Како да започнеме библиски студии со книгата Што учи Библијата
Многумина од нас би се радувале кога би воделе библиска студија, само кога би можеле да ја започнеме. Новата книга Што навистина учи Библијата? може да ни помогне во тоа. Воведот во книгата на страниците 3-7, има за цел да го вклучи станарот во една библиска дискусија со помош на публикацијата. Дури и оние со мало искуство во службата ќе можат лесно да ја користат за да започнуваат библиски студии.
◼ Би можел да се обидеш со овој пристап користејќи ја страница 3:
Откако ќе споменеш некоја информација од вестите или некој проблем за кој се загрижени луѓето на твоето подрачје, прочитај му ги на станарот прашањата со масни букви на страница 3 и замоли го да каже што мисли за нив. Потоа сврти на страниците 4, 5.
◼ Или можеби повеќе ќе сакаш да започнеш користејќи ги страниците 4, 5:
Би можел да кажеш: „Зарем не би било прекрасно кога навистина би се случило ова што го гледаме на овие слики?“ Или би можел да прашаш: „Кое од овие ветувања би сакале да се исполни?“ Слушај го внимателно одговорот.
Ако станарот е посебно заинтересиран за некој стих, покажи му што вели Библијата за таа тема така, што ќе ги разгледаш пасусите во книгата кои го обработуваат тој стих. (Види ја рамката на оваа страница од додатокот.) Обработете го материјалот на ист начин како за библиска студија. Ова може да се направи на вратата уште при првата посета и тоа за пет до десет минути.
◼ Друг пристап е да го поканиме станарот да каже што мисли користејќи ја страница 6:
Покажи му ги на станарот прашањата што се наведени долу на страницата и прашај го: „Дали некогаш сте си поставиле некое од овие прашања?“ Ако покаже интерес за некое од нив, сврти на пасусите во книгата што одговараат на тоа прашање. (Види ја рамката на оваа страница од додатокот.) Додека заедно ги разгледувате информациите, ти веќе водиш библиска студија.
◼ Со помош на страница 7 може да се прикаже библиска студија:
Прочитај ги првите три реченици од страницата, а потоа сврти на поглавје 3 и со помош на пасусите 1-3 покажи му како изгледа една библиска студија. Договори се кога да навратиш за да ги разгледате одговорите на прашањата во пасус 3.
◼ Како да се договориш за повторна посета:
На крајот од посетата договори се да го продолжите разговорот. Едноставно би можел да кажеш: „Само за неколку минути, научивме што учи Библијата за една важна тема. Следниот пат можеме да разговараме за [остави едно прашање што ќе го разгледате]. Може ли да дојдам следната седмица во истото време?“
Додека се приближуваме до времето кое Јехова го одредил, тој продолжува да нѐ опремува за задачата што треба да ја завршиме (Мат. 28:19, 20; 2. Тим. 3:17). Затоа, делотворно да ја користиме оваа прекрасна нова публикација за да започнуваме библиски студии.
[Рамка на страница 3]
Дискусија за стиховите на страници 4, 5
◻ Откровение 21:4 (стр. 27, 28 пас. 1-3)
◻ Исаија 33:24; 35:5, 6 (стр. 36 пас. 22)
◻ Јован 5:28, 29 (стр. 72, 73 пас. 17-19)
◻ Псалм 72:16 (стр. 34, пас. 19)
Одговор на прашањата од страница 6
◻ Зошто страдаме? (стр. 108, 109 пас. 6-8)
◻ Како можеме да се справиме со животните грижи? (стр. 184, 185 пас.1-3)
◻ Како можеме да имаме посреќен семеен живот? (стр. 143 пас. 20)
◻ Што се случува со нас кога ќе умреме? (стр. 58, 59 пас. 5, 6)
◻ Дали некогаш повторно ќе ги видиме нашите сакани што умреле? (стр. 72, 73 пас. 17-19)
◻ Зошто можеме да бидеме сигурни дека Бог ќе ги исполни своите ветувања за иднината? (стр. 25 пас. 17)