Нова програма за покраинскиот собир
Како да им се спротивставиме на оние што жестоко му се противат на обожавањето на вистинскиот Бог? Како да се спротивставиме на влијанијата кои можат да нѐ вратат во безбожниот свет? Програмата на покраинскиот собир за 2009 службена година ќе ни даде одговор на овие важни прашања. Темата е: „Надвладеј го злото со добро“ (Рим. 12:21). Да видиме што содржи програмата.
Обласниот надгледник ќе ги изнесе говорите: „Зајакнати за да го надвладееме злото со добро“, „Чувај се од претерана самоувереност!“, „Наскоро ќе му дојде крајот на сето зло!“ и „Да си ја зајакнеме верата за да го победиме светот“. Покраинскиот надгледник ќе зборува на темите: „Сега е време да останеме будни!“, на темел на Римјаните 13:11-13, и „Немој да се обесхрабриш во денот на неволја“, на темел на Изреки 24:10. Тој ќе го изнесе и говорот: „Да се обрне внимание на потребите на покраината“. Ќе бидеме охрабрени и од говорот: „Можеш ли ‚да ја извршуваш својата служба‘ така што ќе бидеш пионер?“ Првиот од двата циклуса носи наслов: „Спротивстави им се на Ѓаволовите сплетки“. Овој циклус ќе ни помогне да ги препознаеме и да ги отфрлиме подмолните сплетки на Ѓаволот во областа на технологијата, забавата и образованието. Циклусот „Јакнејте за да се спротивставите во овој зол ден“ ќе ни покаже како во уште поголема мера да ги примениме вдахновените совети запишани во Ефешаните 6:10-18.
Победата над изворот на злото е директно поврзана со проповедањето на пораката за Царството (Отк. 12:17). Затоа, не е чудо што Сатана неуморно и безмилосно ги напаѓа Јеховините сведоци! (Иса. 43:10, 12). Но, тој ќе доживее тежок пораз бидејќи ние сме решени да го ‚надвладееме злото со добро‘. Направи сѐ што е потребно да присуствуваш на целата програма за да извлечеш потполна корист од овој покраински собир.