ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/2 стр. 3-4
  • Зошто недостига интерес за религијата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто недостига интерес за религијата?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Шинтоизам — потрагата на Јапонците по Бог
    Потрагата на човештвото по Бог
  • Зошто религијата треба да се сфати сериозно?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Зошто да се биде заинтересиран за другите религии?
    Потрагата на човештвото по Бог
  • Дали која и да било религија е доволно добра?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/2 стр. 3-4

Зошто недостига интерес за религијата?

”ЧОВЕК без религија е како куќа без прозорци.“ Вака еден Јапонец ја изразил потребата за религиозното просветување на својот син Мицуо. Но, Мицуо не ги сфаќал сериозно зборовите на татка си. А сѐ поголемиот број луѓе во Јапонија, како и на други места, се чини дека го чувствуваат истото. Се задоволуваат да бидат ”куќи без прозорци“ без ни малку да се заинтересираат религиозната светлина да засветли во нивниот живот.

Затоа, кога во Јапонија била спроведена анкета за националниот карактер, 69 проценти од граѓаните се изјаснале дека не се религиозни. Меѓу младите, стапката била уште повисока. Слично, и во некогаш побожната будистичка држава Тајланд, 75 проценти од оние кои живеат во градските предели повеќе не ги посетуваат будистичките храмови. Во Англија скоро една осмина од англиканските цркви биле затворени во последните 30 години поради неупотреба.

Сепак, во Јапонија религиозната помпезност е сѐ уште видлива. Но како скапоцен порцелан ја изнесуваат само на ретки прилики — како што се свадби и погреби. Религијата повеќе се цени заради улогата што ја има во зачувувањето на културата и семејното наследство и обичаи отколку за духовно просветување. Многумина гледаат на религијата како на лажно прибежиште за слабите и оние кои имаат неволји; не можат да видат други видливи користи од неа. ”Религијата е во ред ако имаш време и ако чувствуваш потреба за тоа“, велат некои, ”но мораш да веруваш во себе за да заработиш за живот и да ги плаќаш сметките.“

Што се крие зад оваа рамнодушност? Можат да се набројат неколку причини. Прво, тука е опшествената средина. Многу младинци добиле или малку или никакво религиозно воспитување. Затоа не е ни малку чудно што многумина од оние кои живеат во општество каде им се придава високо место на материјалните работи, се создаваат материјалистички настроени возрасни луѓе.

Во некои земји, скандалозното однесување на лакомите и неморални ТВ проповедници и други истакнати верски водачи одвратило многу луѓе од религијата, како и мешањето на религијата во политичките и воените работи. Тоа е илустрирано со она што ѝ се случило на шинто религијата во Јапонија. ”По неуспешното завршување на војната [Втората Светска Војна] во август 1945, шинтоистичките храмови се соочија со тешка криза“, пишува во Encyclopædia of the Japanese Religions. Шинтоизмот, којшто ја подржувал горливоста за војната и ветувал победа, ги разочарал луѓето. Филозофијата дека не постои Бог или Буда, брзо се раширила.

Меѓутоа, дали навистина треба да бидеме задоволни со себични и ограничени сфаќања — поврзани со овде и сега? Повеќето луѓе имаат љубопитен дух. Тие би сакале да знаат од каде дошле, каде одат, зошто живеат, и како да живеат. Тие се надеваат. Не е доволно прашањата поврзани со животот да се игнорираат или потиснуваат со помислата дека ”овие работи се неспознатливи.“ Дури и атеистот Бертранд Расел зборувал за ”необична дива болка — потрага по нешто повеќе од она што го содржи светот“. Вистинската религија би можела да значи крај на таа потрага. Но како? Кој доказ постои дека било која религија заслужува да се сфати така сериозно?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели