Прашања
◼ Дали треба да се молиме кога водиме библиска студија на врата?
Има многу причини зошто е добро да се помолиме на почетокот и на крајот од една библиска студија. Во една таква молитва бараме од Јехова да влијае со својот свет дух врз нашиот разговор (Лука 11:13). Исто така, молитвата му помага на интересентот да сфати дека неговата библиска студија е сериозна работа и го учи како и самиот да се моли (Лука 6:40). Според тоа, добро е колку што е можно порано да почнеме да се молиме со лицето кое ја проучува Библијата. Меѓутоа, бидејќи околностите се разликуваат, треба добро да процениме дали ќе се помолиме кога водиме библиска студија на врата.
Една важна работа што треба да се земе предвид е местото каде што се одржува библиската студија. Ако има извесна мера приватност, тогаш може дискретно да се помолиме на почетокот и на крајот од студијата што редовно ја одржуваме на врата. Но, ако со тоа би го привлекле вниманието на минувачите или ако на интересентот би му било непријатно, подобро е да почекаме додека не почнеме да проучуваме на место што овозможува повеќе приватност. Сеедно каде се одржува библиската студија, треба добро да процениме кога да ја воведеме молитвата. (Види во Нашата служба за Царството од март 2005, страница 6.)