Негување на интересот на повторните посети
1 Службата е соодветно споредена со земјоделство, а правењето повторни посети со одгледување и полевање (Мат. 13:23; Лука 10:2; 2. Кор. 9:10). Како „соработници на Бога“ имаме обврска да му помагаме на секое новоникнато семе да расте до зрелост и да даде плод (1. Кор. 3:6, 9). Како да го постигнеме ова на најдобар начин?
2 Навреме прави ги повторните посети кај секого што покажал интерес. Разгледај ги своите белешки од куќа до куќа и одлучи кого ќе посетиш и што ќе дискутираш. Најчесто, твојата тема на дискусија ќе биде одредена од она што сте го дискутирале на почетната посета. Биди приспособлив, имајќи на ум други библиски мисли кои може да се уфрлат. Добро е секојпат да се користи Библијата, со што се признава нејзината моќ да достигне срца (Евр. 4:12).
3 Ако си ја оставил брошурата „Се грижи ли Бог навистиназа нас?“, можеш да започнеш отприлика вака:
◼ „Голем број искрени луѓе веруваат дека Бог ќе ја уништи Земјата, додека други се плашат дека човекот ќе го стори тоа самиот. Што мислите вие? [Дозволи одговор.] Библијата ни вели дека наместо да ја уништи Земјата, Бог ќе ја очисти од неправедност и со тоа ќе ја претвори во место на мир и безбедност.“ Насочи го вниманието на 22. страница и прочитај Изреки 2:21, 22, што се цитирани таму. Ако е покажан интерес, објасни ја подготовката за домашна библиска студија или понуди ги најновите списанија и договори се кога да дојдеш повторно за да дискутирате повеќе за Божјиот ветен нов свет.
4 Ако си ја оставил брошурата „Гледај!“, можеш да речеш:
◼ „При мојата претходна посета, од Библијата читавме за Божјето ветување да ја претвори Земјата во рај сличен на оној што е илустриран на кориците на брошурата што ви ја оставив. Ние можеме да уживаме во овие благослови така што ќе дознаеме повеќе за Божјата волја и како таа се однесува и на нас.“ Прочитај Јован 17:3, а потоа сврти кај 52. и 53. пасус на 27. страница. Накратко разгледајте зошто е потребно да се стекне точно спознание за Божјата Реч.
5 Кога доаѓаш повторно кај лице на кое си му ја оставил брошурата „Смисла на животот“, а кое е религиозно настроено, можеби ќе сметаш дека е прикладно да речеш:
◼ „Најверојатно многупати сте ја повториле молитвата ‚Оче наш‘. Што ви доаѓа на ум кога молите да дојде Божјето Царство?“ После одговорот на станарот, осврни се на 8. и 9. пасус од 26. страница, а потоа прочитај Даниел 2:44. Веројатно ќе можеш да го продолжиш разговорот така што ќе објасниш дека доаѓањето на Божјето Царство ќе значи крај на злото и страдањата. Истакни дека, ако сме праведни во Божји очи, ќе можеме да уживаме вечен живот во Рај на Земјата.
6 Запомни дека повторната посета може да се направи кај секој што е спремен да слуша, без разлика дали е оставена литература или не. Обиди се секоја седмица да одвоиш малку време за повторни посети. Јехова ќе ги благослови твоите марливи напори да го негуваш пронајдениот интерес. Тоа нека носи плодови на негова фалба (Јован 15:8).