат да ти кажат дека не се заинтересирани, или можат умствено да се исклучат, дозволувајќи мислите да им лутаат.

СЕЕДНО дали зборуваш со некој поединец или пред поголема публика, не е мудро да претпоставуваш дека твојот(-ите) слушател(-и) ќе биде(-ат) заинтересиран(-и) за темата само затоа што ти си заинтересиран. Твојата порака е важна, но ако не успееш да ја разјасниш нејзината практична вредност, веројатно нема многу долго да го задржиш интересот на публиката.

Ова е случај дури и со присутните во Салата на Царството. Кога ќе употребиш некоја илустрација или некое искуство што порано не го чуле, можеби умствено ќе се вклучат. Но, можат да се исклучат кога зборуваш за работи што веќе ги знаат, особено ако не надоградуваш на тие работи. Треба да им помогнеш да увидат зошто и како она што го кажуваш е од вистинска корист за нив.

Библијата нѐ охрабрува да размислуваме практично (Посл. 3:21, NW). Јехова го употребил Јован Крстител за да ги упати луѓето кон „практичната мудрост на праведните“ (Лука 1:17). Оваа мудрост е вкоренета во здравиот страв од Јехова (Псал. 111:10). Оние што ја ценат оваа мудрост добиваат помош успешно да излезат на крај со животот уште сега и да го зграпчат вистинскиот живот, вечниот живот што ќе дојде (1. Тим. 4:8; 6:19).

Направи го говорот практичен. За твојот говор да биде практичен, мораш внимателно да размислиш не само за материјалот туку и за слушателите. Немој да размислуваш за нив само како за група. Таа група е составена од поединци и семејства. Можеби има лица кои се многу млади, исто така можеби има тинејџери, возрасни и некои постари. Може да има новозаинтересирани, како и лица што почнале да му служат на Јехова уште пред да се родиш. Некои можеби се духовно зрели; други можеби сѐ уште се под силно влијание на извесни ставови и практики од светот. Запрашај се: ,Како може материјалот за кој ќе дискутирам да им користи на присутните? Како да им помогнам да сфатат за што се работи?‘ Можеби ќе одлучиш да обрнеш поголемо внимание само на една или две од групите спомнати овде. Меѓутоа, немој сосема да ги заборавиш другите.

Што ако ти е доделено да дискутираш за некое основно библиско учење? Како да го направиш таквиот говор корисен за слушатели што веќе веруваат во тоа учење? Настојувај да ја зајакнеш нивната увереност во него. Како? Така, што ќе резонираш на темел на библиските докази што го поддржуваат. Можеш исто така да го продлабочиш нивното ценење за тоа библиско учење. Ова би можел да го сториш на тој начин што ќе покажеш како учењето е во согласност со другите библиски вистини и со Јеховината сопствена личност. Користи примери — ако е можно вистинити искуства — кои покажуваат како разбирањето на тоа учење им користело на луѓето и влијаело врз нивното гледиште за иднината.

Немој да ја ограничуваш практичната примена само на неколку кратки забелешки во заклучокот на твојот говор. Уште од самиот почеток, секој од публиката треба да си рече: „Ова важи и за мене“. Откако си поставил таков темел, продолжи да ја објаснуваш практичната примена додека ја развиваш секоја главна точка во главниот дел од говорот, како и во заклучокот.

Кога ја објаснуваш примената, гледај тоа да биде на начин што е во согласност со библиските начела. Што значи тоа? Тоа значи да биде на љубезен начин и да покаже соживување (1. Петр. 3:8; 1. Јов. 4:8). Дури и тогаш кога се справувал со тешки проблеми во Солун, апостол Павле си поставил за задача да ги истакне позитивните аспекти на духовниот напредок на своите тамошни христијански браќа и сестри. Исто така, тој изразил доверба дека, во однос на работата за која тогаш дискутирал, тие ќе сакаат да постапат исправно (1. Сол. 4:1-12). Каков само убав пример за имитирање!

