Млади кои светлат како светила
1. Како Библијата покажува дека христијаните треба да се издвојуваат и како тие зборови се применуваат на младите христијани денес?
1 Исус им рекол на своите ученици: „Вие сте светлината на светот“ (Мат. 5:14, 16). Тие би се издвојувале како еден град што се наоѓа на врвот на некоја планина, светејќи на сончевата светлина. Денес, многу млади христијани ‚светлат како светила во светот‘ со своето добро однесување и ревносно проповедање (Фил. 2:15; Мал. 3:18).
2. Како можете да им сведочите на наставниците и соучениците?
2 На училиште: Како би можел да сведочиш на училиште? Некои млади ја искористиле можноста кога на часовите се дискутирало за теми како што се дрога, еволуција и холокауст — да наведеме само некои од нив. Една сестра, која имала задача да напише состав за тероризмот, го искористила тоа за да сведочи за Божјето Царство како реална надеж за човештвото. Наставничката била импресионирана од добро осмислениот состав и ова отворило пат за понатамошно сведоштво.
3. Како може твојата светлина да светли преку твоето добро однесување?
3 Друг начин на кој можете да светлите како светила е со вашето однесување и скромно облекување и дотерување (1. Кор. 4:9; 1. Тим. 2:9). Кога соучениците и наставниците гледаат дека твоето однесување е поинакво, некои можеби ќе бидат привлечени кон вистината поради твоето добро однесување, а со тоа ќе ти се отвори можност да им ги пренесеш библиските вистини (1. Петр. 2:12; 3:1, 2). Можеби нема да биде лесно да се однесуваш онака како што бара Јехова, но тој богато ќе те благослови (1. Петр. 3:16, 17; 4:14). За да ги поттикнеш другите да се заинтересираат за добрата вест, би можел да читаш библиска литература за време на паузите или да ја оставаш таму каде што другите можат да ја видат.
4. Кои се некои користи од сведочењето на училиште?
4 Ако дозволиш твојата светлина да светли на училиште, тоа ќе ти ја зајакне верата и ќе ти помогне да бидеш горд што му служиш на Јехова (Ерем. 9:24). Тоа исто така служи како заштита. Една сестра рекла: „Една корист од тоа што зборувам за моите верувања е дека учениците не ме тераат да правам работи кои не се во склад со тоа што го вели Библијата“.
5. а) Како некои млади ја прошируваат својата служба? б) Кои се твоите духовни цели?
5 Проширена служба: Друг начин на кој многу млади светлат како светила, е со тоа што ја прошируваат својата служба. Откако завршил средно училиште, еден брат се преселил да служи таму каде што има поголема потреба за објавители на Царството. Тој бил во едно мало собрание со само еден старешина. На еден пријател тој му напишал: „Едноставно уживам во животот овде. Службата е вистинско освежување. На секоја врата се задржуваме околу 20 минути, зашто луѓето сакаат да чујат сѐ што имаш да им кажеш“. Тој додал: „Би сакал секој млад човек да направи ваков чекор и да го почувствува истото што го чувствувам и јас. Нема ништо подобро од тоа да му служиш на Јехова со сета душа“.
6. Зошто се гордееш со младите во твоето собрание?
6 Млади, ние се гордееме со вас затоа што светлите како светила во светот! (1. Сол. 2:20). Додека му служите на Јехова со сето срце, душа, ум и сила, ќе пожнеете благослови и тоа „стократно сега, во овој временски период . . . а во системот на работи што доаѓа — вечен живот“ (Мар. 10:29, 30; 12:30).