ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 15/10 стр. 31
  • Радост поради „победата со Јагнето“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Радост поради „победата со Јагнето“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • Дипломирање на студентите на Божјата Реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Гледај на работите од Божја гледна точка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Библиската вистина триумфира над традицијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Обучување во Гилеад во најсветата вера
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 15/10 стр. 31

Радост поради „победата со Јагнето“

ВО ЕДНО писмо од 1971 год., Кери В. Барбер се осврнува на своите први 50 години во службата за вистинскиот Бог: „Годините што ги поминав во служба за Јехова беа необично добри. Дружењето со неговиот народ, заштитата од лошите луѓе во Сатановиот свет, исчекувањето на победата со Јагнето, Исус Христос, како и доказите за Јеховината љубов, сѐ заедно ми го дава тој сладок мир и внатрешно задоволство што ми го штити срцето и ме исполнува со цврста надеж во конечна победа“.

Шест години подоцна, брат Барбер, кој беше христијанин помазан со свет дух, почна да служи како член на Водечкото тело на Јеховините сведоци. И следните 30 години, додека служеше во тоа својство, со радост ја чекаше „победата со Јагнето“. Таа победа успеа да ја добие бидејќи беше верен до смртта, која настапи во недела, на 8 април 2007 год., на 101-годишна возраст (1. Коринќаните 15:57).

Кери Барбер е роден во 1905 год. во Англија, а се крсти во 1921 год. во Канада, во градот Винипег. Две години подоцна, заедно со својот близнак Норман, се пресели во Бруклин (Њујорк) за да помага на еден нов проект. Во тоа време Јеховиниот народ се подготвуваше за самостојно печатење на книгите наменети за ширење на добрата вест за Царството „по целиот свет“ (Матеј 24:14). Една од првите задачи на брат Барбер беше да ракува со мала печатарска преса. Меѓу другото, печатеше адвокатски досиеја за правните случаи што беа поднесени на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави. По извесно време почна да работи во Службеното одделение, поради што се посвети на собраниските работи и на проповедањето во целата земја.

Со такво искуство, брат Барбер беше добро оспособен за задачата на патувачки слуга, која ја доби во 1948 год. Тој требаше да ги посетува сите собири и собранија во западниот дел на САД. Еднаш рече дека особено уживал да биде на свеж воздух и да им проповеда на луѓето. Додека ја вршеше оваа задача, брат Барбер се запозна со многу браќа и сестри. Бистриот ум и ревноста за службата многу му помогнаа подоцна, кога ја посетуваше Школата Гилеад во 26-тиот клас. Во Школата се запознаа со Сидни Ли Бруер, од Канада, и по завршувањето на Школата стапија во брак. Својот меден месец го поминаа служејќи во собранијата во Чикаго (Илиноис, САД). Сестра Барбер постојано го поддржуваше својот сопруг во тие две децении што ги поминаа заедно во патувачката служба.

Тие што го сретнале и го запознале брат Барбер во текот на двете децении додека служеше како обласен или покраински надгледник, или во текот на трите децении додека работеше и патуваше како член на Водечкото тело, долго ќе се сеќаваат на неговите говори и коментари полни со воодушевување. Навистина можеме да се радуваме што ја доби својата ‚победа со Јагнето‘.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели