ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/08 стр. 2
  • Распоред за состаноците

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците
  • Нашата служба за Царството 2008
  • Поднаслови
  • Седмица од 10 март
  • Седмица од 17 март
  • Седмица од 24 март
  • Седмица од 31 март
  • Седмица од 7 април
Нашата служба за Царството 2008
km 3/08 стр. 2

Распоред за состаноците

Седмица од 10 март

Песна 131

10 мин.: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 6. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 март и Разбудете се! од март заедно со поканата за Спомен-свеченоста.

20 мин.: Зошто да одиме на христијанските состаноци? Говор и дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 15 мај 2007, страници 11-13. Замоли ги присутните да кажат како им помогнале собраниските состаноци и како ги надминале пречките за да присуствуваат редовно.

15 мин.: „И ние можеме да му дадеме нешто на Јехова.“a Колку што дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.

Песна 8

Седмица од 17 март

Песна 144

10 мин.: Локални известувања. Потсети ги присутните да си понесат Стражарска кула од 1 април и Разбудете се! од април за следниот Состанок за нашата служба и да се подготват за дискусија во врска со презентации што би биле делотворни на вашето подрачје. Избрани известувања од Нашата служба за Царството.

15 мин.: Прашања. Точката треба да ја изнесе еден старешина. Треба да се прочита и да се прокоментира целата статија.

20 мин.: „Помогни им на оние што ќе дојдат на Спомен-свеченоста.“b Кога ќе го обработувате 5. пасус, накратко треба да се прикаже како би можело да се започне библиска студија со некој што дошол на Спомен-свеченоста.

Песна 214

Седмица од 24 март

Песна 111

10 мин.: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и писмото со благодарност за прилозите.

15 мин.: Подготвувај се за да ги нудиш новите списанија. Дискусија со присутните за списанијата Стражарска кула од 1 април и Разбудете се! од април. Откако ќе дадеш краток преглед на секое списание, прашај ги присутните кои статии би биле најинтересни за луѓето на подрачјето, и зошто. Замоли ги да кажат некои мисли од статиите што планираат да ги нудат. Со кои прашања би можеле да започнеме разговор? Кои стихови од статијата би можеле да ги прочитаме? За да прикажеш како да се понудат овие списанија, употреби некоја презентација што ќе ја предложат присутните.

20 мин.: Ние донесуваме добра вест за нешто подобро. По воведот, кој треба да трае помалку од една минута, еден старешина треба да одржи говор на темел на Стражарска кула од 1 јули 2005, страници 18, 19, пасуси 10-14. Замоли ги присутните да кажат каква утеха и надеж им дала пораката за Царството кога ја чуле за првпат.

Песна 29

Седмица од 31 март

Песна 37

10 мин.: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за март.

20 мин.: Добро користи го Годишникот за 2008. Говор и дискусија со присутните. Треба да се истакнат главните мисли од Писмото од Водечкото тело, на страници 3, 4. Замоли двајца до тројца присутни да кажат некое искуство од Годишникот кое посебно ги охрабрило. Однапред договори се со еден до двајца објавители да кажат кога го читаат Годишникот. На крајот поттикни ги сите да го прочитаат целиот.

15 мин.: „Храбрете се еден со друг додека сте во служба.“c

Песна 122

Седмица од 7 април

Песна 186

10 мин.: Локални известувања.

20 мин.: Зошто да го одложуваш крштавањето? Говор што треба да го одржи еден старешина на темел на Стражарска кула од 1 јули 2006, страници 29, 30, пасуси 14-17. Накратко интервјуирај еден до двајца објавители кои се крстиле како тинејџери. Што ги поттикнало да го преземат овој важен чекор на толку рана возраст? Како крштавањето им помогнало да постигнат духовна зрелост која служи како заштита?

15 мин.: Си се обидел ли директно да понудиш библиска студија? Говор и дискусија со присутните на темел на додатокот од Нашата служба за Царството од јануари 2002, страница 6. Дискутирајте за тоа како би можеле да ги приспособиме предложените презентации за да започнеме библиска студија со помош на книгата Што учи Библијата. Потоа нека бидат изнесени една до две презентации. Поттикни ги присутните во текот на следната седмица да се обидат барем еднаш во службата директно да понудат библиска студија со книгата Што учи Библијата.

Песна 225

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели