Зошто се користат реликвии во обожавањето?
НЕАПОЛ, Италија. Замисли дека се наоѓаш таму во раните години од 18. век од нашата ера. Во тамошната катедрала, ирскиот филозоф Џорџ Беркли стои пред една прочуена религиозна реликвија. Тој со скептицизам гледа како крвта на „Сан Џенарио“, „Свети“ Јануариус, католички „светец“, наизглед се претвора во течност.
Неапол не се изменил многу во тој поглед. На пример, неодамна во една прилика, и покрај лошото време црквата повторно била преполна со луѓе, а се случило и наводно чудо. Реликвијата и процесијата, водени од главниот надбискуп, биле поздравени со срдечен аплауз. Да, тоа било уште еден од многуте случаи како крвта на „Сан Џенаро“ наводно се претвара во течност. Чудата како оваа религиозна реликвија наводно се случувале уште од 14. век.
Според католичката традиција, реликвија (од латински релинквере, значи „остава зад себе“) е предмет што некој, кој се смета за светец, го оставил зад себе. Како што истакнува Dizionario Ecclesiastico, реликвии „во потесната смисла на зборот, претставуваат телото или дел од телото и пепелот на Светецот, а во поширока смисла — предметот кој дошол во допир со телото на светецот и кој според тоа заслужува оддаденост“.
Одобрување од папата
Без сомнение, многу луѓе се однесуваат со почит спрема религиозните реликвии поради наводните чуда кои се поврзани со нив. Одобрувањата од папите очигледно се уште еден фактор кој придонесува за нивната популарност.
Во изминатите 70 години најмалку четворица папи им обратиле посебно внимание на реликвиите. Едно католичко списание открива дека, како и неговиот претходник Пио XI, папата Пио XII „на себе носел реликвија од светецот Лизје“. Павле VI „чувал прст од апостолот [Томас] на масата во својата работна соба“, а Јован Павле II „во својот стан чувал делови од (...) посмртните останки“ на „Свети Бенедикт“ и „Свети Андрија“ (30 giorni, март 1990, стр. 50).
Со оглед на вакви одобрувања од папи, не е чудно што побарувачката на реликвии, како за лично така и за јавно обожавање, е во пораст. Но дали обожавањето на религиозните реликвии му е допадливо на Бог?
[Слика на страница 3]
Реликвијар, кутија во која се чуваат религиозни реликвии
[Извор на слика]
Со љубезна дозвола од The British Museum