ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/9 стр. 29
  • Помош за „жедните“ во Русија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Помош за „жедните“ во Русија
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Сличен материјал
  • Добри дела кои го слават Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • „Од устата на младенците“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Исусовите овци го слушаат неговиот глас
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • „Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/9 стр. 29

Објавителите на Царството известуваат

Помош за „жедните“ во Русија

„БЛАЖЕНИ се гладните и жедните за правда, оти тие ќе се наситат“, рекол Исус (Матеј 5:6). Следниве искуства илустрираат како Јеховините сведоци помагаат да се задоволи духовната жед на многумина во Русија, каде што верската исповед била ограничена преку 70 години.

▪ Една жена по име Валентина имала сериозни библиски прашања што останале неодговорени многу години. На пример, се прашувала: ‚Кому му се молел Исус?‘ Таа расудувала дека Исус морало да се молел на некој повисок од него и се прашувала за името на тој Некој.

Ја посетила Руската православна црква. Меѓутоа, во таа религија не ги нашла одговорите на своите прашања. Незадоволна, отишла во една протестантска црква, но повторно не нашла јасни одговори. Не знаејќи каде да оди на друго место, Валентина почнала да ја чита Библијата, обидувајќи се самата да најде одговори — но безуспешно. Се молела за помош.

После некое време, на нејзината врата тропнале Јеховини сведоци. Тие ѝ покажале во Библијата дека Божјето име е Јехова. Конечно, научила кому му се молел Исус! Почнала редовно да ја проучува Библијата со Сведоците. Честопати останувала по цела ноќ читајќи ја литературата издадена од Watch Tower Society и барајќи ги библиските стихови. Наскоро Валентина дошла до заклучок дека ја нашла вистината. После три месеци почнала да учествува во делото на проповедање, а два месеца подоцна, се крстила. Нејзината побожна потрага по вистината била наградена.

▪ Еден Сведок патувал со автобус за да проповеда во едно оддалечено подрачје. Во текот на патувањето разговарал со некоја млада жена во врска со библиските ветувања, но младата жена не била заинтересирана. По два месеца, Сведокот повторно патувал во истото подрачје за да одржи јавно предавање. После предавањето му пристапил на еден посетител и го запрашал: „Дали некој веќе Ви зборувал за добрата вест од Библијата?“ Човекот одговорил: „Да, Вие“. Сведокот помислил дека се шегува. Но, младиот човек објаснил дека два месеца пред тоа, во текот на патувањето во автобусот тој го слушал разговорот помеѓу Сведокот и младата жена. „Сакав да дознаам нешто повеќе, но вие слеговте од автобусот и помислив дека никогаш повторно нема да ги видам Јеховините сведоци. Потоа на моето работно место запознав еден човек кој ја проучува Библијата со Сведоците. И така, јас сум тука!“

Човекот и неговата сопруга почнале да ја проучуваат Библијата. За многу кратко време тој можел да види дека неговото вработување било во судир со библиските начела. Сакајќи да задржи чиста совест пред Бог, го променил своето занимање. Сега тој им кажува на другите за Божјето Царство во секоја прилика. И неговата сопруга напредува во својата студија на Библијата.

Јеховините сведоци во пространото подрачје на Русија се радосни што и тие можат да им кажуваат на сите искрени луѓе: „,Дојди!‘ И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум“ (Откровение 22:17).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели