ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/04 стр. 3
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 2004
  • Сличен материјал
  • Точно времетраење, правилно распределено
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Како да се подготвуваме за Состанокот за нашата служба
    Нашата служба за Царството 2009
  • Упатства за оние што имаат точки на Состанокот за нашата служба
    Нашата служба за Царството 2010
  • Подготвување говори за собранието
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Повеќе
Нашата служба за Царството 2004
km 1/04 стр. 3

Рубрика прашања

◼ Како можеме да се погрижиме да има исправно времетраење на собраниските состаноци?

Времето брзо минува кога делиме нешто убаво со пријателите. Од оваа причина, може да биде предизвик да се изнесат собраниските точки во доделеното време. Што може да помогне?

Почни навреме. Кога се состанува целото собрание, може да биде од помош ако ги замолиш присутните да си седнат на местата една или две минути порано за да може состанокот на уреден начин да почне во одреденото време (Проп. 3:1). Состаноците во кои се вклучени помали групи, како што се состаноците за служба, не треба да се одложуваат за да се почекаат оние што можеби ќе задоцнат.

Подготви се темелно. Клуч за исправно времетраење е да бидеш однапред подготвен. Имај ја јасно на ум целта на задачата. Одреди ги главните мисли и истакни ги. Избегнувај да бидеш одвлечен од некои ситни детали. Презентацијата нека биде едноставна. Ако точката вклучува прикази или интервјуа, пробај ги однапред. Толку колку што е можно, мери го времето за твојата точка додека ја вежбаш наглас.

Подели го материјалот. Сеедно дали задачата е говор или дискусија со присутните, од помош може да ти биде тоа што ќе го поделиш материјалот на делови. Одреди колку време ќе потрошиш на секој дел и забележи си го тоа на маргините на твоите белешки. Потоа проверувај го времето во текот на презентацијата. Кога има дискусија со присутните, избегнувај ја замката да има толку многу коментари во уводниот дел што ќе мораш набрзина да прелеташ преку поважниот материјал што се наоѓа понатаму во статијата. Водителите на Стражарска кула треба да остават доволно време за на крајот да се разгледа рамката за повторување. Исто така, треба да внимаваат да не земат од времето што е доделено за заклучната песна и молитва.

Заврши навреме. Ако состанокот се состои од неколку точки, како што е случај со Состанокот за служба, секој говорник треба да биде свесен за тоа кога треба да почне и кога треба да заврши неговата точка. Што може да се направи ако состанокот го пречекорува времето? Еден или повеќе браќа можеби ќе можат да го надоместат времето така што ќе се сосредоточат на главните точки и ќе испуштат некои поневажни детали. Способноста да се направи ова е едно обележје на вешт учител.

Како публика, ние можеме да му помогнеме на братот што води со тоа што нашите коментари ќе бидат кратки и конкретни. Според тоа, сите ние можеме да придонесеме состаноците да се одвиваат „пристојно и уредно“ (1. Кор. 14:40).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели