ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/10 стр. 30-31
  • Јеховини сведоци — Организацијата зад името

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јеховини сведоци — Организацијата зад името
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Каква е реакцијата?
  • Јеховините сведоци — организирани за да ја пренесуваат добрата вест
    Нашата служба за Царството 2011
  • Влијание на видеокасетите што даваат сведоштво
    Нашата служба за Царството 2002
  • Алатки кои поучуваат, мотивираат и зајакнуваат
    Нашата служба за Царството 2000
  • Нејзината иницијатива била наградена
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/10 стр. 30-31

Јеховини сведоци — Организацијата зад името

НА 6. ОКТОМВРИ 1990 во Конгресната сала на Јеховините сведоци во Џерси Сити, (Њу Џерси, САД), се собраа околу 5.000 души на Годишниот состанок на Библиското и трактатно друштво Стражарска кула каде што ги очекуваше изненадување. Претседавачот Џон Е. Бар ги информираше присутните за излегувањето на 55-минутната видео-касета под наслов Јеховини сведоци — Организацијата зад името (Jehovah’s Witnesses—The Organization Behind the Name). Тоа беше првата видео-касета некогаш произведена од Друштвото, но, секако не и последната.

Видео-филмот покажува како Јеховините сведоци се организирани да сведочат за Божјето име и да го објавуваат „евангелието [добрата вест, NW] за Царството“ (Матеј 24:14). Во него се истакнуваат централата во Бруклин, Њујорк, и постројките на фармите Стражарска кула. Произведени се преку 500.000 копии на англиски јазик, а сега може (или наскоро ќе може) да се добие на 26 други јазици.a

Каква е реакцијата?

Како реагирале на видео-касетата луѓето кои не се Јеховини сведоци? Еден деловен човек напишал:

„Мислам дека касетата е од одличен квалитет. Особено бев пленет од живоста и професионалната композиција. На моменти заборавав дека тоа е касета и на тоа гледав повеќе како на игран филм. Оваа касета би требало да биде извонредно корисна за да ја објасни целта на вашата централа во Њујорк. Честитам за ова извонредно дело“ (Џ. Џ.).

Оние кои ја проучуваат Библијата со Јеховините сведоци имале корист од гледањето на видео-филмот. Следново покажува зошто:

„Ја проучувам Библијата со едно момче кое има 20 години и оди на месниот факултет. Тој беше загрижен за влошувањето на светската ситуација. Но откако го виде филмот и сите тие фини, млади бетелски браќа со вистинска цел во животот, целиот негов став се измени. Присуствуваше на Денот на посебен состанок и замоли да ја проучува Библијата двапати неделно. Едно друго лице кое ја проучува Библијата, инаку наставничка во средно училиште, го позајми филмот за да им го покаже на своите роднини. Тие мислеле дека Јеховините сведоци се некаква слаба, непопуларна, мала организација. Но, биле вчудоневидени од светскиот карактер на нашето дело и од успехот што го имаме, благодарение на Јехова“ (Џ. Б.).

„Не можам со зборови да ја изразам радоста што ја чувствував кога жената со која ја проучувам Библијата почна да плаче од радост и ценење откако го виде овој филм. Низ солзи рече: ‚Како може некој да не види дека ова е организацијата на вистинскиот Бог, Јехова? Никогаш не сум знаела дека постојат вакви луѓе.‘ А потоа рече: ‚Сакам да се крстам‘“ (К. Д.).

„Имавме голем успех кога го користевме видео-филмот со лицата со кои ја проучуваме Библијата. Синоќа намина сопругот на една жена со која ја проучувам Библијата. Тој е голем противник. Го гледаше филмот. Потоа поставуваше прашања и остана овде со Библија и книгата што се проучува, Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Пред тоа ѝ ја беше запалил сета библиска литература на жена си!“ (Д. Х.).

Младите, исто така, ја сметаат видео-касетата за привлечна, како што покажува следниот коментар:

„Имам шест и пол години. Ми се допадна делот за Библиите и кога кутиите се движеа брзо“ (К. В.).

„Нашите мали деца рекоа дека тоа е подобро од која и да е програма што некогаш ја виделе на ТВ“ (Р. К.).

„Откако по втор пат го гледавме филмот, нашиот петгодишен син, кој цело време внимателно гледаше, запраша: ‚Можеме ли да го гледаме ова секој ден?‘ Нашата тригодишна ќерка упадна: ‚Сакам да одам во Бетел и да правам книги!‘“ (М. Е.).

„Моите деца, Робин и Шанан, од 12 и 9 години, нон-стоп го гледаат филмот. Најмладата ќерка, откако го гледаше филмот, рече: ‚Сакам да одам во служба на проповедање. Тоа е многу интересно.‘ Мислиме дека овој видео-филм имаше директно влијание на нашиот семеен живот. Колку е освежувачки да вклучиш телевизиска програма за која си сигурен дека слободно можеш да ја гледаш“ (Н. Б.).

„Имам 13 и пол години. Новиот видео-филм ми помогна да сфатам колку сум ги сметала за „сами по себе разбирливи“ Јеховините прекрасни подготовки. Предност е да се биде еден од Божјиот народ“ (К. В.).

„Имам 16 години, и овој видео-филм ми помогна да ја зајакнам мојата свесност дека ова што се врши е светско дело“ (А. М.).

„Нашите деца забележаа дека редовната ТВ програма некако им стана помалку привлечна откако видоа каква може да биде вистинската теократска забава. Тоа исто така ја зајакна нивната желба да стапат во полновремена служба“ (Л. М.).

Дури и оние кои долги години се Јеховини сведоци, биле трогнати од она што го виделе:

„Ако видео-филмот остава таков впечаток на нас како Јеховин народ, тогаш колку повеќе ќе влијае на другите? Кога овој систем почнува да станува претежок за да излезеш на крај со него, си земам еден саат време и го посетувам Бетелот во удобноста на мојата дневна соба!“ (К. Б.).

„Откако ја видов грижата и прецизноста која се огледува и во најмалата работа, чувствувам како одам во мојата соба и ја прегрнувам мојата библиска литература“ (Л. П.).

Те охрабруваме и тебе да одвоиш време за да го погледаш видео-филмот Јеховини сведоци — Организацијата зад името. Тој ќе ти пружи поинаков поглед на животот и ќе ти помогне да имаш доверба во сигурна иднина.

[Фуснота]

a Американски знаковен јазик, арапски, баскиски, германски, грчки, дански, италијански, јапонски, кантонски, каталански, корејски, мандарински, норвешки, полски, португалски (бразилски), португалски (европски), романски, словачки, унгарски, фински, француски, холандски, хрватски, чешки, шведски и шпански.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели