ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/15 стр. 2
  • Прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања
  • Нашата служба за Царството 2015
  • Сличен материјал
  • Користење на Интернет — внимавај на опасностите!
    Нашата служба за Царството 1999
  • Прашања
    Нашата служба за Царството 2011
  • Методи на проповедање на добрата вест
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Брзо посетете ги заинтересираните
    Нашата служба за Царството 2014
Повеќе
Нашата служба за Царството 2015
km 7/15 стр. 2

Прашања

◼ Треба ли објавителите да користат Интернет со цел да им сведочат на непознати лица што живеат во друга земја или да проучуваат со нив?

Некои објавители користат Интернет за да проучуваат со луѓе во земји во кои нашето дело има законски ограничувања или во кои има малку објавители. Факт е дека во некои случаи тоа дало добри резултати. Меѓутоа, постојат опасности кога објавителите комуницираат со непознати лица преку имејл или на чет-румови. (Види ја Нашата служба за Царството од јули 2007, стр. 3.) Иако намерата е да им се пренесе пораката за Царството на искрените луѓе, преку таквата комуникација некој брат или сестра може да дојде во контакт со лошо друштво, вклучувајќи и отпадници (1. Кор. 1:19-25; Кол. 2:8). Освен тоа, во земјите каде што нашето дело има законски ограничувања или е забрането, таквата кореспонденција може да е контролирана од властите. Тоа може да ги доведе во опасност локалните браќа и сестри. Затоа, објавителите не треба преку Интернет да бараат луѓе од друга земја за да им ја пренесат добрата вест.

Ако му посведочиме неформално на некој што е дојден во посета од друга земја, не треба да продолжиме да му сведочиме откако ќе се врати во својата земја, освен ако не добиеме други упатства од подружницата. Наместо тоа, би било добро да му покажеме како да ја користи jw.org за да најде дополнителни информации или како да стапи во контакт со тамошната подружница. Исто така, би можеле да го поттикнеме да отиде во некоја од нашите сали во негова близина. Се разбира, во некои земји немаме сали. Ако тој побара да го посетат Јеховини сведоци, треба да пополниме формулар Те молиме, посети го ова лице (S-43) и да му го дадеме на секретарот, кој ќе го препрати формуларот преку jw.org. Подружницата што го надгледува делото во земјата каде што живее заинтересираното лице е запозната со околностите таму и најдобро знае како да му обезбеди духовна помош. (Види ги Нашата служба за Царството од јуни 2014, стр. 7 и Нашата служба за Царството од ноември 2011, стр. 2.)

Ако некое лице што моментално го посетуваме се пресели во друга земја или ако моментално проучуваме со лице од друга земја кое го познаваме само преку Интернет, треба да се држиме за упатствата што се наведени овде. Меѓутоа, може да продолжиме да му сведочиме сѐ додека со него не стапат во контакт локалните објавители. Сепак, ако лицето живее во земја каде што нашето дело има законски ограничувања или е забрането, мораме да бидеме многу претпазливи кога дискутираме за библиски теми преку писмо, телефон или електронски (Мат. 10:16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели