ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 26 стр. 170-стр. 173 пас. 5
  • Логичен развој на материјалот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Логичен развој на материјалот
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Правење нацрт
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Да се истакнат главните точки
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Користење на доделениот материјал
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Да се нагласат главните мисли
    Посвети се на читањето и поучувањето
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 26 стр. 170-стр. 173 пас. 5

СТУДИЈА 26

Логичен развој на материјалот

Што треба да правиш?

Материјалот среди го на таков начин што ќе биде јасно како се идеите поврзани една со друга, како и со заклучоците што ги извлекуваш или со целта што се обидуваш да ја постигнеш.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Кога информациите се презентираат на логичен начин, на публиката ѝ е полесно да ги разбере, да ги прифати и да ги запомни.

ПРЕД да го организираш материјалот на логичен начин, треба да имаш на ум извесна цел. Дали имаш за цел само да ги информираш другите за одреден предмет — верување, став, особина, вид на однесување или начин на живот? Дали се надеваш дека ќе докажеш или побиеш некоја идеја? Дали имаш за цел да изградиш ценење за нешто или да мотивираш на акција? Сеедно дали ќе го презентираш материјалот пред некој поединец или пред поголема публика, за да го сториш тоа делотворно, треба да размислиш што знаат за тој предмет и каков став имаат кон него. Откако ќе го направиш тоа, материјалот изложи го на таков начин што ќе ти биде од помош да ја постигнеш целта.

Во врска со службата на Савле (Павле) во Дамаск, во Дела 9:22 се известува дека тој ,предизвикувал збунетост кај Евреите кои живееле во Дамаск, логички докажувајќи дека овој е Христос‘. Што вклучувал тој логичен доказ? Како што наведува записот за подоцнежната служба на Павле во Антиохија и во Солун, тој најпрвин градел врз фактот дека Евреите ги прифаќале Хебрејските списи и исповедувале вера во она што стоело во нив за Месијата. Потоа, од тие Списи Павле избрал делови што се занимавале со животот и службата на Месијата. Ги цитирал и ги споредил со она што се случило во врска со Исус. На крајот, извлекол очигледен заклучок, имено, дека Исус е Христос, односно Месијата (Дела 13:16-41; 17:2, 3). Ако и ти ја презентираш библиската вистина на логичен начин, можеш да влијаеш убедливо на другите.

Организирање на презентацијата. Материјалот може да се уреди на различни логични начини. Ако ти одговара, можеш да комбинираш и неколку методи. Разгледај неколку можности.

Ред според тематските целини. Ова вклучува да го организираш материјалот во делови и секој од нив да придонесува за твојата цел. Деловите можат да бидат главни точки што се важни за разбирање на твојот предмет. Тоа можат да бидат одделни аргументи што докажуваат или побиваат нешто. Извесни точки, иако се поврзани со предметот, можат да се додадат или да се избришат, зависно од публиката или од твојата цел.

Разгледај еден пример за ред според тематските целини. Една кратка презентација во врска со Божјето име би можела да вклучува: 1) зошто е важно да се знае Бог по име, 2) кое е Божјето име и 3) како можеме да му искажеме чест на тоа име.

Во врска со редот на материјалот според тематски целини можеме многу да научиме ако ги анализираме публикациите што „верниот и разборит роб“ ги предвидел за користење на домашните библиски студии (Мат. 24:45). Овие публикации обично вклучуваат неколку предмети, односно тематски целини, кои можат да им помогнат на студентите да добијат еден општ преглед на основните библиски вистини. Секое поглавје од поголемите публикации е поделено на поднаслови. Секоја тематска целина го подготвува студентот за материјалот што следи и придонесува за севкупната слика.

Причина и последица. Резонирањето од причината до последицата е една друга метода да се презентираат информациите на логичен начин.

Ако зборуваш пред група или пред поединци кои треба повнимателно да размислат за исходот на нешто што прават или што планираат да направат, овој пристап би можел да биде делотворен. Одличен пример за тоа се наоѓа во Пословици 7. поглавје. Таму живо се опишува како еден „неразумен“, неискусен младич (причина) се заплеткува со една проститутка и претрпува горки резултати (последица) (Посл. 7:7).

За нагласувањето да биде уште појако, би можел да направиш контраст меѓу лошите резултати што ги доживуваат оние што не одат по Јеховините патишта и добрите резултати што ги доживуваат оние што го слушаат Јехова. Поттикнат од Јеховиниот дух, Мојсеј направил таков контраст кога зборувал пред припадниците на нацијата Израел пред да влезат во Ветената земја (Втор., 28. поглавје).

Во некои случаи, подобро е да ја започнеш дискусијата на тој начин што ќе ја изнесеш ситуацијата (последицата), а потоа ќе презентираш докази кои укажуваат на факторите што придонесуваат за неа (причината). Ова честопати ја вклучува методата на проблем и решение.

Проблем и решение. Во службата на теренот, кога дискутираш за некој проблем што е од интерес за луѓето и покажуваш дека постои задоволувачко решение, лицето може да се охрабри да слуша. Проблемот може да биде нешто што ти го поставуваш или нешто што го изнесува другиот.

