Ќе започнеш ли библиска студија во октомври?
1 Во октомври ќе ги нудиме списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Кога ќе навратиме повторно кај лице што покажало интерес, поттикнати сме да го нудиме трактатот Сакаш ли да ја дознаеш вистината? и да се потрудиме да започнеме библиска студија. Како можеме да го правиме тоа на повторна посета?
2 Како да го користиме трактатот: Би можеле да кажеме: „Списанијата што Ви ги оставив ги поттикнуваат луѓето од најразлични култури и вери да ја испитаат Библијата. [Подај му го на станарот трактатот Сакаш ли да ја дознаеш вистината? и посочи му ги прашањата на првата страница.] Ова се неколку интересни прашања на кои Библијата дава задоволувачки одговори. Дали некогаш сте си поставиле некое од нив?“ Откако станарот ќе одговори, можеме заедно да го разгледаме од трактатот одговорот на едно од неговите прашања и да прочитаме некој од наведените стихови. Потоа може да му кажеме дека ова е само една од работите за кои учи Библијата и да му дадеме примерок од книгата Што учи Библијата. Откако ќе избере некое поглавје од содржината, би можеле да ги разгледаме воведните пасуси од тоа поглавје. Или, пак, можеме да свртиме таму каде што има повеќе информации за темата од трактатот за која сме дискутирале. Еве кои страници од книгата би можеле да ги користиме за да го продолжиме разговорот:
● Дали Бог е заинтересиран за нас? (стр. 10-11, пас. 6-10)
● Ќе има ли крај на војните и страдањата? (стр. 12, пас. 12-13)
● Што се случува кога човек ќе умре? (стр. 59-60, пас. 7-8)
● Има ли надеж за мртвите? (стр. 71, пас. 13-15)
● Кои молитви ги слуша Бог? (стр. 166-167, пас. 5-8)
● Како да бидам вистински среќен? (стр. 9, пас. 4-5)
3 Се разбира, ако околностите не ни дозволуваат уште на првата повторна посета да започнеме и да покажеме како изгледа библиска студија со книгата Што учи Библијата, можеме да се договориме пак да дојдеме и да го продолжиме разговорот. Во зависност од интересот на станарот, пред да го насочиме вниманието на книгата можеме на неколку повторни посети да разговараме за различни прашања од трактатот. Да се трудиме добро да го користиме овој практичен трактат во октомври за да започнеме библиска студија и да им помогнеме на искрените луѓе да ја ‚запознаат вистината‘ (Јован 8:31, 32).
[Прашања]
1. Што ќе нудиме во октомври?
2. Како би можеле да го користиме трактатот Сакаш ли да ја дознаеш вистината? за да започнеме библиска студија кога ќе посетиме некој што зел списанија?
3. Во зависност од околностите, на кои различни начини можеме да започнеме библиска студија?