ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/3 стр. 26-28
  • Можеш да ја победиш осаменоста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можеш да ја победиш осаменоста
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Потпри се на Јехова
  • „Носете ги бремињата еден на друг“
  • „Секој ќе го носи својот сопствен товар“
  • Како да се соочите со осаменоста
    Разбудете се! 2004
  • Не дозволувај осаменоста да ти го уништи животот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Зошто има толку многу осамени луѓе?
    Разбудете се! 2004
  • Осаменост — да се препознаат причините
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/3 стр. 26-28

Можеш да ја победиш осаменоста

„Ветрот дува над осаменото срце, и осаменото срце венее.“ Како што илустрираат овие зборови на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс, осаменоста може да предизвика пустош што го кине срцето.

КОЈ може да тврди дека никогаш не ја доживеал болката што ја предизвикува осаменоста? Многу фактори можат да бидат причина да се чувствуваме осамено. Но, особено силна може да биде осаменоста кај жените што никогаш не се омажиле или кај оние што се вдовици или разведени.

На пример, една млада христијанка по име Френсис раскажува: „Кога наполнив 23 години, се чинеше дека сите мои пријателки се омажија, и јас останав сама“.a Како што одминуваат годините и како што изгледите за брак стануваат сѐ поограничени, чувството на изолираност може да порасне. „Никогаш немав намера да останам немажена, и сѐ уште би сакала да се омажам, ако се јави прилика“, признава Сандра, која сега е во доцните 40-ти години. Анџела, која е во своите 50-ти години, истакнува: „Свесно не сум донела одлука да останам немажена, но така испадна. Во подрачјето каде што бев доделена како специјален пионер имаше многу малку неженети браќа“.

Пофално е тоа што многу христијанки избрале да не се омажат затоа што лојално внимавале на Јеховиниот совет да се мажат „само во Господ“ (1. Коринќаните 7:39). Некои добро се приспособуваат на самештвото, но кај други желбата да се омажат и да имаат деца со годините расте. „Емоционалната празнина, што настана поради тоа што немам брачен партнер, е мој постојан придружник“, признава Сандра.

Други фактори, како што е грижата за остарените родители, можат да го засилат чувството на осаменост. „Затоа што не сум мажена, семејството очекуваше јас да се грижам за нашите остарени родители“, вели Сандра. „Цели 20 години главно јас ја имав оваа одговорност, иако сме шест браќа и сестри. Животот ќе ми беше многу полесен да имав сопруг кој ќе ги поддржуваше моите интереси.“

Френсис спомнува и еден друг елемент што ја зголемува нејзината осаменост. Таа раскажува: „Понекогаш луѓето директно ме прашуваат: ‚Зошто не си се омажила?‘ Таквиот коментар ме тера да се чувствувам некако виновна заради тоа што сум немажена. Речиси на секоја свадба каде што одам, некој ми го поставува непријатното прашање: ‚Ајде, кога ти ќе се мажиш?‘ И почнувам да размислувам: ‚Ако духовно настроените браќа не се заинтересирани за мене, можеби ги немам потребните христијански особини или можеби едноставно не сум убава‘“.

Како можат да се совладаат чувствата на изолација и осаменост? Што, ако воопшто постои нешто, можат да сторат другите за да помогнат?

Потпри се на Јехова

Псалмистот пеел: „Довери Му ја на Господа својата грижа [бреме, NW] и Тој ќе те поткрепи: не ќе остави никогаш да се сопне праведникот“ (Псалм 55:22). Зборот „бреме“ во хебрејскиот текст буквално значи „дел“, и укажува на неволјите и на тегобните грижи што можеби ги имаме поради нашата ситуација во животот. Јехова е посвесен за овие бремиња од кој и да е друг и може да ни даде сила да се справиме со нив. Потпирањето на Јехова Бог е тоа што ѝ помогнало на Анџела да излезе на крај со чувството на осаменост. Укажувајќи на својата полновремена служба, таа раскажува: „Кога почнав да пионерам, мојата партнерка и јас живеевме доста далеку од најблиското собрание. Научивме потполно да се потпираме на Јехова, и таа доверба ми помага во целиот мој живот. Кога имам негативни мисли, разговарам со Јехова и тој ми помага. Псалм 23 секогаш ми е голема утеха, и често го читам“.

Апостол Павле носел едно бреме вредно за внимание. Најмалку во три прилики ‚го молел Господ да му го отстрани трнот од телото‘. На Павле не му било помогнато на некој чудесен начин, но добил ветување дека Божјата незаслужена љубезност ќе го поддржува (2. Коринќаните 12:7—9). Исто така, Павле ја открил тајната како да биде задоволен. Подоцна напишал: „Во сѐ и во сите околности ја научив тајната и како да бидам сит и како да гладувам, и како да имам изобилство и како да трпам оскудица. За сѐ имам сила со помош на оној кој ми дава моќ“ (Филипјаните 4:12, 13).

Како може некој да црпи Божја сила кога се чувствува обесхрабрен или осамен? Павле напишал: „Не бидете тегобно загрижени за ништо, туку во сѐ со молитва и преколнување заедно со благодарење објавете му ги своите молби на Бог; и мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашите умствени сили преку Христос Исус“ (Филипјаните 4:6, 7). Сандра го применува овој совет. Таа објаснува: „Како немажена, многу време сум сама. Ова ми дава изобилство прилики да му се молам на Јехова. Се чувствувам многу блиска со него и можам слободно да му кажам за моите проблеми и радости“. А Френсис вели: „Тоа што сама се борам со негативните мисли е една исцрпувачка битка. Но, тоа што отворено му ги излевам чувствата на Јехова многу ми помага. Уверена сум дека Јехова е заинтересиран за сѐ што би можело да влијае врз мојата духовна и емоционална благосостојба“ (1. Тимотеј 5:5).

„Носете ги бремињата еден на друг“

Во кругот на христијанското братство, бремињата не мораме да ги носиме сами. „Носете ги бремињата еден на друг, и така исполнете го законот на Христос“, поттикнал апостол Павле (Галатите 6:2). Преку нашето дружење со сохристијаните, можеме да добиеме ‚добар збор‘ на охрабрување што може да ни го олесни товарот на осаменоста (Пословици 12:25).

Размисли и за она што го вели Писмото за ќерката на израелскиот судија Јефтај. Пред својата победа над непријателските амонски сили, Јефтај се заветувал дека ќе му го даде на Јехова првиот од неговото домаќинство што ќе излезе да му честита. Се погодило тоа да биде ќерка му (Судии 11:30, 31, 34—36). Иако ова значело дека таа треба да остане немажена и да се откаже од својата нормална намера да има семејство, ќерката на Јефтај спремно се подложила на овој завет и во останатиот дел од животот служела во светилиштето во Сило. Дали нејзината жртва поминала незабележано? Напротив: ‚Секоја година Израелевите ќерки одеа и ја оплакуваа [ѝ даваа пофалба на, NW] ќерката на Галадецот Јефтај, четири дена во годината‘ (Судии 11:40). Да, пофалбата може да ги охрабри оние што ја добиваат. Затоа, да не пропуштаме да ги пофалуваме оние што го заслужуваат тоа.

Би било добро да го разгледаме и примерот на Исус. Иако не било еврејски обичај мажите да разговараат со жени, Исус поминувал време со Марија и Марта. Веројатно тие биле вдовици или немажени. Исус сакал тие двете да ги уживаат духовните користи од неговото пријателство (Лука 10:38—42). Можеме да го имитираме Исусовиот пример на тој начин што на друштвените собири ќе ги вклучиме и немажените духовни сестри и ќе се договараме со нив да одиме во делото на проповедање (Римјаните 12:13). Дали тие го ценат таквото внимание? Една сестра рекла: „Знам дека браќата ме сакаат и ме ценат, но благодарна сум кога покажуваат поголем личен интерес за мене“.

„Со оглед на тоа што ние немаме некој свој“, објаснува Сандра, „имаме поголема потреба да бидеме сакани, да се чувствуваме дел од семејството на духовни браќа и сестри.“ Очигледно Јехова се грижи за таквите, а ние, кога правиме тие да се чувствуваат потребни и сакани, всушност соработуваме со него (1. Петрово 5:6, 7). Таквата грижа нема да помине незабележано, зашто „на Господ му позајмува кој е милостив кон бедниот, и Тој [Јехова Бог] ќе му го плати добротворството“ (Пословици 19:17).

„Секој ќе го носи својот сопствен товар“

Иако другите можат да помогнат, и нивната поддршка може да биде многу охрабрувачка, „секој ќе го носи својот сопствен товар“ (Галатите 6:5). Но, при носењето на товарот на осаменоста, треба да внимаваме на некои опасности. На пример, ако се повлечеме во емоционална школка, осаменоста би можела да нѐ победи. Од друга страна, пак, осаменоста можеме да ја победиме со љубов (1. Коринќаните 13:7, 8). Давањето и делењето е најдобриот начин да се пронајде среќа — без оглед на нашите околности (Дела 20:35). „Јас немам премногу време да размислувам за осаменоста“, вели една трудољубива сестра пионерка. „Кога се чувствувам корисна и зафатена, не се чувствувам осамена.“

Исто така, мораме да внимаваме осаменоста да не нѐ турне во некоја немудра врска. На пример, колку само би било жалосно да дозволиме желбата за брак да нѐ заслепи за многуте проблеми што произлегуваат од бракот со неверник и особено за библискиот совет да го избегнуваме таквиот јарем! (2. Коринќаните 6:14). Една разведена христијанка рекла: „Само една работа е полоша од самештвото. Тоа е да си во брак со погрешен човек“.

Еден проблем што не може да се реши можеби ќе мора да се поднесува, барем сега за сега. Со Божја помош, чувството на осаменост може да се поднесе. Додека продолжуваме да му служиме на Јехова, да бидеме сигурни дека еден ден сите наши потреби ќе бидат задоволени на најдобар можен начин (Псалм 145:16).

[Фуснота]

a Имињата на жените што се цитирани се сменети.

[Слики на страница 28]

Осаменоста може да се победи со давање и со делење

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели