ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/1 стр. 23
  • „Словото Божјо растеше“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Словото Божјо растеше“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Сличен материјал
  • „Бог не е пристрасен“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Добри дела кои го слават Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Решени да му служат на Јехова!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Исусовите овци го слушаат неговиот глас
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/1 стр. 23

Објавителите на Царството известуваат

„Словото Божјо растеше“

ОТКАКО било формирано, христијанското собрание за неколку часови пораснало од околу 120 на преку 3.000 членови (Дела 1:16; 2:41). Библијата објаснува дека ‚словото Божјо растело, и бројот на учениците во Ерусалим [многу, НС] се зголемувал‘ (Дела 6:7). За само неколку години, новоформираното собрание станало интерконтинентална организација со христијани од Азија, Африка и Европа.

Христијанското собрание и денес на сличен начин доживува брз пораст. На пример, во Мексико бројот на објавители на Царството за само пет години порасна на 443.640 — за повеќе од 130.000! Во 1995 година, секој 59-ти жител на Мексико присуствуваше на Споменот на Христовата смрт, што го прославуваа Јеховините сведоци. Сепак, духовната жетва во оваа земја сѐ уште не е завршена, како што покажува и следново искуство (Матеј 9:37, 38).

Во еден град во државата Чиапас, никој не прифатил домашна библиска студија со Јеховините сведоци, иако тие околу 20 години ја проповедале добрата вест во тоа подрачје. Очигледно, многумина од граѓаните биле заплашени од еден човек кој бил на лош глас како насилен. Се плашеле од неговата реакција доколку дознае дека ја проучуваат Библијата со Сведоците.

Двајца храбри Сведоци кои се преселиле во тоа подрачје, решиле да се фатат во костец со проблемот така што отишле директно кај дотичниот човек. Кога стигнале до неговиот дом, им отворила неговата сопруга која внимателно ја сослушала нивната порака. Покажала особен интерес за она што го вели Библијата за животот во рај на Земјата. Но, признала дека нејзиниот сопруг ќе ѝ ги отежне работите ако таа ја проучува Библијата. Сведоците ѝ објасниле дека доколку таа грижливо не испита што вели Библијата, нема никогаш да научи како да му служи на Бог и како засекогаш да му се радува на животот на Земјата. Жената прифатила библиска студија.

Како што и се очекувало, нејзиниот сопруг не бил задоволен со нејзината одлука. Ѝ забранил да го користи нејзиниот автомобил за да присуствува на христијанските состаноци, иако ѝ било дозволено да го користи за други цели. И покрај противењето, таа редовно пешачела до најблиската Сала на Царството на Јеховините сведоци, која била оддалечена 10 километри. Наскоро, другите во градот ја забележале нејзината храброст и решителност. Луѓето почнале да слушаат кога Сведоците ги посетувале нивните домови. Некои дури почнале да ја придружуваат жената на состаноците. По кратко време, Сведоците воделе околу 20 библиски студии во тој град!

Една пријателка на оваа жена, исто така, решила да ја проучува Библијата, и покрај противењето на својот сопруг. Изненадувачки е тоа што била охрабрена на ова од сопругот на првата жена. Откако тој разговарал со нејзиниот сопруг, противењето престанало. И така, после 20 години, семето на библиската вистина најпосле никнало, со повеќе од 15 лица кои ја проучуваат Библијата и кои присуствуваат на христијанските состаноци, сметајќи ги и овие две жени кои сега ја објавуваат добрата вест.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели