ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/1 стр. 8-11
  • Кој ќе го прехрани светот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој ќе го прехрани светот?
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Можат ли да нѐ спасат науката и технологијата?
  • Наскоро — плодна Земја што врие од живот
  • Разнообразноста — неопходна за живот
    Разбудете се! 2002
  • Дали човекот го уништува сопствениот извор на храна?
    Разбудете се! 2002
  • Дали човекот ќе ја уништи Земјата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Во пресрет на предизвиците на 21. век
    Разбудете се! 1993
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/1 стр. 8-11

Кој ќе го прехрани светот?

ДАЛИ човештвото некогаш ќе почне да го штити наместо да го уништува биодиверзитетот? Според биологот Џон Таксил, за тоа ќе треба „голема промена во политиката“. Но, тој додава дека таква промена „веројатно нема да се случи без длабоки измени во свесноста на луѓето за користите од биодиверзитетот на растенијата, нивната желба да ги променат сегашните практики и нивната спремност да се обидат со нови приоди“.

На многумина им е тешко да веруваат дека ќе се случат такви длабоки промени. Мнозина не се согласуваат со заклучокот на Таксил. Има еколози што сметаат дека некои нивни колеги сѐ уште слабо ја разбираат улогата на биодиверзитетот и можеби претеруваат во тој поглед. Сепак, како што дебатираат научниците за оваа работа, изгледа дека вреди да се обрне внимание на повикот за тревога што доаѓа од некои експерти на ова поле. Тие се загрижени, но не само заради исчезнувањето на биодиверзитетот туку и заради алчноста и кратковидоста што ги гледаат како причина за таквите загуби. Забележете ги следниве коментари од различни автори.

„Пред само еден век, стотици милиони земјоделци низ целата планета имаа контрола над сопствените резерви семе . . . Денес, голем дел од складираното семе го вовеле, генетички го добиле и го патентирале светските компании и го задржале во облик на интелектуална сопственост . . . Фокусирајќи се на краткорочните трговски приоритети, биотехнологијата се заканува да го уништи самото генетичко наследство кое можеби еден ден ќе има непроценлива вредност, како нов начин на одбрана против некоја нова отпорна болест или супербубачка“ (научниот писател Џереми Рифкин).

„Медиумската мантра, повторувана секогаш одново, е дека вистинската цел мора да бидат пазарот, слободната трговија и глобалната економија. Кога со медиумите доминираат богатството и интересите на големите корпорации, верата во економијата е како религиозна догма и ретко се доведува во прашање“ (генетичарот Дејвид Сузуки).

Во својата книга Семе на промена — живо богатство, авторот Кени Озбел укажува на лицемерството во развиените земји кога нивните „влади и корпорации жалат заради претстојната глобална опасност од истребување на човековото ‚заедничко наследство‘ од генетички фонд“. Тој забележува дека и тие претставуваат закана за биодиверзитетот унапредувајќи ја употребата на современи земјоделски техники и монокултури.

Сеедно дали се оправдани или неоправдани најголемите стравови на еколозите, можеби ќе Ви биде тешко да имате доверба во иднината на оваа планета. Уште колку долго може да преживее штом човештвото изгледа мотивирано од алчност? Очајно барајќи одговор, многу луѓе се надеваат дека на помош ќе ни дојде науката.

Можат ли да нѐ спасат науката и технологијата?

Кралското здружение во Единбург неодамна изрази загриженост заради тоа што научниот напредок сега е толку брз и софистициран што научниците се изложени на ризик да не ги разберат во потполност последиците од ваквиот напредок. „Науката дава мал, нецелосен увид во светот на природата“, напишал Дејвид Сузуки. „Не знаеме речиси ништо за биолошкиот состав на животните облици на Земјата, а камоли за нивната меѓусебна поврзаност и зависност.“

Како што објаснило списанието Science, „ниту ризиците ниту користите од ГЕО [организми добиени со генетички инженеринг] не се сигурни ни универзални . . . Нашата способност да го предвидиме еколошкото влијание врз новосоздадените видови, вклучувајќи ги и ГЕО, не се прецизни“.

Многу „напредоци“ беа, всушност, меч со две сечила. Тие се донекаде корисни, но исто така го покажуваат недостигот на мудрост на човекот и, премногу често, неговата алчност (Еремија 10:23). На пример, иако зелената револуција произведе изобилство и нахрани многу усти, таа придонесе и за загуба на биодиверзитетот. Унапредувајќи ја употребата на пестициди и други скапи техники во земјоделството, зелената револуција на крајот им користеше на „одгледувачите на растенија во корпорациите и на елитата на Третиот свет на сметка на обичниот народ“, напишала д-р Мае-Ван Хо. Овој тренд продолжува додека земјоделството темелено на биотехнологија станува уште поголемо и помоќно претпријатие и нѐ води во една иднина каде што сигурноста на храната сѐ повеќе зависи од науката.

Меѓутоа, овие проблеми не мора да нѐ онерасположат. Тие, всушност, само служат за да илустрираат нешто многу поважно. Библијата ни помага да видиме дека не треба да имаме преголеми очекувања од несовршените луѓе што моментално управуваат со оваа планета и со нејзините природни богатства. За сега, пропустите и лошото управување се само дел од состојбата на човекот. Затоа, Псалм 146:3 советува: „Не надевајте се на кнезовите, ниту во човечки син, од кого нема спасение“. Но, можеме да положиме целосна доверба во Бог (Пословици 3:5, 6). Тој има и желба и моќ да ни помогне (Исаија 40:25, 26).

Наскоро — плодна Земја што врие од живот

Пред да реновирате некоја дотраена куќа, прво ќе треба да го расчистите кршот. На сличен начин, Јехова Бог наскоро ќе ја исчисти Земјата од сите злобни луѓе, вклучувајќи ги и оние што сметаат дека нашава планета, нејзините природни богатства, па дури и другите луѓе, се само работи што треба да се искористат во интерес на личното богатство и богатството на корпорациите (Псалм 37:10, 11; Откровение 11:18). Но, Јехова ќе ги зачува во живот оние што го сакаат и што настојуваат да ја извршуваат неговата волја (1. Јованово 2:15—17).

Потоа, со Земјата и со нејзините безбројни живи суштества, вклучувајќи ги и послушните луѓе, ќе управува една влада поставена од Бог — месијанското Царство (Даниел 7:13, 14; Матеј 6:10). Колкаво само изобилство ќе раѓа Земјата под тоа мудро владетелство! Во Псалм 72:16 (NW) стои: „Ќе има изобилие од жито на Земјата; на врвот од горите ќе има преобилност“. Да, храната повеќе нема да биде причина за расправии и тегобна загриженост. Наместо тоа, таа ќе биде здрава и ќе ја има во изобилство.

Затоа, додека сегашниов систем тоне сѐ подлабоко во својот мрачен тунел на очај и несигурност, оние што имаат доверба во Јехова можат да очекуваат величествена иднина токму овде на Земјата. Оваа надеж е содржана во ‚добрата вест за царството‘, која Јеховините сведоци радосно им ја пренесуваат на сите што сакаат подобар и поправеден свет (Матеј 24:14). Благодарение на оваа сигурна надеж — и на Божјата татковска грижа за својот народ — уште сега можеме да ‚живееме спокојно и без страв од зло‘ (Пословици 1:33).

[Слика на страница 10]

Под Божјето Царство, храната ќе биде здрава и ќе ја има во изобилство

[Извор на слика на страница 8]

FAO Photo/K. Dunn

[Извор на слика на страница 9]

Tourism Authority of Thailand

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели