ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/8 стр. 9-12
  • Кога ќе се избере развод

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога ќе се избере развод
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ако има деца
  • Финансии и законски постапки
  • Изменети односи
  • Да се работи на закрепнувањето
  • Не очајувајте
  • Четири факти за разводот за кои треба да си свесен
    Разбудете се! 2010
  • Како да не дојде до „сив развод“?
    Совети за семејствата
  • Поделен дом — како влијае разводот врз тинејџерите?
    Разбудете се! 2009
  • Дали разводот е решение?
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/8 стр. 9-12

Кога ќе се избере развод

„Ако Вашиот брачен другар умре, луѓето Ве разбираат дури и да не сте биле најдобар брачен партнер. Но, ако сопругот Ве напушти — е, тогаш некои мислат дека не сте се труделе доволно. Ве молам, Ве молам, ПОМОГНЕТЕ!“ (Читателка на Разбудете се! од Јужна Африка)

НЕВЕРСТВОТО и разводот можат да бидат многу трауматични. Иако многумина нашле причини да се смират со својот брачен партнер и да го зачуваат бракот, други имаат оправдани причини да се одлучат за изборот даден од Бог да се разведат од сопружникот кој извршил прељуба (Матеј 5:32; 19:9). На пример, можеби се загрозени безбедноста, духовноста и општото добро на верната сопруга и нејзините деца. Исто така, можеби таа е загрижена да не се зарази од некоја сексуално пренослива болест. Или, пак, можеби му простила на сопруг кој извршил прељуба, но постои мала основа за надеж дека може да ја поврати вистинската доверба и дека може да продолжи да живее со него како свој сопруг.

„Тоа беше најтешката одлука во мојот живот“, признала една потиштена сопруга. Навистина тешка одлука — не само заради тоа што неверството е толку болно туку и заради тоа што разводот има далекусежни последици кои ќе влијаат врз целиот нејзин живот. Според тоа, лична одлука е дали сопругата ќе се разведе од својот неверен брачен партнер или не. Другите треба да го почитуваат библиското право на недолжниот сопружник да ја донесе таа одлука.

Но, трагично е тоа што многу луѓе избрзуваат со развод без правилно да го пресметаат трошокот. (Споредете Лука 14:28.) Кои се некои фактори кои се вклучени во одлуката за развод?

Ако има деца

„Честопати, родителите кои се премногу внесени во своите проблеми ги забораваат или ги игнорираат потребите на децата“, наведува книгата Couples in Crisis (Брачни двојки во криза). Затоа, кога ќе размислувате за развод, имајте ја на ум духовноста и благосостојбата на своите деца. Многумина истражувачи забележуваат дека, колку попријателски е разводот, толку помалку страдаат децата. Дури и под тешки околности, благоста ќе помогне човек ‚да не се вовлекува во расправии, туку да биде кроток кон сите, незлоблив‘ (2. Тимотеј 2:24, 25).a

Ако некој одлучи да се разведе, треба да има на ум дека се разведуваат сопругот и сопругата — а не децата. На децата сѐ уште им се потребни и мајка и татко. Се разбира, можеби има екстремни околности, како во случај кога детето е во опасност да настрада од злоупотреба. Но, религиозните и личните разлики не треба да се користат за децата да бидат лишени од предноста да ги поседуваат обата родитела.

Исто така, треба да се земат предвид нежните емоции на малите деца и нивната потреба од влевање сигурност, љубов и наклоност. „Ваквиот континуитет на љубов“, наведува една книга, „ќе обезбеди основа и темел за да се справат со новата ситуација.“ Освен тоа, посветувањето внимание на нивните секојдневни духовни потреби може да им помогне да останат стабилни (5. Мојсеева 6:6, 7; Матеј 4:4).

Финансии и законски постапки

Разводот неизбежно го лишува секој сопружник од извесна сума приход и сопственост, некои удобности, а можеби и од многу саканиот дом. Бидејќи лицето можеби ќе мора да се справи со зголемени трошоци покрај намалениот приход, мудро е да испланира реален буџет според финансиските приоритети. Поривот да се надомести губитокот и повредените чувства со трошење повеќе пари или со навлекување долгови треба да се избегнува.

Ако се донесе одлука за развод, неопходно е заедно со сопружникот да се одлучи како да се постапи со заедничките сметки. На пример, за да се спречи злоупотреба на средствата од заедничката банковна сметка, можеби ќе биде мудро да се замоли директорот на банката да ги побара потписите на обата сопружника за да можат да подигнат пари сѐ додека секој од нив не отвори посебна сметка.

Потоа, паметно е да се води точен извештај за приходите и расходите, како подготовка за преговарање за алиментација. Исто така, во многу земји е законско барање луѓето да ја информираат даночната управа за изменетите околности.

Освен тоа, за повеќето луѓе е корисно да се консултираат со некој правен стручњак — некој кој има конкретно искуство во бракоразводните парници. Некои земји допуштаат посредници или помирувачи да им помогнат на двојките да соработуваат за да дојдат до заемно прифатлив и мирољубив договор, кој потоа се ратификува според судски закон. Особено онаму каде што се во прашање децата, многу родители повеќе сакаат да ги користат услугите на некој стручњак кој не е непријателски настроен. Наместо да победат по секоја цена, родителите имаат за цел да ги намалат конфликтот и болката. Некои материјални добивки едноставно не ги заслужуваат емоционалниот и финансискиот трошок што треба да се вложат за да се добијат.

Изменети односи

„Не треба да ги потценуваме непријатноста и несигурноста што ги чувствуваат многу луѓе во врска со своите разведени пријатели“, нѐ информира еден истражувач. Дури и ако верниот сопружник постапува во склоп на своите законски, морални и библиски права, можеби сѐ уште има некои кои сметаат дека тој е причина за раскинувањето на бракот. Нивната реакција може да варира од студен поздрав до очигледно избегнување. Што е уште полошо, отвореното непријателство може да дојде од оние кои претходно биле блиски пријатели.

Многумина едноставно не сфаќаат колкава поддршка е потребна кога некој минува низ развод; можеби имаат впечаток дека е доволно едно кратко писмо или картичка. Сепак, обично има пријатели кои „знаат каде да допрат“, забележува книгата Divorce and Separation (Развод и одвојување), „и ќе се јават за да видат дали сакате да дојдат со Вас некаде, дали сакате да направат нешто за Вас или, пак, едноставно сакате да разговарате“. Всушност, во тие моменти од животот се потребни, како што вели Библијата, „пријатели поприврзани од брат“ (Изреки 18:25).

Да се работи на закрепнувањето

Шеснаесет години после разводот, една мајка признава: „Сѐ уште има моменти кога се чувствувам неверојатно осамена — дури и тогаш кога сум опкружена со луѓе“. Како се справува со тоа? „Изградив одбрамбен механизам“, се присетува таа, „со тоа што сум зафатена на работа, се грижам за син ми и го одржувам домот. Исто така, почнав да одам на состаноците на Јеховините сведоци, да ги споделувам моите верувања со ближните и да правам нешто за другите. Тоа многу ми помогна.“

Извесни датуми и периоди од годината можат да оживеат болни сеќавања и емоции: денот кога се открило неверството, времето кога тој си заминал од дома, датумот на судската парница. Среќните заеднички мигови на двојката — како што се годишните одмори и годишниците од бракот — можат да бидат тешко емоционално искуство. „Ги минувам тие денови планирајќи да го поминам времето со семејството или со блиските пријатели кои ја знаат мојата ситуација“, вели Пат. „Правиме работи кои ќе ми ги одвратат мислите од минатото и ќе создадат нови спомени. Но, од најголема помош е мојот однос со Јехова — сознанието дека тој сфаќа како се чувствувам.“

Не очајувајте

Недолжните партнери кои ги применуваат библиските начела и избираат да го искористат правото дадено од Бог да се разведат од сопружникот кој извршил прељуба, не треба да се чувствуваат виновни или да се плашат дека Јехова ги напуштил. Измамничката постапка на прељубникот — која предизвикала ‚плачење и воздивнување‘ — е она што Бог го мрази (Малахија 2:13—16). Дури и Јехова, Богот на „големата милост“, знае како е да се биде отфрлен од саканиот (Лука 1:78; Јеремија 3:1; 31:31, 32). Затоа, бидете уверени дека „Господ ја сака правдата и не ги остава праведниците Свои“ (Псалм 36:28).