Таков проблем може да биде фактот дека луѓето стареат и умираат, распространетоста на криминалот или постоењето на неправдата што ја има насекаде. Не е потребна некоја опширна дискусија за да покажеш дека таков проблем постои, бидејќи тој е очигледен. Започни со тоа што ќе укажеш на проблемот, а потоа презентирај го решението што го изложува Библијата.

Од друга страна, пак, проблемот може да биде сосема личен, да ги вклучува предизвиците со кои се соочува еден самохран родител, обесхрабрувањето поради некоја сериозна болест или тешкотијата што еден човек ја доживува поради нељубезното постапување од страна на некој друг. За да постигнеш најголемо добро, првин мораш да бидеш добар слушател. Библијата дава вредни информации за сите овие проблеми. Но, треба да ја користиме проникливо. За твојата дискусија вистински да му користи на другиот, треба да бидеш реалистичен. Јасно дај до знаење дали дискутираш за некое трајно решение, за краткотрајно олеснување или едноставно за тоа како да се излезе на крај со ситуација која нема да се смени во овој систем на работи. Со други зборови, погрижи се библиското резонирање што го нудиш да биде доволно за да го поддржи заклучокот што го извлекуваш од него. Инаку, решението на кое укажуваш можеби воопшто нема да му изгледа логично на другиот.

Хронолошки редослед. Одреден материјал најприродно одговара да се презентира по временскиот редослед. На пример, во книгата Излез, Десетте неволји се изнесени по редоследот по кој се случиле. Во Евреите 11. поглавје, набројувањето на апостол Павле на мажи и жени со примерна вера следи еден хронолошки образец.

Ако раскажуваш настани од минатото по хронолошки редослед, можеш да ѝ помогнеш на публиката да разбере како дошло до извесни околности. Ова важи за современата историја, како и за настаните од библиски времиња. На тој начин можеш да го комбинираш хронолошкиот редослед со резонирањето причина—последица. Ако планираш да ги изложиш настаните за кои Библијата вели дека ќе се случат во иднина, веројатно хронолошкото презентирање ќе ѝ биде најлесно на твојата публика за да следи и да ги запомни.

Користењето хронолошки пристап не значи дека секогаш мораш да појдеш од почетокот. Во некои случаи, може да биде поделотворно да воведеш некој расказ со некој драматичен момент од приказната. На пример, кога раскажуваш искуство, можеш да избереш да зборуваш за некој настан кога бил ставен на испит нечиј интегритет кон Бог. Откако си побудил интерес со тој дел од расказот, би можел да ги наведеш по хронолошки редослед деталите што воделе до него.

Користење само битен материјал. Сеедно како ќе го организираш материјалот, внимавај да го користиш само она што е битно. Темата на говорот треба да влијае врз твојот избор. Треба да го земеш предвид и составот на публиката. За еден вид публика една точка може да биде многу важна, додека за друга група — излишна. Исто така, мораш да бидеш сигурен дека целиот твој материјал ќе придонесе да ја постигнеш целта. Во спротивно, твојата презентација, иако можеби е интересна, може да ја изгуби делотворноста.

Кога истражуваш, можеби ќе најдеш доста интересен материјал што е поврзан со твојот предмет. Колку да употребиш? Ако ја преплавиш публиката со премногу материјал, може да ти пропадне намерата. Полесно ќе се запомнат неколку главни идеи што се добро развиени отколку мноштво идеи презентирани на брзометен начин. Ова не значи дека никогаш не треба да внесуваш некои интересни споредни информации. Но, не дозволувај тие да ти ја засенат целта. Забележи како тие детали се разборито вклучени во Библијата во Марко 7:3, 4 и во Јован 4:1-3, 7-9.

Додека преминуваш од една точка на друга, внимавај да не го правиш тоа толку нагло што публиката ќе го изгуби текот на мислата. За да можат идеите да дејствуваат заедно на делотворен начин, можеби ќе треба да направиш мост од една идеја до друга. Мостот може да биде дел-реченица или цела реченица што ја покажува врската меѓу идеите. Во многу јазици можат да се користат едноставни сврзувачки зборови или фрази за да се покаже врската меѓу некоја нова идеја и она што стои пред неа.

Ако користиш само битен материјал и го средиш по логичен редослед, ќе ја постигнеш целта.

ЗАПРАШАЈ СЕ . . .

  • Каква е мојата цел?

  • Дали секоја главна точка е јасно поврзана со таа цел?

  • Дали при изборот на материјал сум ги зел предвид потребите на публиката?

  • Дали материјалот сум го уредил на таков начин што ќе ги води умовите на моите слушатели од една мисла до друга без јазови што не ќе можат лесно да се премостат?

ВЕЖБА: Откако си ја прочитал оваа лекција, повтори го материјалот со умерено темпо, раскажувајќи си ја суштината на секој пасус. Забележи како секој пасус придонесува за постигнување на целта што ја има целата лекција.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели