ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • nwt Изреки 1:1-31:31
  • Изреки

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Изреки
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Изреки

Мудри изреки*

1 Мудри изреки+ на Соломон,+ синот на Давид,+ царот на Израел,+ 2 изречени за да може човекот да стекне мудрост+ и да прими поука,*+ да ги разбере разборитите*+ зборови, 3 за да прими поука*+ што дава разборитост,*+ праведност,+ исправно расудување+ и справедливост,+ 4 за да им даде на неискусните остроумност,+ а на младиот човек знаење+ и способност за расудување.+

5 Мудриот ќе слуша и повеќе ќе научи,+ и разумниот* ќе прифати мудри упатства+ 6 за да ги разбере мудрите изреки и загадочните изјави,+ зборовите на мудрите луѓе+ и нивните загатки.+

7 Стравот од Јехова е првото нешто кое е потребно за да се стекне знаење.*+ Само глупавите ги презираат мудроста и поуката.*+

8 Слушај ја, сине мој, поуката* на татко ти+ и не оставај ги упатствата* на мајка ти.+ 9 Зашто, тие се како прекрасен венец на твојата глава+ и како убав ѓердан на твојот врат.+

10 Сине мој, ако грешниците се обидат да те заведат, не согласувај се.+ 11 Ако велат: „Дојди со нас! Ајде да демнеме крв.+ Ајде без причина да чекаме во заседа невини луѓе.+ 12 Живи да ги голтнеме,+ како што голта гробот,*+ цели, како што се оние што заминуваат во јама.+ 13 Да побараме секакви драгоцености.+ Да си ги наполниме куќите со плен.+ 14 Својата ждрепка ќе ја фрлаш со нас. Сите заедно ќе имаме едно ќесе“+ — 15 ако ти зборуваат така, сине мој, не оди по нивниот пат!+ Држи си ја ногата подалеку од нивната патека!+ 16 Зашто, нивните нозе трчаат кон злото+ и брзаат за да пролеваат крв.+ 17 Зашто, залудно е да се распне мрежа пред очите на сите птици.+ 18 Затоа тие ја демнат нивната крв,+ ги чекаат во заседа нивните души.+ 19 Такви се патиштата на сите што стекнуваат неправедна добивка+ — таа им ја зема душата на своите сопственици.+

20 Вистинската мудрост+ гласно вика на улица.+ Го пушта својот глас на плоштадите.+ 21 На аглите од бучните улици повикува.+ На влезовите, кај градските порти, ги кажува своите зборови:+

22 „До кога, вие глупави, ќе ја сакате глупавоста?*+ До кога, вие потсмевачи, ќе уживате во потсмевањето?+ До кога, вие безумници, ќе го мразите знаењето?+ 23 Прифатете го мојот укор.+ Тогаш ќе го излеам својот дух врз вас,+ ќе ви ги соопштам своите зборови.+ 24 Јас ве повикувам, но вие одбивате,+ ја подавам раката, но никој не обрнува внимание,+ 25 и не ви е грижа за ниту еден мој совет+ и не го прифаќате мојот укор.+ 26 Затоа и јас ќе се смеам на вашата пропаст,+ ќе се потсмевам кога ќе дојде она од кое се плашите,+ 27 кога она од кое се плашите ќе навали како бура и кога вашата пропаст ќе стигне како ветар во невреме,+ кога ќе ве снајде неволја и ќе дојдат тешки времиња за вас.+ 28 Тогаш ќе ме викаат, но јас нема да се одгласам;+ ќе ме бараат, но нема да ме најдат,+ 29 зашто го мразеа знаењето+ и не го избраа стравот од Јехова.+ 30 Не го послушаа мојот совет,+ ги презреа сите мои укори.+ 31 Затоа ќе ги јадат плодовите од својот пат+ и ќе се наситат со своите замисли.+ 32 Зашто, глупавите* ќе ги убие+ нивното одметништво+ и безумните ќе ги упропасти нивната немарност.+ 33 А кој ме слуша мене, ќе биде спокоен+ и ќе живее мирно, и нема да се плаши од зло“.+

2 Сине мој, ако ги примиш моите зборови+ и ако ги зачуваш во себе моите заповеди,+ 2 ако ја слушаш со увото мудроста+ и го приклониш срцето кон разборитоста,+ 3 ако го повикаш разумот*+ и ако ја викнеш проникливоста,+ 4 ако го побараш сето тоа како сребро+ и ако трагаш по него како по скриено богатство,+ 5 тогаш ќе разбереш што значи да се има страв пред Јехова+ и ќе го пронајдеш знаењето за Бог.+ 6 Зашто, Јехова дава мудрост,+ од неговата уста доаѓаат знаењето и проникливоста.+ 7 Тој им помага на чесните да постапуваат мудро,*+ штит им е на оние што живеат* непорочно,*+ 8 зашто внимава на патеките на правдата+ и го чува патот на оние што му се лојални.+ 9 Тогаш ќе разбереш што значи праведност и исправно просудување и справедливост, сето она што е на патот на добротата.+

10 Кога мудроста ќе ти влезе во срцето+ и знаењето ќе ѝ стане пријатно на твојата душа,+ 11 способноста за расудување ќе внимава на тебе,+ проникливоста ќе те чува,+ 12 и ќе те избават од лош пат,+ од човек што кажува изопачени работи,+ 13 од оние што ги напуштаат патеките на чесноста за да одат по патиштата на темнината,+ 14 од оние што се радуваат кога прават зло+ и уживаат во зли и изопачени работи,+ 15 чии патеки се расипани и кои застраниле на своите патишта,+ 16 и ќе те избават од блудница,*+ од слаткоречива прељубница,*+ 17 која го остава блискиот другар на својата младост+ и го заборава сојузот на својот Бог.+ 18 Зашто, нејзината куќа тоне во смртта и нејзините патеки водат кон немоќните мртовци.+ 19 Кој ќе легне со неа, нема да се врати и никогаш нема да стапи на патиштата на живите.+

20 Целта на овие зборови е да одиш по патот на добрите луѓе+ и да се држиш за патеките на праведниците.+ 21 Зашто, праведниците ќе живеат на земјата+ и непорочните* ќе останат на неа.+ 22 А злите ќе бидат истребени од земјата+ и оние што постапуваат неверно ќе бидат искоренети од неа.+

3 Сине мој, не заборавај ја мојата поука*+ и твоето срце нека ги држи моите заповеди,+ 2 зашто ќе ти се намножат деновите и годините на живот+ и мир.+ 3 Добрината* и вистината нека не те оставаат.+ Заврзи си ги на вратот.+ Напиши ги врз плочата на своето срце,+ 4 па ќе стекнеш наклоност и кај Бог и кај луѓето,+ и ќе бидеш признат како разборит.* 5 Имај доверба во Јехова со сето свое срце+ и не потпирај се на сопствениот разум.*+ 6 На сите свои патишта имај го на ум,+ и тој ќе ги исправи твоите патеки.+

7 Не мисли самиот за себе дека си мудар.+ Бој се од Јехова и бегај од злото.+ 8 Тоа нека му донесе здравје+ на твоето тело* и поткрепа на твоите коски.+

9 Искажувај му чест на Јехова со својот имот+ и со првините од сѐ што ќе ти се роди на нивата.+ 10 Тогаш твоите амбари ќе се наполнат со изобилство+ и од твоите каци ќе се прелева младо вино.+

11 Сине мој, не отфрлај ги Јеховините опомени*+ и нека не ти биде одвратен неговиот укор,+ 12 зашто кого Јехова го сака, него и го укорува,+ како што таткото го укорува синот, кого го сака.+

13 Среќен е човекот што ќе најде мудрост+ и човекот што ќе стане прониклив,+ 14 зашто подобро е да стекнеш мудрост отколку да стекнеш сребро, и таа е поголема добивка и од златото.+ 15 Поскапоцена е од бисерите,*+ па и сѐ што ти е мило не може да се спореди со неа. 16 Долгиот живот ѝ е во десницата,+ а богатството и славата — во левицата.+ 17 Нејзините патишта се патишта на задоволството, и сите нејзини патеки се полни со мир.+ 18 Таа е дрво на животот+ за оние што ќе ја прифатат, и за среќни+ се прогласени оние што цврсто ја држат.+

19 Јехова со мудрост ја втемели земјата.+ Со разборитост ги зацврсти небесата.+ 20 Поради неговото знаење се раздвоија+ водните бездни и од облаците небесни врне ситен дожд.+ 21 Сине мој, не губи го тоа од вид.+ Зачувај ја мудроста* и способноста за расудување,+ 22 и ќе бидат живот за твојата душа+ и убав украс на твојот врат.+ 23 Тогаш ќе одиш сигурно+ по својот пат, и твојата нога нема да се сопне на ништо.+ 24 Кога ќе легнеш, нема да се плашиш.+ Ќе легнеш, и сонот ќе ти биде сладок.+ 25 Нема да се плашиш од ненадејна стравотија,+ ниту од бурата што доаѓа над злите.+ 26 Зашто, Јехова ќе биде твојата доверба+ и ќе ја чува твојата нога да не се фати во стапица.+

27 Немој да им скратуваш некакво добро на оние на кои им е потребно,+ кога твојата рака може да го стори тоа.+ 28 Немој да му речеш на ближниот: „Оди си и дојди пак, утре ќе ти дадам“, ако имаш да му дадеш уште сега.+ 29 Не смислувај никакво зло против својот ближен+ додека тој спокојно живее кај тебе.+ 30 Не препирај се со никого без причина,+ ако не ти направил ништо лошо.+

31 Не завидувај му на насилен човек+ и не тргнувај по ниту еден од неговите патишта.+ 32 Зашто, на Јехова му е одвратен+ расипаниот+ човек, а близок е со справедливите.+ 33 Јеховиното проклетство е врз куќата на злиот,+ а живеалиштето на праведните го благословува.+ 34 Тој ќе им се потсмева+ на потсмевачите,+ а на кротките ќе им биде благонаклонет.+ 35 Мудрите ќе добијат чест,+ а безумните се гордеат со она што им донесува срам.+

4 Слушајте ги, синови, опомените* на татко ви+ и внимавајте, за да стекнете разборитост,*+ 2 зашто ќе ви дадам добра поука.+ Не оставајте ги моите упатства.*+ 3 Јас му бев вистински син на татко ми,+ нежен единец ѝ бев на мајка ми.+ 4 Тој ме поучуваше+ и ми велеше: „Срцето твое+ нека се држи цврсто за моите зборови.+ Држи ги моите заповеди, и ќе живееш.+ 5 Стекни мудрост,+ стекни разборитост.*+ Не заборавај ги зборовите на мојата уста и не отстапувај од нив.+ 6 Не оставај ја мудроста, и таа ќе те чува. Сакај ја, и ќе те штити. 7 Мудроста е најважна.+ Стекни мудрост и со сиот свој имот стекни разборитост.*+ 8 Високо цени ја, и таа ќе те возвиши.+ Ќе те прослави кога ќе ја прегрнеш.+ 9 Ќе ти стави убав венец на глава,+ ќе ти подари прекрасна круна“.+

10 Слушај, сине мој, и прими ги моите зборови.+ Тогаш ќе ти се намножат годините на животот.+ 11 Ќе те поучам за патот на мудроста,+ ќе те поведам по патеките на справедливоста.+ 12 Кога ќе одиш, чекорот твој нема да биде сопрен.+ Ако потрчаш, нема да се сопнеш.+ 13 Прифати ги опомените,*+ не пуштај ги.+ Чувај ги, зашто тие ти се живот.+

14 Не стапнувај на патеката на расипаните луѓе+ и не оди по патот на злите.+ 15 Остави го,+ не оди по него,+ тргни се од него и заобиколи го.+ 16 Зашто, тие не можат да спијат ако не направат зло+ и сон не ги фаќа ако не сопнат некого.+ 17 Зашто, го јадат лебот на злобата+ и го пијат виното на насилството.+ 18 А патеката на праведниците е како блескава светлина, која свети сѐ посилно додека сосема не се раздени.+ 19 А патот на злите е како мрак,+ не знаат од што се сопнуваат.+

20 Сине мој, внимавај на моите зборови.+ Приклони го увото кон моите поуки.+ 21 Не губи ги никогаш од вид.+ Чувај ги среде своето срце.+ 22 Зашто, тие се живот за оние што ги наоѓаат+ и здравје на целото нивно тело.+ 23 А од сѐ што треба да се чува, најмногу чувај си го срцето,+ зашто од него извира животот.+ 24 Отфрли го од себе расипаниот говор+ и оддалечи ги од себе лукавите усни.+ 25 Твоите очи нека гледаат право напред,+ и погледот насочи го пред себе.+ 26 Израмни ја патеката по која оди твојата нога+ и сите твои патишта нека бидат постојани.+ 27 Не скршнувај ни надесно ни налево.+ Тргни си ја ногата од злото.+

5 Сине мој, добро слушај ја мојата мудрост.+ Приклони го своето уво кон мојата разборитост,+ 2 за да ја зачуваш способноста за расудување,+ и чувај го знаењето на своите усни.+

3 Зашто, од усните на блудница* капе мед како од саќе+ и непцето ѝ е помазно од масло.+ 4 Но она што останува по неа е горко како пелин,+ остро како меч со две сечила.+ 5 Нејзините нозе слегуваат кон смртта,+ нејзините чекори водат во гробот.*+ 6 Таа не размислува за патот на животот.+ И самата не знае каде кривулат нејзините патеки.+ 7 Затоа сега, послушајте ме, синови мои,+ и не отстапувајте од зборовите на мојата уста.+ 8 Твојот пат нека биде далеку од неа и не приближувај се до вратата на нејзината куќа+ 9 за да не им го дадеш своето достоинство на други+ и своите години на она што ќе те уништи,+ 10 за да не се наситат странци со твојата сила+ и да не премине во куќата на туѓинец она што со мака си го стекнал,+ 11 за да не мораш подоцна горко да плачеш+ кога снагата и телото ќе ти се истрошат.+ 12 Тогаш ќе мораш да речеш: „О, колку ги мразев опомените!*+ Колку моето срце го презираше укорот!+ 13 И не го слушав гласот на моите учители,+ не го приклонив увото кон оние што ме поучуваа.+ 14 Многу лесно западнав во секакво зло+ среде собирот и среде заедницата“.*+

15 Пиј вода од својот бунар* и вода што извира од твојот кладенец.+ 16 Мора ли твоите извори да се разлеваат надвор+ и твоите потоци по плоштадите? 17 Тие нека бидат само за тебе, а не и за туѓинците што се со тебе.+ 18 Нека е благословен твојот извор+ и радувај се со жената на својата младост,+ 19 која ти е мила како срна и занесна како планинска коза.+ Нејзините гради нека те опиваат во секое време.+ Со нејзината љубов биди секогаш во занес.+ 20 Зошто, сине мој, да паѓаш во занес со блудница* или да ги прегрнуваш градите на прељубница?*+ 21 Зашто, патиштата на човекот се пред очите на Јехова,+ и тој внимателно ги набљудува сите негови патеки.+ 22 Злобниот ќе го фатат неговите сопствени престапи+ и ќе се улови во јажињата на сопствениот грев.+ 23 Ќе умре, зашто не прима поука*+ и зашто застранил во својата голема глупавост.+

6 Сине мој, ако гарантираш за својот ближен,+ ако му дадеш рака на странец,+ 2 ако те фатат во замка зборовите на твојата уста,+ ако те уловат зборовите на твојата уста, 3 направи го ова, сине мој, и ослободи се, зашто си му паднал в раце на својот ближен:+ оди, понижи се и опсипувај го со молби својот ближен.+ 4 Не давај им сон на своите очи, ни дремка на своите клепки.+ 5 Избави се како газела од раката на ловецот и како птица од раката на птичарот.+

6 Оди кај мравката,+ мрзливецу,+ набљудувај ги нејзините патишта и стани мудар. 7 Иако нема ни заповедник, ни управител, ни господар, 8 таа си приготвува храна лете,+ собира резерви од храна во времето на жетва. 9 До кога ќе лежиш, мрзливецу?+ Кога ќе станеш од спиење?+ 10 Поспиј си уште малку, дремни си уште малку, скрсти си ги рацете и прилегни си уште малку,+ 11 и сиромаштијата ќе ти дојде како арамија+ и немаштијата како вооружен човек.+

12 Човек никаквец+ и зол оди наоколу и зборува расипано,+ 13 намигнува со окото,+ дава знаци со ногата, покажува со прстите.+ 14 Изопаченоста му е во срцето.+ Во секое време смислува некое зло.+ Постојано започнува караници.+ 15 Затоа, одненадеж ќе дојде неговата пропаст,+ одеднаш ќе се скрши и ќе нема лек.+

16 Шест работи мрази Јехова,+ седум ѝ се одвратни на неговата душа:+ 17 горделиви очи,+ лажлив јазик+ и раце што пролеваат невина крв,+ 18 срце што крои зли планови,+ нозе што брзо трчаат кон зло,+ 19 лажен сведок што зборува лаги+ и оној што подбуцнува караници меѓу браќата.+

20 Сине мој, држи ја заповедта на татка си+ и не оставај ги упатствата* на мајка си.+ 21 Секогаш врзувај си ги за срцето,+ врзувај си ги околу вратот.+ 22 Кога ќе одиш, ќе те водат;+ кога ќе легнеш, над тебе ќе бдеат;+ и кога ќе се разбудиш, ќе внимаваат на тебе. 23 Зашто, заповедта е светилка+ и поуката* е светлина,+ а укорот и стегата* водат во живот.+ 24 Ќе те чува од зла жена,+ од слаткоречивиот јазик на блудницата.*+ 25 Не посакувај ја во своето срце нејзината убавина+ и не дозволувај да те освои со своите сјајни очи,+ 26 зашто поради блудница човек на крајот паѓа на просјачки стап,+ а прељубницата лови скапоцена душа.+ 27 Може ли некој да стави оган во пазувите, а да не му се запали облеката?+ 28 Може ли некој да оди по жар, а да не си ги изгори нозете? 29 Така станува и со оној што ќе легне со жената на својот ближен+ — кој и да се допре до неа, нема да остане без казна.+ 30 Не го презираат крадецот ако украде за да си ја насити душата затоа што е гладен. 31 Но кога ќе го фатат, ќе врати седумкратно — ќе даде сѐ што има од својата куќа.+ 32 Кој прави прељуба со жена, безумен е.*+ Кој го прави тоа, си ја води душата во пропаст.+ 33 Ќе добие болна рана и презир,+ и срамот нема да му се избрише.+ 34 Зашто, љубомората го тера човекот на бес,+ тој нема милост во денот на одмаздата.+ 35 Не се согласува на никаков откуп и нема да се смири, сеедно колку голем дар му нуди.

7 Сине мој, држи се за моите зборови+ и зачувај ги во себе моите заповеди.+ 2 Чувај ги моите заповеди, и ќе живееш,+ и пази ја мојата поука* како зеницата на окото.+ 3 Врзи си ги на прстите+ и напиши си ги врз плочата на своето срце.+ 4 Речи ѝ на мудроста:+ „Ти си ми сестра“, и разборитоста* викај ја роднина, 5 за да те чуваат од блудница,*+ од слаткоречива прељубница.*+ 6 Зашто, од прозорецот на својата куќа гледав низ решетката+ 7 и ги набљудував лековерните.*+ Меѓу синовите забележав неразумно момче,*+ 8 како поминува по улицата близу до нејзиниот агол и како чекори по патот кон нејзината куќа,+ 9 во квечерината, навечер,+ кога се спушта ноќта и паѓа мрак. 10 И гледај, го сретна жена облечена како блудница+ и со лукаво срце. 11 Необуздана е и тврдоглава.+ Нејзините нозе не остануваат дома.+ 12 Ту е на улица ту е на плоштадите,+ и демне на секој агол.+ 13 Го фати и го бакна.+ Со бесрамно лице му рече:

14 „Бев должна да принесам жртва на заедништвото+ и токму денес ги исполнив своите завети.+ 15 Затоа ти излегов во пресрет, да го побарам твоето лице, да те најдам. 16 Своето легло го украсив со килими, со разнобојни ткаенини, со лен египетски.+ 17 Ја намирисав својата постела со смирна, со алое и со цимет.+ 18 Дојди, да се опиваме со љубовта до утро, да се радуваме на љубовните наслади.+ 19 Зашто, маж ми не е дома, отиде на далечен пат.+ 20 В рака понесе ќесе со пари. Ќе се врати дома кога ќе има полна месечина“.

21 И го заведе со многу уверувања,+ го одвлече со слаткоречивите усни.+ 22 И тој веднаш појде по неа,+ како што бик оди на колење и како безумник што го водат окован за да го казнат,* 23 додека стрела не му го прониже црниот дроб,+ и како птица што влетува во стапица+ и не знае дека може поради тоа да го изгуби животот.*+

24 Затоа, послушајте ме, синови мои, и внимавајте на зборовите на мојата уста.+ 25 Срцето нека не ти застрани на нејзините патишта. Немој да заталкаш на нејзините патеки.+ 26 Зашто, таа турна мнозина во смрт+ и голем е бројот на оние што ги уби.+ 27 Патиштата од нејзината куќа водат во гробот,*+ се спуштаат во одаите на смртта.+

8 Зар не вика мудроста+ и зарем не го пушта својот глас проникливоста?+ 2 Застанала на врвот од височините,+ крај патот, на раскрсниците. 3 Покрај портите, на влезот од градот,+ на влезната врата гласно вика:+

4 „Ве викам вас, луѓе, и го насочувам својот глас кон синовите човечки.+ 5 Стекнете остроумност, вие неискусни,+ а вие безумни, стекнете разборито срце.+ 6 Слушајте, зашто зборувам за она што е најважно+ и усните ги отворам за да зборуваат за она што е исправно.+ 7 Зашто, мојата уста тивко ја зборува* вистината,+ а злобата е гнасна за моите усни.+ 8 Сите зборови на мојата уста се праведни.+ Во нив нема ништо изопачено или расипано.+ 9 Сите тие му се јасни на разборитиот и добри се за оние што стекнале знаење.+ 10 Прифатете ја мојата поука,* а не сребро, и порадо прифатете знаење отколку најдобро злато.+ 11 Зашто, мудроста е подобра од бисерите,*+ и сѐ што му е мило на човекот не може да се спореди со неа.+

12 Јас, мудроста, живеам со остроумноста+ и поседувам знаење и способност за расудување.+ 13 Стравот од Јехова значи да се мрази злото.+ Јас ги мразам самовозвишувањето и гордоста,+ лошиот пат и изопачената уста.+ 14 Можам да дадам добар совет+ и знам како да постапувам мудро.*+ Имам разборитост,*+ имам моќ.+ 15 Преку мене царевите царуваат и владетелите одлучуваат според правдата.+ 16 Преку мене кнезовите владеат+ и сите достоинственици судат праведно.+ 17 Јас ги сакам оние што ме сакаат мене,+ и оние што ме бараат, ме наоѓаат.+ 18 Кај мене се богатството и славата,+ вредното наследство и праведноста.+ 19 Мојот плод е подобар од злато, од суво злато, и мојата добивка е подобра од најдоброто сребро.+ 20 Јас одам по патот на праведноста,+ среде патеките на правдата,+ 21 за да им дадам вистинско богатство на оние што ме сакаат.+ Нивните ризници јас ги полнам.+

22 Јехова ме создаде. Јас сум почетокот на неговиот творечки пат,+ првото од неговите дамнешни дела.+ 23 Поставена сум уште од далечното минато,+ од почетокот, од времето кога земјата уште не постоеше.+ 24 Се родив* уште кога немаше водни бездни,+ кога немаше извори на обилни води. 25 Се родив пред да бидат утврдени планините,+ пред ридовите, 26 кога тој уште ја немаше направено земјата,+ ниту полињата, ниту првите грутки плодна земја.+ 27 Кога тој ги уредуваше небесата, јас бев присутна.+ Кога поставуваше круг над лицето на водната бездна,+ 28 кога ги зацврстуваше облаците во висините,+ кога ги утврдуваше изворите на водната бездна,+ 29 кога му одреди на морето граница, која неговите води не смеат да ја престапат,+ кога ги одредуваше темелите на земјата,+ 30 тогаш бев крај него како вешт градител+ и му бев посебна радост,+ од ден на ден, и се веселев пред него за сето време,+ 31 ѝ се радував на плодната почва на неговата земја+ и им се радував на синовите човечки.+

32 Затоа, послушајте ме, синови мои. Среќни се оние што се држат за моите патишта.+ 33 Слушајте ја поуката* и станете мудри,+ не занемарувајте ја.+ 34 Среќен е човекот што ме слуша, така што бдее на моите врати од ден на ден и стражари кај довратниците на мојата врата.+ 35 Зашто, кој ќе ме најде мене, сигурно ќе најде живот+ и ќе ја стекне Јеховината наклоност.+ 36 А кој нема да ме најде мене, ќе ѝ нанесе рани на својата душа.+ Сите што ме мразат, ја сакаат смртта“.+

9 Вистинската мудрост+ си изгради куќа,+ изделка седум столба. 2 Ја искла својата стока, го зачини своето вино и ја постави својата трпеза.+ 3 Ги испрати своите слугинки, па повикува од врвот на градските височини: 4 „Кој е неискусен, нека наврати ваму!“+ А на неразумниот*+ му вели: 5 „Дојди, јади од мојот леб и пиј од виното што го зачинив.+ 6 Остави ги безумните,* па ќе живееш,+ и оди право по патот на разборитоста“.*+

7 Кој го опоменува потсмевачот, си навлекува срам,+ и кој го укорува злиот, добива подбив.+ 8 Не укорувај го потсмевачот за да не те замрази.+ Укори го мудриот, и тој ќе те засака.+ 9 Поучи го мудриот, и ќе биде уште помудар.+ Поучувај го праведникот, и ќе знае повеќе.

10 Стравот од Јехова е првото нешто кое е потребно за да се стекне мудрост,*+ а знаењето за Најсветиот донесува разборитост.*+ 11 Преку мене ќе ти се намножат деновите+ и ќе ти се додадат години на животот.+ 12 Ако си мудар, мудар си за свое добро.+ Ако се подбиваш, самиот ќе ги трпиш последиците.+

13 Глупавата жена е необуздана.+ Таа е олицетворение на лекомисленоста и ништо не знае.+ 14 Седи на вратата од својата куќа, на стол, на високите места во градот,+ 15 и ги повикува оние што поминуваат по патот, оние што одат право по своите патеки:+ 16 „Кој е неискусен, нека наврати ваму!“+ А на неразумниот*+ му вели: 17 „Крадената вода е слатка+ и вкусен е лебот што се јаде скришно“.+ 18 Но тој не знае дека таму се немоќните мртовци, дека нејзините гости се во длабочините на гробот.*+

10 Мудри изреки на Соломон.+

Мудриот син го радува таткото,+ а безумниот син е жалост за мајката.+ 2 Од богатството на злиот човек нема никаква корист,+ но праведноста избавува од смрт.+ 3 Јехова нема да дозволи да гладува душата на праведникот,+ а копнежот на злите ќе го одбие.+

4 Кој работи со мрзлива рака, осиромашува,+ а трудољубивата рака го збогатува човекот.+

5 Кој собира лете, тој е разборит* син, а кој спие цврсто во времето на жетвата, тој син донесува срам.+

6 Благословите се за главата на праведникот,+ а устата на злите крие насилство.+ 7 Споменот за праведникот му донесува благослов,+ а името на злите гние.+

8 Кој има мудро срце, ги прифаќа заповедите,+ а кој има безумни усни, ќе биде згазен.+

9 Кој живее* непорочно,* живее без страв,+ а кој постапува расипано, самиот се разоткрива.+

10 Кој намигнува пакосно со окото, нанесува болка,+ а кој има безумни усни, ќе биде згазен.+ 11 Устата на праведникот е извор на животот,+ а устата на злиот крие насилство.+

12 Омразата предизвикува караници,+ а љубовта ги покрива сите престапи.+

13 На усните на разборитиот се наоѓа мудроста,+ а прачката е за грбот на неразумниот човек.*+

14 Мудрите собираат знаење,+ а устата на глупавиот е на работ на пропаста.+

15 Богатството е утврден град+ за богатиот, а на бедните им е пропаст нивната сиромаштија.+

16 Работата на праведникот води во живот,+ приходот на злобниот води во грев.+

17 Кој прифаќа опомени,* упатува и други на патот на животот,+ а кој го отфрла укорот, ги води на погрешен пат.+

18 Оној што ја прикрива омразата, има лажливи усни,+ и оној што шири лош глас, безумен е.+

19 Многуте зборови не остануваат без грев,+ а кој си ги зауздува усните, постапува разборито.+

20 Јазикот на праведникот е одбрано сребро,+ а срцето на злиот малку вреди.+

21 Усните на праведникот пасат мнозина,+ а глупавите умираат поради својата безумност.*+

22 Благословот од Јехова збогатува,+ и Бог не задава никаква болка притоа.+

23 За глупавиот е забавно да направи срамотно дело,+ а мудроста му припаѓа на разборитиот човек.+

24 Од што се плаши злобниот, тоа ќе го снајде,+ а желбата на праведниците ќе им биде исполнета.+ 25 Како што поминува виорот, така го снемува злиот човек,+ а праведникот е како вечен темел.+

26 Она што е оцетот за забите и димот за очите, тоа е мрзливецот за своите господари.+

27 Стравот од Јехова додава денови,+ а на злите им се скратуваат годините.+

28 Очекувањето на праведниците е исполнето со радост,+ а надежта на злите пропаѓа.+

29 Јеховиниот пат е заштита за непорочните,*+ а пропаст ги чека оние што прават зло.+

30 Праведникот нема никогаш да се сопне,+ а злите нема да останат на земјата.+

31 Устата на праведникот раѓа мудрост,+ а изопачениот јазик ќе биде истребен.+

32 Усните на праведникот наидуваат на одобрување,+ а устата на злобните е полна со изопаченост.+

11 Лажната вага му е одвратна на Јехова,+ а точниот тег му е пријатен.

2 Со вообразеноста доаѓа и срамот,+ а мудроста е кај скромните.+

3 Чесните ги води нивната непорочност,*+ а оние што постапуваат неверно ги упропастува нивната изопаченост.+

4 Богатството не помага во денот на гневот,+ а праведноста избавува од смртта.+

5 На непорочниот* неговата праведност му го израмнува патот,+ а злиот паѓа во својата сопствена злоба.+ 6 Справедливите ги избавува нивната праведност,+ а оние што постапуваат неверно се фаќаат во сопствениот копнеж.+

7 Кога ќе умре еден зол човек, му пропаѓа надежта,+ а пропаѓа и довербата во силата.+

8 Праведникот е избавен од неволја,+ а злиот запаѓа во неа наместо него.+

9 Отпадникот го упропастува ближниот со својата уста,+ а праведниците се избавуваат со знаење.+

10 Поради добротата на праведните, градот се весели,+ а кога ќе ги снема злите, се слушаат радосни извици.+

11 Со благословот од справедливите градот се издига,+ а со устата на злите се разорува.+

12 Неразумниот* го презира својот ближен,+ а вистински разборитиот човек молчи.+

13 Кој оди наоколу и клевети,+ открива тајни,+ а кој е верен,* ги чува.+

14 Кога нема мудро водство, народот пропаѓа,+ а спасот е во многу советници.+

15 Кој гарантира за туѓинец,+ лошо ќе помине, а кој мрази да даде рака како гарант, без грижа е.

16 Жена со убави особини стекнува слава,+ а насилниците стекнуваат богатство.

17 Добродушниот човек* ѝ прави добро на својата душа,+ а суровиот човек му прави лошо на своето тело.+

18 Злиот човек добива измамлива плата,+ а кој сее праведност, има вистинска заработка.+

19 Кој се држи цврсто за праведноста, оди во живот,+ а кој трча по зло, оди во смрт.+

20 Луѓето со расипано срце му се одвратни на Јехова,+ а оние што се непорочни* на својот пат му донесуваат радост.+

21 Иако едната рака ѝ помага на другата рака, злиот нема да помине неказнето,+ а потомството на праведните ќе се избави.+

22 Она што е златен прстен на рилка на свиња, тоа е жена убава, а неразумна.+

23 Желбата на праведните донесува само добро,+ а злите можат да се надеваат само на жесток гнев.+

24 Некој обилно дели, и има сѐ повеќе;+ друг го скратува она што би требало да го даде, и секогаш е во немаштија.+

25 Душата која великодушно дава, и самата ќе биде добро нахранета,+ и кој обилно ги напојува другите, и самиот ќе биде обилно напоен.+

26 Кој не дава жито, проколнат е од народот, а благословот е над главата на оној што го продава.+

27 Кој се труди да прави добро, настојува да ја стекне наклоноста на другите,+ а кој бара зло, тоа и ќе го снајде.+

28 Кој се надева на своето богатство, пропаѓа,+ а праведниците успеваат како зелени лисја.+

29 Кој го доведува својот дом на лош глас,+ наследува ветар,+ и безумникот му станува слуга на оној што има мудро срце.

30 Плодот на праведникот е дрво на животот,+ и кој придобива души, мудар е.+

31 Гледај, праведникот на земјата добива плата!+ Колку ли ќе добијат злиот човек и грешникот!+

12 Кој ги сака опомените,* го сака знаењето,+ а кој го мрази укорот, неразумен е.+

2 Добриот човек стекнува милост од Јехова,+ а човекот со зли замисли Тој го прогласува за зол.+

3 Со злоба човек не се утврдува,+ а коренот на праведниците нема да се разниша.+

4 Вредната жена е круна за својот маж,*+ а таа што постапува срамно му е како гнилеж во коските.+

5 Мислите на праведните се исправни,+ а советот на злите е измамлив.+

6 Зборовите на злите се заседа за крвопролевање,+ а справедливите ги избавува нивната уста.+

7 Злите се соборувани и ги нема повеќе,+ а куќата на праведниците стои цврсто.+

8 Човекот го фалат поради неговата разборита уста,+ а оној што е изопачен во срцето, заслужува презир.+

9 Подобро е да бидеш неугледен, а да имаш слуга, отколку да се возвишуваш самиот себеси, а да немаш леб.+

10 Праведникот се грижи за душата на своето животно,+ а милосрдието на злиот, всушност, е свирепост.+

11 Кој ја обработува својата земја, ќе се насити со леб,+ а кој трча по безвредни работи, неразумен е.*+

12 Злиот човек го посакува пленот од мрежата на лошите луѓе,+ а коренот на праведниците донесува плод.+

13 Со престапот на своите усни злиот се фаќа во стапица,+ а праведникот се избавува од неволја.+

14 Од плодот на својата уста човек се сити со добро,+ и што ќе направи човек со свои раце, тоа ќе му се врати.+

15 На глупавиот неговиот пат му се чини исправен,+ а кој слуша совет, мудар е.+

16 Безумникот веднаш ја открива својата лутина,+ а паметниот го покрива срамот.+

17 Кој кажува веродостојни зборови, го зборува она што е праведно,+ а лажниот сведок зборува измама.+

18 Оној што зборува непромислено, како да прободува со меч,+ а јазикот на мудрите е лек.+

19 Вистинољубивите усни+ ќе постојат засекогаш,+ а лажливиот јазик само за миг.+

20 Измамата е во срцето на оние што смислуваат зло,+ а оние што го унапредуваат мирот, се радуваат.+

21 Праведникот не го снаоѓа никакво зло,+ а злите се полни со неволји.+

22 Лажливите усни му се одвратни на Јехова,+ а оние што постапуваат верно му донесуваат радост.+

23 Паметниот човек го крие своето знаење,+ а срцето на глупавите ја разгласува својата глупавост.+

24 Раката на трудољубивите луѓе владее,+ а мрзливата рака води во ропство.+

25 Од загриженост срцето на човекот му премалува,+ а добриот збор го радува.+

26 Праведникот ги прегледува своите пасишта, а патот на злите ги наведува да талкаат.+

27 Со мрзливост дивеч не се истерува,+ а трудољубивоста е скапоцено богатство за човекот.

28 На патеката на праведноста се наоѓа животот,+ и кој оди по нејзиниот пат, ќе ја избегне смртта.+

13 Мудар е синот кого таткото го опоменува,*+ а потсмевач е оној што не слуша кога го укоруваат.+

2 Од плодот на својата уста човекот го јаде она што е добро,+ а душата на оние што постапуваат неверно е полна со насилство.+

3 Кој си ја чува устата, си ја чува душата.+ Кој зборува непромислено,* пропаѓа.+

4 Мрзливецот е полн со желби, но неговата душа нема ништо,+ а душата на трудољубивите ќе се насити.+

5 Праведникот го мрази лажливиот збор,+ а злите прават срамни дела и си навлекуваат срам.+

6 Праведноста го чува оној што е незлоблив* на својот пат,+ а злобата го соборува грешникот.+

7 Некој се прави богат, а нема ништо;+ некој се прави сиромашен, а има голем имот.

8 Богатството на човекот му е откуп за неговата душа,+ а сиромашниот не слуша остри зборови.+

9 Светлината на праведните весело сјае,+ а светилката на злите ќе се угасне.+

10 Вообразеноста само предизвикува караници,+ а мудри се оние што меѓусебно се советуваат.+

11 Нагло стекнатото богатство исчезнува,+ а кој собира со раката, го умножува имотот.+

12 Од предолго исчекување се разболува срцето,+ а исполнетата желба е дрво на животот.+

13 Кој го презира зборот,+ нему му се одзема она што го дал во залог, а кој има страхопочит кон заповедта, добива награда.+

14 Поуката* на мудриот е извор на животот,+ избавува од замките на смртта.+

15 Големата разборитост* донесува наклоност од другите,+ а патот на оние што постапуваат неверно е нерамен.+

16 Со делата на паметниот човек управува знаењето,+ а безумникот шири глупост.+

17 Злиот гласник упаѓа во зло,+ а верниот пратеник донесува излекување.+

18 Кој не се грижи за опомените,* го стигнува сиромаштија и срам,+ а кој прифаќа укор, заслужува чест.+

19 Исполнетата желба е пријатна за душата,+ а на безумните им е одвратно да се тргнат од злото.+

20 Кој оди со мудрите, ќе стане мудар,+ а кој си има работа со безумни, лошо ќе си помине.+

21 Неволјата ги прогонува грешниците,+ а доброто им е награда на праведниците.+

22 Добриот човек им остава наследство на своите синови, а богатството на грешникот се чува за праведникот.+

23 Изораната нива на сиромавиот дава изобилство храна,+ а некој пропаѓа зашто нема правда.+

24 Кој ја штеди прачката, го мрази својот син,+ а кој го сака, грижливо го опоменува.*+

25 Праведникот јаде додека да си ја насити душата,+ а стомакот на злите останува празен.+

14 Вистински мудрата жена си ја гради куќата,+ а глупавата ја руши со свои раце.+

2 Кој живее* справедливо, се бои од Јехова,+ а кој е расипан на своите патишта, го презира.+

3 Прачката на вообразеноста е во устата на глупавиот,+ а мудрите луѓе ги чуваат своите усни.+

4 Кај што нема говеда, јаслите се чисти, а родот е обилен поради силата на биковите.

5 Веродостојниот сведок не лаже,+ а лажниот сведок зборува лаги.+

6 Потсмевачот бара мудрост, и не ја наоѓа, а разборитиот лесно доаѓа до знаење.+

7 Бегај од безумен човек,+ зашто нема да слушнеш усни што кажуваат знаење.+

8 Мудроста на паметниот човек е во тоа што го разбира својот пат,+ а глупавоста на безумните е измама.+

9 Глупавите ја исмејуваат својата вина,+ а меѓу справедливите владее слога.+

10 Срцето ја познава горчината на душата,+ а неговата радост не може да ја дели никој отстрана.

11 Куќата на злите ќе пропадне,+ а шаторот на справедливите ќе цвета.+

12 Некој пат му се чини на човекот исправен,+ но на крајот води во смрт.+

13 И во смеа срцето може да чувствува болка,+ и радоста завршува со тага.+

14 Кој е безверен во срцето, се наситува со плодовите на своите патишта,+ а добриот човек — со плодовите на своите дела.+

15 Лековерниот* верува на секој збор,+ а паметниот внимава на своите чекори.+

16 Мудриот се плаши и се трга од злото,+ а безумникот е гневен и самоуверен.+

17 Кој се гневи брзо, прави глупости,+ а човекот што размислува* е омразен.+

18 Лековерните* наследуваат глупавост,+ а главата на остроумните ја краси знаењето.+

19 Злите мора да се поклонат пред добрите,+ и опаките — пред вратата на праведникот.

20 Сиромавиот го мразат и неговите блиски,+ а богаташот има многу пријатели.+

21 Кој го презира својот ближен, прави грев,+ а кој е милостив кон оние што се во неволја, среќен е.+

22 Не талкаат ли оние што смислуваат зло?+ Но добрината* и вистинољубивоста се со оние што смислуваат добро.+

23 Од секој труд има корист,+ а празните зборови водат до немаштија.

24 На мудрите круна им е нивното богатство, а глупавоста на безумните си останува глупавост.+

25 Вистинитиот сведок избавува души,+ а лажниот зборува лаги.+

26 Во стравот од Јехова човекот има цврста доверба,+ а неговите синови имаат прибежиште.+

27 Стравот од Јехова е извор на животот,+ избавува од замките на смртта.+

28 Многубројноста на народот е украс за царот,+ а без народ, владетелот пропаѓа.+

29 Кој е бавен на гнев, многу е разборит,+ а кој е нестрплив, покажува глупавост.+

30 Мирното срце е живот за телото,+ а љубомората е гнилеж за коските.+

31 Кој го мами бедниот, го срамоти својот Творец,+ а оној што е милостив кон сиромашниот, Го слави.+

32 Злиот човек ќе биде соборен поради својата злоба,+ а праведникот ќе најде прибежиште во својата непорочност.*+

33 На разборитиот мудроста му почива во срцето,+ а безумниците насекаде ја разгласуваат својата мудрост.

34 Праведноста го возвишува народот,+ а гревот е срам за народите.+

35 На царот му е мил слугата што постапува разборито,*+ а се гневи на оној што постапува срамно.+

15 Благиот одговор го смирува гневот,+ а остриот збор предизвикува лутина.+

2 Јазикот на мудрите прави добро со своето знаење,+ а од устата на глупавите извира безумство.+

3 Очите на Јехова се на секое место+ и ги набљудуваат и злите и добрите.+

4 Благиот јазик е дрво на животот,+ а неговата изопаченост го крши духот.+

5 Глупавиот ги презира опомените* од својот татко,+ а оној што прифаќа укор е паметен.+

6 Во куќата на праведниот има многу од сѐ,+ а приходот на злиот донесува осуда.+

7 Усните на мудрите сеат знаење,+ а срцето на глупавите не го прави тоа.+

8 Жртвата на злите му е одвратна на Јехова,+ а молитвата на справедливите му е пријатна.+

9 На Јехова му е одвратен патот на злиот,+ а го сака оној што оди по праведноста.+

10 Строга казна* го чека оној што го напушта правиот пат;+ кој мрази укор, ќе умре.+

11 Гробот* и местото на пропаста+ се отворени пред Јехова,+ а колку повеќе срцата на синовите човечки!+

12 Потсмевачот не го сака оној што го укорува.+ Тој не оди кај мудрите.+

13 Радосното срце го разведрува лицето,+ а болката во срцето го крши духот.+

14 Разборитото* срце бара знаење,+ а устата на безумните тежнее кон глупавост.+

15 Сите денови на страдалникот се лоши,+ а кој има весело срце, на гозба е без престан.+

16 Подобро е малку, но со страв од Јехова,+ отколку големо богатство и немир со него.+

17 Подобро е јадење од зеленчук таму каде што има љубов+ отколку згоен јунец таму каде што има омраза.+

18 Гневниот човек предизвикува караница,+ а кој е бавен на гнев, ја смирува препирката.+

19 Патот на мрзливецот е како плот од трње,+ а патеката на справедливите е како израмнет пат.+

20 Мудриот син го радува таткото,+ а безумниот човек ја презира мајка си.+

21 Неразумниот*+ ѝ се радува на глупавоста, а разборитиот човек оди право.+

22 Намерите* пропаѓаат таму каде што нема доверлив разговор,+ а успехот лежи во мноштвото советници.+

23 Човекот се радува на одговорот од својата уста,+ и збор кажан во право време — колку е добар!+

24 Патот на животот го води нагоре+ оној што постапува разборито* за да го избегне гробот,* кој е долу.+

25 Јехова ја руши куќата на оние што самите себе се возвишуваат,+ а ја утврдува меѓата на вдовицата.+

26 Замислите на злиот човек му се одвратни на Јехова,+ а пријатните зборови се чисти.+

27 Кој стекнува неправедна добивка, го доведува својот дом на лош глас,+ а кој мрази поткуп, ќе живее.+

28 Срцето на праведникот промислува што ќе одговори,+ а од устата на злите луѓе извира зло.+

29 Јехова е далеку од злите,+ а ја слуша молитвата на праведните.+

30 Сјајот во очите+ го весели срцето,+ и добрата вест+ ги крепи коските.+

31 Увото што слуша животодавен укор+ престојува меѓу мудрите.+

32 Кој ги отфрла опомените,*+ не води сметка за сопствената душа, а кој слуша укор, стекнува разборитост.*+

33 Стравот од Јехова учи* на мудрост,+ и пред честа оди понизноста.+

16 Човекот треба да управува со своето срце,+ а од Јехова доаѓа она што ќе одговори јазикот.+

2 На човекот сите негови патишта му се чинат чисти,+ но Јехова ги проценува сите мисли на човекот.*+

3 Довери му ги своите дела на Јехова,+ и твоите намери* ќе успеат.+

4 Јехова направил сѐ за да служи за неговата намера,+ па и опакиот за злиот ден.+

5 Секој што е горд во срцето му е одвратен на Јехова.+ Макар што рака помага на рака, човек не останува без казна.+

6 Со добрина* и со вистинољубивост се чисти престапот,+ и од страв од Јехова човекот се трга од злото.+

7 Кога патиштата на човекот му се допаѓаат на Јехова,+ тој ги помирува со него и неговите непријатели.+

8 Подобро е малку, но со праведност,+ отколку големи приходи без правда.+

9 Човековото срце смислува пат за себе,+ но Јехова ги управува неговите чекори.+

10 На усните на царот мора да има вдахновена одлука,+ кога пресудува, неговата уста не смее да ја изневери правдата.+

11 Праведната мерка и вага му припаѓаат на Јехова,+ сите тегови во торбата се негово дело.+

12 На царевите им е одвратно кога се прави зло,+ зашто престолот се зацврстува со праведност.+

13 Праведните усни се радост за великиот цар,+ и тој го сака оној што го кажува исправното.+

14 Бесот на царот е гласник на смртта,+ но мудриот човек го смирува.+

15 Во светлината на царевото лице се наоѓа животот+ и неговата наклоност е како облак со пролетен дожд.+

16 Колку подобро е да се стекне мудрост отколку злато!+ И подобро да избереш да стекнеш разборитост* отколку сребро.+

17 Патот на справедливите е да се бега од злото.+ Кој внимава на својот пат, си ја чува душата.+

18 Гордоста оди пред пропаста,+ и вообразеноста* — пред падот.+

19 Подобро е да бидеш понизен* со кротките+ отколку да делиш плен со оние што самите себе се возвишуваат.+

20 Кој ги согледува работите разборито,* наоѓа добро,+ и среќен е оној што се надева на Јехова.+

21 Оној што има мудро срце го нарекуваат разумен,*+ и оној што има љубезни усни е поуверлив.+

22 Разборитоста е извор на животот+ за оние што ја имаат, а казна* за глупавите е глупавоста.+

23 Срцето на мудриот ја прави разборита неговата уста+ и им додава уверливост на неговите усни.+

24 Љубезните зборови се саќе со мед,+ слатки за душата и лек за коските.+

25 Некој пат му се чини на човекот исправен,+ но на крајот води во смрт.+

26 Кој работи, за себе работи,+ зашто го тера неговата уста.+

27 Никаквецот го ископува она што е зло+ и на неговите усни има оган што пали.+

28 Човекот што смислува сплетки, започнува караници,+ и клеветникот ги раздвојува оние што се блиски.+

29 Насилникот го заведува својот ближен + и го наведува на пат што не е добар.+ 30 Намигнува пакосно со очите, смислувајќи сплетки.+ Кога ги стиска усните, сигурно ќе направи зло.

31 Седата коса е прекрасна круна+ кога се наоѓа на патот на праведноста.+

32 Кој е бавен на гнев, подобар е од силниот човек,+ и кој владее со себеси,* подобар е од оној што освоил град.+

33 Ждрепката се фрла во скут,+ но секоја одлука што е донесена со неа, доаѓа од Јехова.+

17 Подобро е парче сув леб со мир+ отколку куќа полна со месо од жртви и со караница.+

2 Разборитиот* слуга ќе владее над синот што постапува срамно+ и ќе го дели наследството+ со браќата.

3 Во топилница се чисти сребро и во печка злато,+ а Јехова ги испитува срцата.+

4 Злосторникот ги слуша злите усни,+ и измамникот го слуша погубниот јазик.+

5 Кој му се потсмева на сиромавиот, го срамоти својот Творец.+ Кој се радува на туѓа несреќа, не останува без казна.+

6 Внуците+ им се круна на старците, и убавина за синовите се нивните татковци.+

7 На безумникот не му прилегаат справедливи усни,+ а уште помалку на достоинственикот лажливи усни.+

8 Оној што дава дар гледа на него како на скапоцен камен со кој се придобива наклоност.+ Каде и да се сврти, има успех.+

9 Кој го покрива престапот, бара љубов,+ а кој постојано зборува за него, ги раздвојува блиските пријатели.+

10 Посилно влијае укорот+ врз разумниот* отколку сто удари врз безумниот.+

11 Злиот човек бара само бунт,+ но против него ќе испратат свиреп гласник.+

12 Подобро е човек да наиде на мечка на која ѝ се одземени мечињата+ отколку на глупав човек во неговата безумност.+

13 Кој враќа зло за добро,+ злото нема да се оддалечи од неговата куќа.+

14 Кога ќе почне караница, како да се отворила водна брана.+ Затоа, пред да избие караницата, оддалечи се.+

15 И оној што го прогласува злиот за праведен+ и оној што го прогласува праведниот за зол,+ обајцата му се одвратни на Јехова.+

16 Што ќе му е на безумникот можноста да прибави мудрост,+ кога не е разумен?*+

17 Вистинскиот пријател сака во секое време,+ и брат станува во неволја.+

18 Неразумниот човек* дава рака+ и потполно гарантира пред својот ближен.+

19 Кој го сака престапот, ја сака караницата.+ Кој гради за себе висока врата, бара пропаст.+

20 Кој е расипан во срцето, не наоѓа добро,+ и кој има превртлив јазик, паѓа во зло.+

21 Неразумното дете му донесува тага на својот татко;+ таткото на безумното дете не е радосен.+

22 Веселото срце дејствува добро како лек,+ а скршениот дух ги суши коските.+

23 Злиот човек зема мито од пазувите+ за да ги искриви патиштата на правдата.+

24 Мудроста е пред лицето на разборитиот човек,+ а очите на безумникот талкаат до крајот на земјата.+

25 Безумниот син е жалост за татка си+ и горка болка за мајка си.+

26 Не е добро со глоба да го казнуваш праведникот,+ и не е исправно да ги удираш достоинствениците.+

27 Оној што е воздржан во своите зборови, навистина е мудар,+ и разборитиот човек има мирен дух.+

28 За мудар го сметаат и глупавиот кога молчи,+ и за разборит* го сметаат оној што си ја држи устата затворена.

18 Оној што се изолира, оди по своите себични желби,+ се спротивставува на секоја мудрост.*+

2 На глупавиот не му е мила разборитоста,+ освен кога сака да ја покаже мудроста на своето срце.+

3 Кај што ќе влезе зол човек, таму ќе влезе и презирот,+ а со срамот+ доаѓа и подбивот.

