„Јас цврсто стојам! Јас цврсто стојам! Јас цврсто стојам!“
1 Во овие зборови на верните христијани што го преживеале холокаустот одекнува решителноста на илјадници Сведоци — живи и мртви — кои одлучно се држеле за своите верувања и покрај суровоста на нацистите (Ефе. 6:11, 13). Нивната возбудлива приказна за храброста и триумфот е раскажана во трогателната видеокасета Јеховините сведоци стојат цврсто наспроти нацистичкиот напад. Сите во собранието се поттикнати да ја гледаат и да ги споделат еден со друг своите впечатоци и чувства.
2 Следниве прашања нека го поттикнат твоето размислување: 1) Од кои причини Јеховините сведоци зазеле смел став против нацистите? 2а) Како еден поздрав станал предмет на конфронтација, и зошто? 2б) На кој начин ова влијаело врз семејствата на Сведоците? 3) Колку Сведоци биле испратени во концентрациони логори, по што биле идентификувани таму и како постапувал со нив Гестапо? 4) Каква цена не биле спремни да платат нашите браќа во замена за слободата? 5а) Како и кога Јеховините сведоци отворено зборувале против ѕверствата на Хитлеровиот режим? 5б) Како реагирал Хитлер? 6) На кој начин солидарноста на Јеховиниот народ им го спасила животот ним и на другите, во физички и во духовен поглед? 7) Која песна за Царството била напишана во концентрационен логор? 8) Кои примери на верни мажи, жени и млади те инспирираат да го задржиш својот интегритет кон Јехова, што и да се случи? (Види и Годишник за 1999, страници 144—147.) 9) Како Јеховин сведок, какво чувство ти влева оваа видеокасета во врска со тоа што не си дел од светот?
3 Позитивниот пример на Јеховините сведоци прикажан на видеокасетата Стојат цврсто може да им помогне на младите, дури и на оние што не се Сведоци, да се соочат со важни спорни прашања како што се нетолеранцијата, притисокот од врсниците и совеста. Ако си младинец што оди во основно или во средно училиште, можеш ли да им дадеш на твоите наставници прилика да го употребат овој материјал на час? Можеби ќе можеш да им понудиш примерок од видеокасетата и да ја опишеш како не толку познат историски извештај или како документарен филм со морална поука.
4 Видеокасетата Стојат цврсто е одлична алатка што покажува како божествената поука ни дава духовна сила да му угодиме на Бог останувајќи цврсти за она што е исправно (1. Кор. 16:13). Гледај ја со сите што се заинтересирани за вистината.