Нова програма за Покраинскиот собир
Светот сака да нѐ натера да веруваме дека сегашниов поредок ќе трае засекогаш. Меѓутоа, Божјата реч го вели спротивното (1. Јов. 2:15-17). Тоа ни помага да сфатиме дека е залудно да си ‚собираме богатство на земјата‘. За да го зајакне Божјиот народ, програмата на Покраинскиот собир за 2007 службена година ќе ја обработи темата: „Собирајте си богатство на небото“ (Мат. 6:19, 20).
Материјалистичкото размислување е вклучено во она за кое во Ефешаните 2:2 се зборува како за „власта на воздухот, духот кој сега дејствува во синовите на непослушноста“. Исто како што дословниот воздух е насекаде, и секој може да го вдиши, така и „духот на светот“ е насекаде во овој поредок (1. Кор. 2:12). Бидејќи неговото влијание е многу силно, се вели дека има ‚власт‘. Новата програма за Покраинскиот собир ќе ни помогне да го избегнуваме материјалистичкото размислување на светот и да задржиме јасно на ум што е најважно (Мат. 6:33). Освен тоа, програмата ќе ни помогне да се потпираме на Јехова додека ја извршуваме нашата служба и покрај притисоците и испитите со кои ќе се соочиме.
Потруди се да присуствуваш и двата дена и да ‚обрнеш посебно внимание‘ (Евр. 2:1). Прави си кратки забелешки за работите што можеш лично да ги примениш во животот и во службата. Ако бидеш присутен од почетокот до крајот на оваа богата духовна програма, ќе бидеш охрабрен и зајакнат да продолжиш да си ‚собираш богатство на небото‘.