Нова програма за Покраинскиот собир
Јехова заслужува да му оддадеме слава. Како можеме да го славиме Јехова? Зошто на некои им е тешко да го слават Јехова? Какви благослови добиваат оние што денес му оддаваат слава на Бог? Програмата на Покраинскиот собир за 2008 службена година ќе ни даде задоволувачки одговор на овие прашања. Темата на собирот е: „Правете сѐ за Божја слава“ (1. Кор. 10:31). Да видиме што нѐ очекува во двата дена кои ќе бидат исполнети со богати духовни поуки.
Обласниот надгледник ќе зборува на темите „Зошто да му оддадеме слава на Бог?“ и „Дај пример со тоа што ќе ги исполнуваш Божјите барања“. Тој ќе го изнесе и јавното предавање со наслов „Кои луѓе го слават Бог?“ и заклучниот говор „Обединето да го славиме Бог низ целиот свет“. Исто така, тој ќе ја води и Теократската школа за служба. Покраинскиот надгледник ќе зборува на темите „Со радост одразувај ја Божјата слава“, „Да се обрне внимание на потребите на покраината“ и „Остани ‚утврден во вистината‘“, говор што се темели на 2. Петрово 1:12. Освен тоа, ќе дознаеме како „Пионерската служба му носи слава на Бог“. Првиот од двата охрабрувачки циклуса е со наслов „Да го славиме Бог на сите подрачја од нашиот живот“. Во него ќе биде објаснето колку длабоко значење имаат вдахновените зборови што се запишани во 1. Коринќаните 10:31. Во циклусот „Слави го Јехова извршувајќи ја светата служба“ ќе се зборува за различни аспекти од нашата служба за Бог. Во недела ќе го чуеме резимето на Стражарска кула и ќе го разгледаме дневниот стих. Исто така, ќе има и крштавање.
Повеќето луѓе не сакаат да веруваат дека постои Бог. Мнозина се премногу зафатени со човечките планови за да размислуваат за величественоста на Јехова (Јован 5:44). Но, ние сме уверени дека вреди да одвоиме време за да дознаеме како да ‚Правиме сѐ за Божја слава‘. Планирај да бидеш присутен и да ги слушаш поуките од сите четири дела од програмата.