Упатства за оние што имаат точки на Состанокот за нашата служба
Од овој број на Нашата служба за Царството ќе користиме поедноставни теократски изрази во распоредот за Состанокот за нашата служба. Следат понови упатства и потсетувања кои ќе го појаснат она што беше кажано во статијата „Како да се подготвуваме за Состанокот за нашата служба“, која излезе во Нашата служба за Царството од мај 2009 год.
◼ Говор: Оваа точка треба да се изнесе без учество на присутните, како говор кој се темели на одреден материјал. Говорникот треба да го истакне она што ќе биде најкорисно за собранието.
◼ Прашања и одговори: Слично на Проучувањето на Стражарска кула, оваа точка има многу краток вовед и заклучок, а за секој пасус треба да се постават прашања. Водителот не треба многу да коментира. Ако има време, можат да се прочитаат клучните библиски стихови. Пасусите не треба да се читаат освен ако нема упатство за тоа.
◼ Дискусија: Ова е говор со делумно учество на присутните. Оваа точка не е ниту само говор, ниту само прашања и одговори.
◼ Прикази и интервјуа: Кога во упатството пишува дека треба да има приказ, тоа значи дека братот што ја има оваа точка е одговорен да вклучи и приказ, но тој лично не мора да учествува во него. Оние што ќе ги избере за овој дел треба да бидат искусни и примерни, и треба доволно рано да го подготват приказот. Најдобро е новите и неискусните да не бидат во улога на објавители кои ќе прикажуваат како треба да се сведочи, само за да имаат можност да излезат на бината. Сепак, понекогаш можат да бидат во улога на станари. Објавителите што учествуваат во приказот треба да бидат свртени кон публиката. Оние што ќе бидат замолени за интервју треба да го изнесат од бината, а не од место. Приказите и интервјуата треба однапред да се вежбаат. Ако некој брат мора да ја скрати својата точка затоа што состанокот го пречекорува времето, тој не треба да ги исфрли приказите или интервјуата. Слугите-помошници треба да се консултираат со координаторот на старешинство или со друг старешина пред да ги изберат учесниците во некој приказ или интервју.
Ако за некоја точка од состанокот има посебни упатства, тие треба внимателно да се следат. Со тоа што ќе ги изнесуваат точките на Состанокот за нашата служба според овие упатства, браќата ќе придонесат овој состанок да се одвива „пристојно и така како што е редот“ (1. Кор. 14:40).