ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/4 стр. 15
  • Да се напредува во тешки околности

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се напредува во тешки околности
  • Разбудете се! 2004
  • Сличен материјал
  • Дали твоите проблеми се казна од Бог?
    Разбудете се! 2009
  • Дали страдањата во животот се казна од Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Од разбеснет вулкан до мирен остров
    Разбудете се! 2000
  • Зошто ми причинува радост да правам ученици
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/4 стр. 15

Да се напредува во тешки околности

Како што е претскажано во Библијата, живееме во ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘ (2. Тимотеј 3:1). Расправиите во семејството, здравствените проблеми и финансиските притисоци се само некои од тешкотиите што можеби Ве погодуваат. Понекогаш можеби имате чувство дека не можете веќе да издржите. Сепак, можете да напредувате и покрај тешките околности. Размислете за следнава илустрација.

Еден вид темјанушка расте на височина од речиси 3.700 метри на островот Тенерифе, крај брегот на Северна Африка. Над овој суптропски остров се извишува вулканскиот врв Пико де Теиде. На неговите повисоки падини навидум нема никаков растителен свет. Но, на пролет, кога се топат зимските снегови се добива токму онолку вода колку што е потребно за да заживеат овие жилави темјанушки и да го украсат со виолетов венец „грлото“ на овој вулкан. Да, можеби ова цвеќе изгледа слабо и нежно, но успева да преживее, па дури и добро да напредува во оваа пуста, негостољубива средина.

Исто како оваа темјанушка, и Вие можете да издржите во тешки околности. Библијата им помогнала на многу Јеховини сведоци да издржат дури и во најтешките моменти. На пример, оние што биле затворени во концентрационите логори во нацистичка Германија успеале да опстанат. „Со нив се постапувало полошо отколку со која и да е друга група“, вели шведскиот новинар Бјорн Халстром, „но успеале да опстанат подобро од сите други, благодарение на нивната вера во Бог.“

Без разлика на тоа во каква ситуација ќе се најдете, Библијата може да Ви помогне да напредувате и покрај тешките околности. Стапете во контакт со Јеховините сведоци во Вашето место, или пишете на адресата наведена на 5. страница од ова списание ако сакате бесплатна домашна библиска студија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели