ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/11 стр. 4-5
  • Дали религијата е за осуда?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали религијата е за осуда?
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Проблемот со религијата
    Разбудете се! 2011
  • Дали религијата некогаш ќе донесе мир?
    Разбудете се! 2011
  • Зошто да се биде заинтересиран за другите религии?
    Потрагата на човештвото по Бог
  • Дали која и да било религија е доволно добра?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 1/11 стр. 4-5

Дали религијата е за осуда?

ЏОНАТАН Свифт, свештеник и писател од почетокот на 18 век, напишал: „Доволно сме религиозни за да се мразиме, но не и доволно за да се сакаме еден со друг“. Многумина тврдат дека наместо да ги обединува, религијата ги разединува луѓето. Но, сите не се согласуваат со тоа.

На пример, да разгледаме до каков заклучок дошла една група истражувачи од Катедрата за мировни истражувања при Универзитетот во Бредфорд (Обединетото Кралство). Тие добиле задача од новинската куќа Би-Би-Си да утврдат дали религијата поттикнува на мир или на војна.

Овие истражувачи објавиле извештај во кој навеле: „Откако ги разгледавме историските анализи од најразлични стручњаци, заклучивме дека во изминативе 100 години имало многу мал број верски војни“. Истражувачкиот тим објаснил дека причините за некои војни, кои „во медиумите и на други места честопати се прикажани како верски војни, или војни кои се воделе поради верски разлики, всушност биле национализам, желба за слобода или самоодбрана“.

Меѓутоа, има и мнозина кои тврдат дека свештенството, било со своите постапки било со својот молк, одобрувало или активно поддржувало многу вооружени судири, како што покажуваат и следниве цитати:

● „Се чини дека речиси секаде постои поврзаност помеѓу религијата и насилството... Неодамна, избија верски конфликти меѓу десно ориентираните христијани во САД, меѓу гневните муслимани и Евреи на Блискиот Исток, меѓу раскараните хиндуси и муслимани во јужна Азија и меѓу домородните верски заедници во Африка и во Индонезија... Поединци вмешани во овие судири ја искористија религијата за да стекнат политичка моќ и да ги оправдаат своите одмазднички идеологии“ (Терор во Божјиот ум — сеопшт подем на верското насилство [Terror in the Mind of God—The Global Rise of Religious Violence]).

● „Иронично е што земјите во кои религијата има многу силно влијание се соочуваат со најлошите социјални проблеми... Религијата не успеала да ја намали високата стапка на криминал... Доказите се јасни: Ако сакаш безбеден, пристоен, мирен и ‚цивилизиран‘ живот, бегај од таквите земји“ (Света омраза — Holy Hatred).

● „Баптистите повеќе се познати како војници, отколку како миротворци... Кога во 19 век [американското] прашање за укинување на ропството и некои други настани предизвикаа раздор во нацијата и во христијанските цркви, баптистите и од Северот и од Југот ја поддржуваа војната сметајќи ја за праведна цел и верувајќи дека Бог е на нивна страна. Баптистите ја поддржувале државата и во војните со Англија (1812), со Мексико (1845) и со Шпанија (1898), оправдувајќи ги последните две ‚главно под изговор дека сакаат да им донесат верска слобода на угнетените народи и да отворат нови мисионерски подрачја‘. Не дека баптистите повеќе сакале војна отколку мир, туку речиси секогаш кога ќе избиела војна, тие ја поддржувале и учествувале во неа“ (Review and Expositor—A Baptist Theological Journal).

● „Историчарите утврдиле дека во војните што се воделе во речиси секој период од историјата и меѓу речиси сите народи или култури, главниот мотив и кај двете завојувани страни биле верските чувства. Древниот извик ‚боговите се на наша страна‘ е еден од најстарите и најмоќни поттици за борба“ (Време на верски војни, 1000-1650 — енциклопедија за светските војни и цивилизации [The Age of Wars of Religion, 1000-1650—An Encyclopedia of Global Warfare and Civilization]).

● „Верските водачи... треба да се подзамислат за својот пропуст да дадат подобро водство и да ги застапуваат вистинските основни вредности на својата религија... Вистина е дека сите религии посакуваат мир, но прашање е дали религијата некако придонесува да има мир“ (Насилство во името на Бог — религијата во време на конфликти [Violence in God’s Name—Religion in an Age of Conflict]).

Низ историјата, во редовите на свештенството од сите поголеми христијански вери (католичката, православната и протестантската) секогаш имало повеќе од доволно свештеници и капелани за да го подигнат моралот на војската и да се молат за загинатите и за оние што се на умирање — и тоа од двете завојувани страни во сите судири. Со ваквата поддршка, тие го одобрувале крвопролевањето и ги благословувале сите воени сили.

Некои можеби сепак ќе тврдат дека религијата не е виновна за војните. Но, прашањето е: ‚Дали религијата успеала во своите напори да го обедини човештвото?‘

[Рамка на страница 5]

„Пречесниот д-р Чарлс Итон, пастор во Баптистичката црква од авенијата Медисон, вчера изјави од проповедницата дека во просториите на парохијата ќе се врши регрутација на оние што сакаат да се пријават во војска или во морнарицата.

Тој беше еден од неколкуте свештеници во градот што одржаа воена проповед за време на својата редовна неделна богослужба и кои ги поттикнаа и мажите и жените да ја покажат својата лојалност кон татковината и кон демократијата со тоа што ќе земат учество во војната што е можно поскоро. На многу цркви се вееја знамиња“ (“The New York Times” од 16 април 1917).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели