„Не можам повторно да го најдам дома“
Дали некогаш си го кажал ова за некој што покажал интерес за вистината? Можеби одново и одново си се обидувал да го посетиш тоа лице, но не си можел да го најдеш дома и да го залееш семето на вистината што си го посадил (1. Кор. 3:6). Понекогаш, некои искусни објавители им пишуваат писма на оние што не можат да ги најдат дома или им оставаат кратка порака на вратата. Други објавители знаат дека може да се соочат со овој предизвик и затоа се обидуваат да го добијат телефонскиот број на станарот. Можеби уште при првиот разговор ќе го прашаат: „Може ли да Ви пуштам порака или да Ви се јавам пред да дојдам повторно?“ Кога ќе го посетиме лицето или ќе му сведочиме преку писмо, имејл, СМС-порака, кратка порака на врата или телефонски повик, може да известиме повторна посета. Дури и ако некое лице ретко може да го најдеме дома, возможно е да продолжиме да го следиме неговиот интерес.