Групното сведочење донесува радост
1 Кога ги испратил 70-те апостоли да проповедаат, Исус ги поучил што да кажат, ги организирал во парови и им доделил подрачја што требало да ги обработат. Ова придонело за радоста што ја доживеале (Лука 10:1—17). На сличен начин денес, групното сведочење помага Божјиот народ да биде опремен, организиран и охрабрен за делото на проповедање.
2 Старешините преземаат водство: Старешините играат важна улога во помагањето сите да имаат редовно учество во делото на проповедање. Надгледникот за служба презема водство во правењето подготовки за служба во текот на седмицата. Секој надгледник на студија на книга е одговорен за организирањето на активноста на неговата група, особено за време на викендите. Во прилики кога целото собрание се состанува за служба на теренот, како на пример по студијата на Стражарска кула, секој надгледник на студија на книга треба да се погрижи за потребите на својата група.
3 Пристојно и уредно: Оној што е одреден да го води состанокот за служба на теренот треба да почне навреме и да го ограничи состанокот на 10 или 15 минути. Најдобро е да ги организира групите за сведочење и да додели подрачје (доколку надгледниците на студија на книга не се погрижат за тоа, како што беше кажано погоре) пред да го заклучи состанокот со молитва. Ова ја намалува потребата објавителите да се собираат на подрачјето што може да го намали достоинството на нашето дело. Тоа, исто така, е во склад со советот на Павле: „Сѐ нека се случува пристојно и уредно“ (1. Кор. 14:40). Сите што присуствуваат на овие состаноци треба да придонесат подготовките да успеат така што ќе пристигнат навреме, целосно ќе соработуваат со братот што предводи и веднаш штом ќе заврши состанокот ќе заминат на подрачјето.
4 Зближени во единство: Подготовките за групно сведочење даваат одлична прилика за подобро да ги запознаеме другите во собранието. Иако нема ништо лошо во тоа однапред да се договориме да одиме во служба со некого, исто така може да биде наградувачки ако присуствуваме на состанок за служба без претходно да се договориме. Можеби ќе бидеме доделени да работиме со некого што не го познаваме добро кој ќе ни овозможи ‚да се рашириме‘ во љубовта (2. Кор. 6:11—13).
5 Групното сведочење нѐ охрабрува и нѐ зближува како „соработници во вистината“ (3. Јов. 8). Да учествуваме во него потполно!