4 Зборовите од човековата уста се длабоки води.+ Изворот на мудроста е порој што се разлева.+

5 Не чини да бидеш пристрасен кон злиот,+ ниту да го лишиш од правда праведниот.+

6 Усните на безумникот се впуштаат во караница+ и со својата уста си ги бара ударите.+

7 Устата на безумникот е пропаст за него+ и неговите усни му се замка за душата.+

8 Зборовите на клеветникот се како залаци што се голтаат лакомо,+ се спуштаат до дното на утробата.+

9 Кој е немарен во работата,+ брат му е на оној што донесува пропаст.+

10 Името на Јехова е цврста кула.+ Во неа бега праведникот и наоѓа заштита.+

11 Богатството му е утврден град на богатиот+ и е како висок ѕид во неговото мечтаење.+

12 Пред пропаста, човековото срце е вообразено,+ а пред славата оди понизноста.+

13 Кој одговара пред да сослуша,+ тоа е за него глупост и срам.+

14 Духот го крепи човекот кога е болен,+ а скршен дух кој ќе поднесе?+

15 Срцето на разборитиот стекнува знаење+ и увото на мудрите бара знаење.+

16 Подарокот му ја отвора ширум вратата на човекот+ и го доведува пред големците.+

17 Кој е прв во својата парница, праведен е,+ а потоа доаѓа неговиот ближен и со испитување ги побива неговите зборови.+

18 Ждрепката ги смирува караниците,+ а и меѓу моќниците одлучува.+

19 Навредениот брат е потврд од утврден град,+ и некои караници се како резе на кула.+

20 Човекот си го наситува стомакот со плодот од својата уста,+ се наситува со родот на своите усни.+

21 Смртта и животот се во власта на јазикот,+ и кој го сака, ќе го јаде неговиот плод.+

22 Кој нашол добра жена,+ нашол добро,+ и кон него Јехова покажува наклоност.+

23 Сиромавиот зборува молејќи,+ а богаташот одговара остро.+

24 Има луѓе што се готови да го уништат својот другар,+ но има и пријатели поприврзани од брат.+

19 Сиромавиот кој живее* непорочно* е подобар+ од човекот со расипани усни и од глупавиот.+

2 Не е добро душата да биде без знаење,+ и кој брза со нозете, прави грев.+

3 Глупавоста на човекот му го искривува патот,+ а срцето негово му се лути на Јехова.+

4 Богатството собира многу пријатели,+ а сиромавиот е оставен и од својот пријател.+

5 Лажниот сведок не останува без казна,+ и кој зборува лаги, нема да се извлече.+

6 Мнозина се трудат да го одоброволат* лицето на достоинственикот,+ и секој му е пријател на човекот што дава дарови.+

7 Сиромавиот го мразат сите негови браќа,+ а уште повеќе се оддалечуваат од него неговите пријатели!+ Тој трча за да им каже нешто, но никого не наоѓа.+

8 Кој стекнува разборитост,*+ си ја сака душата. Кој ја чува разборитоста, наоѓа добро.+

9 Лажниот сведок не останува без казна,+ и кој зборува лаги, пропаѓа.+

10 Раскошот не му прилега на безумникот,+ а уште помалку му прилега на слуга да владее над кнезовите.+

11 Разбирањето* го спречува човекот да се гневи,+ и чест му е да премине преку престапот.+

12 Гневот на царот е како рикање на млад лав,+ а неговата наклоност е како роса по тревата.+

13 Безумниот син е несреќа за татка си,+ и караниците на жената се како покрив што протечува и го тера човекот да се тргне оттаму.+

14 Куќата и богатството се наследуваат од татковците,+ а од Јехова е разборитата жена.+

15 Мрзливоста го фрла човекот во длабок сон,+ и немарната душа гладува.+

16 Кој ја држи заповедта, си ја чува душата,+ а кој не се грижи за своите патишта, ќе умре.+

17 Кој е милостив кон сиромавиот, му дава заем на Јехова,+ и Тој ќе му плати за неговите дела.+

18 Казнувај го својот син додека има надеж;+ твојата душа нека не ја посака неговата смрт.+

19 Кој се гневи многу, плаќа глоба+ — ако го избавиш еднаш, ќе мораш да го правиш тоа секогаш одново.+

20 Слушај совет и прифати укор,*+ за после да бидеш мудар.+

21 Во срцето на човекот има многу намери,*+ но што ќе науми Јехова, тоа и ќе се оствари.+

22 Кај човекот се цени неговата добрина,*+ и сиромавиот е подобар од лажливецот.+

23 Стравот од Јехова води во живот,+ и тој што го има, мирно спие,+ не го снаоѓа зло.+

24 Мрзливецот ќе макне со раката во чинијата,+ но не може да си ја принесе до устата.+

25 Удри го потсмевачот+ за да се опаметат неискусните,+ и укори го разумниот за да стекне знаење.+

26 Кој го малтретира татка си и ја брка мајка си,+ тој е син кој постапува срамно и нечесно.+

27 Сине мој, ако престанеш да ги слушаш опомените,* тоа ќе те одвлече од зборовите на знаењето.+

28 Никаквецот, кога е сведок, ѝ се потсмева на правдата,+ и злите луѓе уживаат во зло.+

29 Казни ги чекаат потсмевачите,+ и удари го чекаат грбот на глупавите.+

20 Виното е подбивно,+ опојниот пијалак е бучен,+ и секој што е заведен од него, не е мудар.+

2 Царот влева страв како и рикањето на младиот лав.+ Кој ќе го навлече на себе неговиот бес, греши против својата душа.+

3 Чест е за човекот да се воздржи од караница,+ а тој што е глупав, ќе се впушти во неа.+

4 Поради зимата, мрзливецот не ора;+ во времето на жетвата проси, но не добива ништо.+

5 Размислувањата во човековото срце се како длабока вода,+ а разборитиот човек знае како да ги исцрпи.+

6 Многу луѓе се фалат со својата добрина,*+ но кој ќе најде верен човек?+

7 Праведникот живее* непорочно.*+ Среќни се неговите синови по него.+

8 Царот седи на судскиот престол+ и го растерува сето зло со своите очи.+

9 Кој може да каже: „Го исчистив срцето,+ сега сум чист од својот грев“?+

10 Двојни тегови и двојна ефа+ — обете му се одвратни на Јехова.+

11 И детето се познава по она што го прави, дали е неговото дело чисто и исправно.+

12 Увото што слуша и окото што гледа — обете ги направил Јехова.+

13 Не сакај го сонот, за да не осиромашиш.+ Отвори си ги очите, насити се со леб.+

14 „Лошо, лошо!“ — вели купувачот и заминува,+ а потоа се фали.+

15 Има злато и многу бисери,* но усни на кои има знаење се скапоцен украс.+

16 Земи му ја облеката на оној што гарантирал за туѓинец,+ и ако се здружи со блудница,* земи залог од него.+

17 Сладок му е на човекот лебот стекнат со измама,+ но потоа устата му се полни со песок.+

18 Успешни замисли* настануваат со советување,+ затоа, води ја својата војна со мудро водство.+

19 Кој оди наоколу и клевети, открива тајни;+ затоа немој да си имаш работа со оној кого го заведуваат неговите усни.+

20 На оној што ги проколнува татка си и мајка си,+ светилката ќе му се угасне кога ќе падне мрак.+

21 Наследството кое од почетокот се стекнува со алчност,+ на крајот не е благословено.+

22 Не вели: „Ќе вратам со зло!“+ Надевај се на Јехова,+ и тој ќе те спаси.+

23 Двојни тегови му се одвратни на Јехова+ и лажната вага не е добра.+

24 Од Јехова се човечките чекори.+ А како може човекот да го разбере својот пат?+

25 Замка е кога човекот брзоплето ќе извика: „Ова е свето!“+ — а потоа размислува за она што го заветувал.+

26 Мудриот цар ги растерува злите+ и ги става под тркало.+

27 Здивот на човекот+ е Јеховина светилка, која испитува сѐ до дното на утробата.+

28 Добрината* и вистинољубивоста го чуваат царот;+ со доброта тој го поддржува својот престол.+

29 Убавина на младичите е нивната сила,+ а украс на старците е нивната седа коса.+

30 Модринките го чистат злото,+ а ударите допираат до дното на утробата.+

21 Срцето на царот е како вода што тече во раката на Јехова.+ Тој го насочува таму каде што сака.+

2 На човекот секој негов пат му се чини исправен,+ но Јехова ги проценува срцата.+

3 На Јехова му е помило да постапуваш според правдата и да го правиш она што е исправно отколку да му дадеш жртва.+

4 Горделивите очи и надменото срце,+ светилката на злите, тоа е грев.+

5 Замислите* на трудољубивиот сигурно донесуваат корист,+ а секој што избрзува, сигурно оди кон немаштија.+

6 Богатство стекнато со лажлив јазик е здив што исчезнува.+ Оние што на таков начин го стекнуваат, бараат смрт.+

7 Злите ќе ги однесе нивното пљачкање,+ зашто не сакаат да го прават она што е праведно.+

8 Патот на туѓинецот е расипан,+ а чист е човекот што е чесен во своите дела.+

9 Подобро да живееш во аголот од покривот+ отколку во куќа заедно со жена кавгаџика.+

10 Душата на злиот бара зло,+ во неговите очи нема милост кон ближниот.+

11 Кога го казнуваат потсмевачот со глоба, неискусниот станува мудар.+ Кога на мудриот ќе му се помогне да разбере* нешто, тој стекнува знаење.+

12 Куќата на злиот ја набљудува Праведниот+ и злите ги турка во неволја.+

13 Кој си ги затвора ушите кога бедниот се жали и офка,+ и самиот ќе вика, но нема да биде услишен.+

14 Тајниот подарок го смирува гневот,+ и поткупот во пазувите+ — жестоката лутина.

