Добро искористи го времето во служба
1 Има уште многу работа во нашата служба, а ни преостанува малку време (Јован 4:35; 1. Кор. 7:29). Ако добро се организираме и ако планираме однапред, ќе можеме подобро да го искористиме времето што сме го одвоиле за служба.
2 Биди подготвен: Пред да одиш на состанокот за проповедање, провери дали ја имаш потребната литература и подготви си презентација. Откако состанокот ќе заврши со молитва, веднаш оди на подрачјето. Така ќе можете ти и оние што одат со тебе во служба најдобро да го искористите времето што ви стои на располагање за проповедање.
3 Ако добиеш задача да водиш состанок за проповедање, започни навреме. Состанокот нека биде краток — не повеќе од 10 до 15 минути. Пред да ја распуштиш групата, провери дали секој има партнер и дали знае каде ќе оди.
4 Додека проповедаш: Откако ќе заврши состанокот за проповедање, немој непотребно да се задржуваш, туку веднаш тргни на подрачјето. Ако сведочиш со група, имај обѕир кон другите што те чекаат да го завршиш разговорот со некој станар. Затоа, можеби ќе треба тактично да го прекинеш разговорот со оној што сака да се расправа. А доколку некој покаже интерес, би можел да се договориш да дојдеш друг пат (Мат. 10:11).
5 Кога правиш повторни посети, непотребните патувања можеш да ги избегнеш така што прво ќе ги посетиш луѓето од исто подрачје, а потоа ќе одиш на друго. Освен тоа, обиди се да им телефонираш на некои што планираш да ги посетиш за да провериш дали ќе бидат дома (Изр. 21:5).
6 Живееме во времето на една голема духовна жетва (Мат. 9:37, 38). Наскоро тоа дело ќе заврши. Затоа, треба да настојуваме добро да го искористиме времето што сме го одвоиле за служба.