Се разбира, би било далеку подобро кога уште од почетокот би можело да се избегне брачното неверство и неговите трагични последици. Тајната на семејната среќа,b практичен семеен водич, им помага на многу луѓе ширум светот да изградат среќни бракови и да избегнат брачна неверност. Во неа има поглавја за градење среќен брак, за воспитување на децата и за справување со брачните проблеми. Јеховините сведоци во Вашето место или издавачите на ова списание со задоволство ќе Ви дадат повеќе информации на оваа тема.

[Фусноти]

a Повеќе информации можат да се најдат во серијата „Старателство на деца — кое е урамнотеженото гледиште?“ и статијата „Да им се помогне на децата при развод“ во изданијата на Разбудете се! од 8 март 1998 и 22 април 1991 (англ.).

b Издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Рамка на страница 10]

ДЕЦАТА НЕ ЗАСЛУЖУВААТ РАЗВОД

Починатата принцеза од Велс, Дајана, во 1988 рекла дека само во Британија секој ден 420 деца се соочуваат со разводот на своите родители. Една третина од овие деца се помали од пет години. Трагично е тоа што после разводот дури 40 проценти од децата губат контакт со еден од родителите.

Спротивно на она што го мислат многу луѓе, „само малку деца на разведени родители го прифаќаат раскинувањето“, забележува еден познат писател од областа на здравјето и медицината. „Поголемиот број деца повеќе би сакале да ги гледаат своите родители заедно, па дури и кога семејната атмосфера е тешка.“ Дури и ако во времето кога се случило неверството двојката многу се расправала, тие не треба избрзано да заклучат дека прекинувањето на бракот ќе биде подобро за децата. Промените во нивните ставови и однесување можат да им овозможат да останат заедно за доброто на целото семејство.

„Сопрузите кои се промискуитетни“, изјавува авторката Памела Винфилд, „треба да мислат на болката во очите на нивните деца поради растурениот дом што ќе дојде после нивната лудост.“

[Рамка на страница 11]

ДАЛИ БОГ МРАЗИ СЕКАКОВ РАЗВОД?

„Она што многу ме вознемируваше“, признава Пат, „беше мислата дека ‚Јехова го мрази разводот‘. Во потсвеста секогаш ми беше прашањето: ‚Дали го правам она што му е угодно на Јехова?‘ “

Да го разгледаме контекстот на Малахија 2:16 (NW) за да одговориме на тоа прашање. Во времето на Малахија, многу Израелци се разведувале од своите сопруги, веројатно за да се оженат со помлади, пагански жени. Бог го осудил ова измамничко, предавничко однесување (Малахија 2:13—16). Значи, она што го мрази Бог е лекомисленото напуштање на брачниот партнер за да се земе друг. Оној кој измамнички врши прељуба и потоа се разведе од својата сопруга или ѝ врши притисок таа да се разведува од него, извршил предавнички, омразен грев.

Меѓутоа, овие стихови не осудуваат секаков развод. Тоа може да се потврди со Исусовите зборови: „Оној што ќе ја остави својата жена, освен поради прељуба, и се ожени со друга, тој прави прељуба“ (Матеј 19:9). Овде Исус признал дека блудот е прифатлива причина за библиски развод — всушност, единствената прифатлива причина која дозволува повторно стапување во брак. Не­долж­ни­от сопружник можеби ќе одлучи да му прости на брачниот партнер кој згрешил. Сепак, оној кој ќе одлучи да ја искористи Исусовата изјава како основа за развод од сопружникот кој извршил прељуба, не прави нешто што Јехова го мрази. Измамничкото постапување на неверниот сопружник е она што Бог го мрази.

[Слики на страница 10]

Недолжните партнери и нивните деца имаат корист од поддршката полна со љубов

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели