ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/03 стр. 1
  • ‚Светлете како светила‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ‚Светлете како светила‘
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Сличен материјал
  • Млади кои светлат како светила
    Нашата служба за Царството 2006
  • Да дозволиме нашата светлина да свети постојано
    Нашата служба за Царството 1995
  • „Нека свети вашата светлина“
    Нашата служба за Царството 2001
  • Добри дела кои го слават Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 2003
km 4/03 стр. 1

‚Светлете како светила‘

1 Среде духовниот и морален мрак на сегашниов систем на работи, околу шест милиони обожаватели на вистинскиот Бог, Јехова, ‚светат како светила‘ во 234 земји во целиот свет (Фил. 2:15). Тоа прави да бидеме поинакви. Како ја одразуваме скапоцената светлина на вистината што доаѓа од Јехова? (2. Кор. 3:18).

2 Нашите постапки: Луѓето брзо го забележуваат нашето однесување (1. Петр. 2:12). Една жена забележала дека еден колега Сведок бил љубезен и спремен да помогне и дека не користел погрден јазик ниту се смеел на валкани шеги. Кога другите се обиделе да го испровоцираат Сведокот користејќи вулгарни зборови во негово присуство, тој останал смирен, но цврст за она што е исправно. Каков ефект имало ова врз жената? Таа се сеќава: „Бев толку импресионирана со неговото однесување што почнав да поставувам прашања за Библијата. Почнав да ја проучувам Божјата реч и подоцна се крстив“. Додава: „Неговото однесување беше она што ме убеди да ги испитам верувањата на Јеховините сведоци“.

3 Нашиот став кон авторитетите, нашето гледиште за светските практики и нашиот здрав говор прават Јеховините сведоци да се разликуваат како народ што живее според возвишените библиски мерила. Таквите добри дела можат да му донесат слава на Јехова и да ги привлечат другите кон неговото обожавање.

4 Нашите зборови: Се разбира, оние што го гледаат нашето однесување можеби нема да знаат зошто сме поинакви ако не разговараме со нив за нашите верувања. Дали оние со кои работиш или одиш на училиште знаат дека си Јеховин сведок? Дали бараш прилики да свртиш еден обичен разговор во сведоштво? Дали си решен ‚твојата светлина да свети пред луѓето‘ во секоја погодна прилика? (Мат. 5:14—16).

5 За да го исполниме нашиот налог како светлоносци потребен е дух на самопожртвуваност. Нашиот став да служиме со сета душа ќе нѐ поттикне да ги оставиме помалку важните работи за да правиме најмногу што можеме во животоспасувачкото дело на проповедање и правење ученици (2. Кор. 12:15).

6 Со нашите зборови и постапки, да продолжиме да светиме како светила. Ако го правиме тоа, другите можеби ќе бидат поттикнати да ни се придружат во оддавањето слава на Јехова.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели