Теократска школа за служба за 2004
1 Јехова оспособува обични луѓе да извршуваат едно дело од универзална важност. Еден начин на кој го прави тоа е преку обуката што секоја седмица ја добиваме во Теократската школа за служба. Учествуваш ли онолку колку што ти дозволуваат околностите? Во јануари ќе бидат воведени неколку промени со цел да им се помогне на учениците да извлечат најголема корист од подготовките.
2 Наизменично менување на помошниот советник: Браќата што имаат поучен говор и врвни точки се благодарни за забелешките што им ги дал помошниот советник. Таму каде што има доволен број квалификувани старешини, помошниот советник може наизменично да се менува секоја година. На овој начин, може да се подели товарот на работата; но што е уште поважно, старешините и квалификуваните слуги помошници ќе извлечат корист од здружените искуства на различни способни говорници и учители.
3 Распоред за усно повторување: Ако вашето собрание има покраински собир во седмицата кога има усно повторување, тогаш повторувањето (и остатокот од распоредот за таа седмица) треба да се одложи за една седмица, а распоредот од следната седмица треба да се користи таа седмица кога е покраинскиот собир. Меѓутоа, нема потреба целосно да се сменат распоредите за двете седмици кога усното повторување се совпаѓа со посетата на покраинскиот надгледник. Наместо тоа, песната, говорната особина и врвните точки треба да бидат изнесени според распоредот. Поучниот говор (што се изнесува по говорната особина) треба да се земе од распоредот за следната седмица. По врвните точки ќе следи Состанок за служба од половина час, кој може да се преиначи така што ќе има или три точки од по 10 минути или две од по 15 минути (уводните известувања треба да се изостават). По Состанокот за служба ќе следи песна и получасовна програма од покраинскиот надгледник. Теократската школа за служба за следната седмица ќе продолжи со говорната особина и врвните точки како што е на распоредот, по што ќе следи усното повторување.
4 Искористи ја секоја прилика за духовно да растеш. Додека извлекуваш корист од твоето образование во Теократската школа за служба, го охрабруваш своето собрание, имаш дел во исполнувањето на библиското пророштво и му донесуваш слава на Авторот на прекрасната порака што мораме да ја објавуваме (Иса. 32:3, 4; Откр. 9:19).