Присуствувај на Обласниот конгрес ”Љубители на слободата“!
ВЕ очекуваат три корисни дена на библиски поуки. Бидете присутни во петок наутро во 10.20, кога конгресот започнува со музички увод. Радувајте му се на почетниот говор ”Зошто треба да провидиме во совршениот закон на слободата?“ и во заклучниот дел од утринската програма, клучното предавање: ”Целта и користењето на слободата што ни ја доделил Бог“.
Во петок попладне, на христијаните ќе им биде даден совет како да ја исполнат својата задача како Божји слуги. ”Вработени — во мртви дела или во Јеховината служба?“ и ”Слободен, но одговорен народ“ се две од темите кои ќе се развијат. Охрабрувањето да се искористи слободата за служба на Јехова, ќе биде пружено во драмата со костими. Таа ќе се темели на доживувањата на Езра и неговите другари кои се вратиле од Вавилон во Ерусалим 468 п. н. е. да го разубават Божјиот храм.
Претпладневната програма во сабота ќе содржи троделна серија предавања ”Слобода со одговорност во семејниот круг“. Ќе следи исцрпен говор за христијанското предание и крштение ”Биди секогаш слободен за служба на Јехова“. Попладне, многумина желно ќе го очекуваат делот ”Дали бракот е клуч за среќата?“ Програмата ќе заврши со кулминација која несомнено ќе им донесе голема радост на сите љубители на слободата.
Ќе сакате да бидете присутни во недела наутро за да ја слушнете троделната серија предавања, ”Да се служи како рибари на луѓе“. Ќе се разгледува Исусовата споредба за мрежата и рибите и како можеме ние да имаме удел во нејзиното исполнување. Претпладневната програма ќе заврши со важните говори, ”Да се остане буден во ’времето на крајот‘“ и ”Кој ќе го избегне ’времето на неволјата‘?“ Нема да сакате да го испуштите попладневното јавно предавање, ”Да го поздравиме Божјиот нов свет на слободата“. Пред возбудливиот завршен говор, ќе биде разгледувањето на студиската статија од Стражарска кула за таа седмица. Донесете го својот личен примерок на списанието коешто се студира таа седмица.
Во текот на јуни, јули и август само во САД се предвидени преку 140 конгреси, па на некои тоа ќе им биде близу до нивниот дом. Информирајте се кај месните Јеховини сведоци времето и местото на одржување на најблискиот конгрес. Во Југославија ќе се одржи специјален конгрес во Загреб од 16-18. август 1991.