Дали целта на твојот говор е да поттикнеш на учество во делото на проповедање и поучување на другите за добрата вест? Изгради одушевеност и ценење за таа предност. Меѓутоа, задржи притоа на ум дека се разликува степенот до кој поединци се во состојба да учествуваат во него и дека Библијата го зема тоа предвид (Мат. 13:23). Не оптоварувај ги своите браќа со чувства на вина. Во Евреите 10:24 сме охрабрени да „се поттикнуваме кон љубов и кон извонредни дела“. Ако се поттикнуваме кон љубов, ќе произлегуваат дела од добар мотив. Наместо да настојуваме да им диктираме повинување, да бидеме свесни дека Јехова сака да унапредуваме „послушност со помош на верата“ (Рим. 16:26). Имајќи го ова на ум, настојуваме да ја зајакнеме верата — и сопствената и верата на браќата.

Помогни им на другите да ја сфатат поентата. Кога им сведочиш на другите, не пропуштај да ја истакнеш практичната вредност на добрата вест. Тоа бара да земеш предвид за што размислуваат и се грижат луѓето на твоето подрачје. Како да откриеш? Слушај ги вестите на радио или на телевизија. Погледни ја насловната страница на некој весник. Исто така, настојувај да ги воведеш луѓето во разговор и слушај додека зборуваат. Можеби ќе откриеш дека се борат со итни проблеми — губење на работното место, плаќање кирија, болест, смрт на член на семејството, опасност од криминал, неправда од некој што има авторитет, распаѓање на бракот, држење на децата под контрола итн. Може ли Библијата да им помогне? Апсолутно.

Кога започнуваш разговор, веројатно ќе имаш на ум некоја тема. Меѓутоа, ако лицето покаже дека од непосреден личен интерес му е некое друго спорно прашање, не колебај се, наместо тоа, да дискутирате за тоа прашање, доколку си во состојба или, пак, предложи му да навратиш со некои корисни информации. Се разбира, ние избегнуваме да ,се мешаме во она што не нѐ засега‘, а радо ги споделуваме со другите практичните совети што ги нуди Библијата (2. Сол. 3:11). Очигледно, најголем впечаток врз луѓето ќе остават библиските совети што имаат врска со нивниот личен живот.

Доколку не можат да увидат како нашата порака се однесува на нив лично, луѓето можат брзо да го завршат разговорот. Макар и да ни дозволат да зборуваме, пропустот да им ја покажеме практичната вредност на темата може да значи дека нашата порака ќе има многу мал ефект врз нивниот живот. И спротивно на тоа, ако ја разјасниме практичната вредност на пораката, нашата дискусија може да претставува пресвртница во животот на луѓето.

Кога водиш библиски студии, продолжи да ја истакнуваш практичната примена (Посл. 4:7). Помогни им на студентите да ги разберат библиските совети, начела и примери, кои им покажуваат како да одат по Јеховините патишта. Нагласи кои користи произлегуваат од тоа (Иса. 48:17, 18). Ова ќе ги поттикне студентите да ги прават потребните промени во животот. Изгради во нив љубов кон Јехова и желба да му угодат, и нека мотивацијата да ги применат советите од Божјата реч им доаѓа однатре.

КАКО СЕ ПРАВИ ТОА

  • Кога се подготвуваш за говор, размислувај не само за материјалот туку и за присутните. Изнеси го на начин што навистина ќе им користи.

  • Практичната примена не треба да биде резервирана за заклучокот. Треба да биде очигледна низ целиот твој говор.

  • Кога се подготвуваш да дадеш сведоштво, земи предвид за што размислуваат луѓето на твоето подрачје.

  • Кога сведочиш, вистински слушај го другиот и приспособи ја својата презентација кон тоа.

ВЕЖБА: Разгледај некои изданија на Наша служба за Царството, кои ти се достапни, и избери една до две презентации за кои сметаш дека се особено практични за твоето подрачје. Испробај ги во службата на теренот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели