ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/98 стр. 1
  • Мораме постојано да навратуваме

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мораме постојано да навратуваме
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Сличен материјал
  • „Многу пати го обработивме нашето подрачје!“
    Нашата служба за Царството 2001
  • Зошто и понатаму навраќаме?
    Нашата служба за Царството 1997
  • Зошто повторно одиме на истите врати
    Нашата служба за Царството 2007
  • Како ќе чујат?
    Нашата служба за Царството 2009
Повеќе
Нашата служба за Царството 1998
km 12/98 стр. 1

Мораме постојано да навратуваме

1 Дали ти реагираше позитивно првиот пат кога некој ти зборуваше за добрата вест? Ако не, мора да бидеш благодарен поради тоа што Јеховините сведоци постојано навратувале сѐ додека конечно не си ја прифатил понудата за библиска студија. Добро е да размислуваш за тоа кога секогаш одново работиш на твоето доделено подрачје.

2 Животите на луѓето постојано се менуваат. Тие се соочуваат со нови проблеми и ситуации, слушаат за вознемирувачки настани во околината или во светот, доживуваат економски падови, болести или, пак, смрт во семејството. Таквите работи може да ги наведат да посакаат да дознаат која е причината за тие несреќи. Мораме да согледаме кои работи ги оптоваруваат мислите на луѓето и потоа да одговориме со утешителна порака.

3 Ова е дело на спасување: Размисли на спасувачите на местото на катастрофата. Иако некои можеби пребаруваат во подрачје каде што има малкумина преживеани, сепак тие не успоруваат и не се откажуваат поради тоа што другите работници наоѓаат повеќе преживеани лица на некое друго место. Нашето дело на спасување сѐ уште не е престанато. Секоја година се пронаоѓаат стотици илјади кои сакаат да ја преживеат „големата неволја“ (Откровение 7:9, 14, NW).

4 „Секој кој го повикува името на Јехова, ќе биде спасен“ (Римјаните 10:13—15, NW). Овие зборови треба во секого од нас да ја врежат потребата да истраеме во проповедањето. Од времето кога нашето подрачје почнало да се обработува прв пат, децата пораснале и сега се доволно возрасни за да можат самите сериозно да размислуваат за својата иднина и за смислата на животот. Ние не можеме да знаеме кој можеби ќе слуша (Проп. 11:6). Многу поранешни противници ја прифатиле вистината. Нашата работа не е да им судиме на луѓето, туку постојано да им даваме прилика да слушаат и да бидат спасени од овој стар свет. Како што правеле Исусовите први ученици, мораме ‚постојано да одиме‘ (NW) кај луѓето и да се обидуваме да го поттикнеме нивниот интерес за пораката за Царството (Мат. 10:6, 7).

5 Фактот што сѐ уште е отворен патот за да проповедаме е израз на Јеховината милост (2. Петр. 3:9). Додека допуштаме другите постојано да ја слушаат пораката, ние ја истакнуваме Божјата љубов и на тој начин го фалиме.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели