Подготвен ли си?
Може многу ненадејно да се случи да ни притреба итна медицинска помош (Јак. 4:14). Затоа, паметниот човек ќе се подготви за тоа колку што е можно подобро (Изр. 22:3). Дали веќе си одлучил какви медицински третмани и постапки ќе прифатиш, и дали ја имаш твојата одлука написмено? Во тоа многу ќе ти помогне DVD-то Alternative transfuziji — Dokumentarna serija. На ова DVD се наоѓа делот Alternative transfuziji — kvalitetno liječenje uz poštivanje prava pacijenta (на хрватски јазик). Додека го гледаш, пробај да ги најдеш одговорите на наведените прашања. Бидејќи во оваа документарна програма има кратки сцени со хируршки интервенции, родителите треба да проценат дали ќе им дозволат на своите деца да ја гледаат.
1) Зошто некои медицински стручњаци го преиспитуваат својот пристап кон трансфузијата на крв? 2) Наведи три сложени хируршки интервенции кои се извршени без трансфузија на крв. 3) Зошто илјадници лекари и хирурзи низ целиот свет се спремни да ги лекуваат своите пациенти без трансфузија на крв? 4) Што откриле некои неодамнешни истражувања за користењето на крвта? 5) Кои здравствени ризици се поврзани со трансфузијата на крв? 6) До какви заклучоци дошле многу стручњаци во врска со бескрвното лекување? 7) Зошто доаѓа до анемија и како може да им се помогне на анемичните пациенти? 8) Како може во телото на пациентот да се поттикне создавањето на црвени крвни клетки? 9) Кои техники се користат за да се намали загубата на крв при операција? 10) Колку се успешни методите на бескрвно лекување кај мали деца или во итни случаи, кога животот на пациентот е во опасност? 11) Кое е едно од главните етички начела за квалитетна здравствена грижа?
Бидејќи секој лично, според својата совест која е водена од библиските начела, треба да одлучи дали ќе прифати некој начин на лекување, не чекај да дојде до итен случај за да решиш што ќе прифатиш. За да донесеш промислена одлука, од помош ќе ти бидат поглавје 7 од книгата Божјата љубов и референциите наведени во него, како и додатокот од Нашата служба за Царството од ноември 2006. Потоа, ако си крстен, пополни ја својата ТП картичка и секогаш носи ја со себе.
[Истакната мисла на страница 3]
Дали веќе си одлучил какви медицински третмани и постапки ќе прифатиш, и дали ја имаш твојата одлука написмено?