Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 септ.
„Речиси во сите религии има луѓе што ја сакаат вистината. Сепак, општо земено, религиите доведуваат до поделби меѓу луѓето. Што би било потребно за да се обединат луѓето што се со искрени срца? [Откако ќе добиеш одговор, прочитај Софонија 3:9.] Ова списание покажува како спознанието за вистинскиот Бог ги обединува луѓето насекаде.“
Стражарска кула 1 окт.
„Можеби ќе се согласите дека верата во Бог станала многу непопуларна тема за многу луѓе. Но, зошто тоа е така? [Откако ќе добиеш одговор, прочитај Евреите 11:1.] Ова списание зборува за тоа што е вистинската вера и дали е важно дали имаме таква вера или не.“
Разбудете се! 8 окт.
„Повеќето луѓе веднаш ќе се согласат дека злоупотребата на дрога е глобален проблем и дека ја погодува дури и нашава земја. Со години, владите и разни организации се обидуваат да се борат против нелегалната употреба на дрога, но без некаков траен успех. Ова списание зборува за некои од ваквите грижи и нуди библиска надеж за вистинско решение на овој проблем.“