15 За праведникот претставува радост да го прави она што е праведно,+ а ужас ги чека оние што прават зло.+

16 Човекот што ќе скршне од патот на разборитоста*+ ќе почива во друштвото на немоќните мртовци.+

17 Кој ја сака веселбата, упаѓа во немаштија;+ кој ги сака виното и маслото, нема да се збогати.+

18 Злиот човек е откуп за праведникот,+ и измамникот застанува на местото на справедливите.+

19 Подобро е да живееш во пуста земја отколку со жена кавгаџика и во немир.+

20 Скапоценото богатство и маслото се во куќата на мудриот,+ а безумниот човек ги проголтува.+

21 Кој оди по праведност+ и по добрина,* наоѓа живот, праведност и чест.+

22 Мудриот се искачува во градот на силните луѓе за да ја собори силата на која градот се надева.+

23 Кој ги чува устата и јазикот, си ја чува душата од неволји.+

24 Името на оној што прави сѐ во дрзок бес е: дрзок, вообразен фалбаџија.+

25 Мрзливецот го убива неговата желба, зашто неговите раце бегаат од работа.+ 26 По цел ден гори од желба, а праведникот дава и ништо не скратува.+

27 Жртвата на злите е одвратна,+ особено кога ја принесува некој што врши срамни дела.+

28 Лажливиот сведок пропаѓа,+ а човекот што слуша, засекогаш ќе зборува.+

29 Злиот човек покажува дрско лице,+ а справедливиот, ги зацврстува своите патишта.+

30 Нема ни мудрост, ни разборитост, ни совет против Јехова.+

31 Коњот го подготвуваат за денот на битката,+ но победата е од Јехова.+

22 Подобро е да избереш добро име отколку големо богатство,+ и наклоноста од другите е подобра од среброто и златото.+

2 Богатиот и сиромавиот се среќаваат еден со друг.+ И двајцата ги создал Јехова.+

3 Паметниот човек го гледа злото и се трга,+ а глупавите* одат понатаму и ја трпат казната.+

4 Понизноста и стравот од Јехова донесуваат богатство, чест и живот.+

5 На патот на расипаниот човек има трње и замки;+ кој си ја чува душата, се држи далеку од нив.+

6 Воспитувај го детето според патот по кој треба да оди,+ па нема да скршне од него ни кога ќе остари.+

7 Богаташот владее над сиромасите,+ и кој зема на заем, слуга му е на оној што му го дава заемот.+

8 Кој сее неправда, ќе пожнее зло,+ а прачката со која удира во својот бес ќе пропадне.+

9 Кој има добронамерно око, ќе биде благословен, зашто му дава од својот леб на сиромавиот.+

10 Избркај го потсмевачот, за да си отиде караницата и за да прекине спорот и срамот.+

11 На оној што ја сака чистотата на срцето+ и убаво зборува со своите усни, царот му е пријател.+

12 Очите на Јехова го чуваат знаењето,+ а тој ги претвора во пропаст зборовите на оној што постапува неверно.+

13 Мрзливецот вели:+ „Надвор има лав!+ Ќе загинам среде плоштад!“

14 Устата на блудницата* е длабока јама.+ Тој што е осуден од Јехова, паѓа во неа.+

15 Глупоста е приврзана за срцето на детето;+ прачката на поуката* ја отстранува од него.+

16 Кој го мами сиромашниот за да натрупа многу работи за себе,+ и кој му дава на богатиот, сигурно ќе падне во немаштија.+

17 Приклони го увото и чуј ги зборовите на мудрите луѓе,+ насочи го срцето кон моето знаење.+ 18 Зашто, ќе ти биде пријатно кога ќе ги зачуваш во својата внатрешност+ и кога ќе бидат готови да излезат преку твоите усни.+

19 Денес те поучувам тебе за да имаш доверба во Јехова.+

20 Зар веќе не ти пишав зборови полни со совети и знаење,+ 21 за да ти ја покажам вистинитоста на веродостојните зборови, за да му возвратиш со зборови на вистина на оној што ќе те испрати?+

22 Не ограбувај го сиромавиот затоа што е сиромав,+ и не гази го на градските порти оној што е во неволја.+ 23 Зашто, Јехова ќе ја води нивната парница+ и ќе им ја грабне душата на оние што грабаат од нив.+

24 Не дружи се со оној што е склон кон лутина+ и не оди со човек кој лесно се разгневува, 25 за да не се навикнеш на неговите патишта, па да си поставиш замка за душата.+

26 Не биди меѓу оние што даваат рака,+ кои гарантираат за долгови.+ 27 Ако немаш со што да платиш, зошто да ти ја земат и постелата од под тебе?

28 Не преместувај ги старите меѓи, кои ги поставиле твоите татковци.+

29 Си видел ли човек вешт во својата работа? Таквиот ќе стои пред цареви,+ нема да стои пред обични луѓе.

23 Ако седнеш да јадеш со царот, добро внимавај што има пред тебе+ 2 и стави си нож под грлото ако имаш лакома душа.+ 3 Немој да се полакомиш по неговите вкусни јадења, зашто таа храна е измамлива.+

4 Не труди се да стекнеш богатство.+ Не потпирај се на сопствениот разум.*+ 5 Зарем ќе ги насочиш очите кон богатството, иако исчезнува за миг?+ Зашто, тоа си прави крилја како на орел и летнува кон небото.+

6 Не јади кај оној што нема дарежливо око+ и немој да се полакомиш по неговите вкусни јадења.+ 7 Зашто, каков што е оној што е пресметлив во душата, таков е и овој.+ Ти вели: „Јади и пиј“ — но срцето негово не е со тебе.+ 8 Залакот што си го изел, ќе го повратиш, и залудно ќе си ги потрошиш љубезните зборови.+

9 Не зборувај пред безумник,+ зашто тој ќе ги презре твоите разборити зборови.+

10 Не преместувај ги старите меѓи+ и не влегувај во нивата на деца без татко.+ 11 Зашто, силен е нивниот Откупител, тој ќе ја води нивната парница против тебе.+

12 Приклони го срцето кон опомените* и увото кон зборовите полни со знаење.+

13 Не скратувај му опомени* на детето.+ Ако го удриш со прачка, нема да умре. 14 Удри го со прачка за да му ја избавиш душата од гробот.*+

15 Сине мој, ако твоето срце биде мудро,+ моето срце ќе се радува во мене.+ 16 Моите бубрези* ќе се веселат кога твоите усни ќе го кажуваат она што е исправно.+

17 Срцето твое нека не им завидува на грешниците,+ туку по цел ден имај страв од Јехова.+ 18 Зашто, тогаш ќе имаш иднина+ и твојата надеж нема да пропадне.+

19 Сине мој, слушај и биди мудар, и води го срцето свое по правиот пат.+

20 Не биди меѓу оние што се опиваат со вино,+ ниту меѓу оние што лакомо јадат месо.+ 21 Зашто, пијаницата и изедникот осиромашуваат,+ и дремливоста ќе го облече човекот во партали.+

22 Слушај го својот татко, својот родител,+ и не презирај ја мајка си кога ќе остари.+ 23 Купувај ја вистината+ и немој да ја продаваш — купувај мудрост, поука* и разборитост.*+ 24 Ќе се радува таткото на праведникот,+ и родителот на мудриот ќе се весели.+ 25 Ќе се веселат татко ти и мајка ти, ќе се весели онаа што те родила.+

26 Сине мој, дај ми го срцето, и твоите очи нека се радуваат на моите патишта.+ 27 Зашто, блудницата е длабока јама,+ и прељубницата* — тесен бунар. 28 Навистина, таа демне+ како разбојник и меѓу луѓето го зголемува бројот на оние што постапуваат неверно.+

29 Кому маки? Кому немир? Кому караници?+ Кому грижи? Кому рани без причина? Кому матни очи? 30 На оние што остануваат долго покрај виното,+ на оние што одат и бараат опојно вино.+ 31 Не гледај на виното кога се црвенее, кога светка во чашата, кога се лизга толку лесно. 32 На крајот каснува како змија,+ пушта отров како отровница.+ 33 Очите твои ќе гледаат чудни глетки и срцето твое ќе зборува за изопачени работи.+ 34 И ќе бидеш како оној што лежи среде морето и како оној што лежи на врв на јарбол.+ 35 Ќе речеш: „Ме тепаа, но ништо не ме боли, ме удираа, но ништо не осетив. Кога ќе се разбудам+ за повторно да барам пијачка?+“

24 Не завидувај им на лошите луѓе+ и не посакувај да бидеш со нив.+ 2 Зашто, нивното срце размислува за грабеж и нивните усни зборуваат за зло.+

3 Со мудрост се гради дом+ и со разборитост се утврдува.+ 4 Знаењето ги полни собите со разновидни вредни работи, скапоцени и убави.+

5 Кој мудро ја користи својата сила, тој е јак,+ и кој има знаење, ја зацврстува својата сила.+ 6 Зашто, со мудро водство се води војна+ и спасот е во мноштвото советници.+

7 На глупавиот вистинската мудрост му е превисока,+ на градската порта тој не ја отвора својата уста.

8 Кој размислува како да направи зло, ќе дојде на глас како зол сплеткар.+

9 Бесрамното и безумно однесување е грев,+ и потсмевачот им е одвратен на луѓето.+

10 Ако се обесхрабриш во денот на неволја,+ ќе ослаби твојата сила.

11 Избави ги оние што ги водат во смрт и спаси ги оние што тетеравејќи се одат на погубување.+ 12 Ако кажеш: „Види, не знаевме за тоа“+ — нема ли оној што ги проценува срцата да распознае+ и нема ли оној што ја набљудува душата твоја да знае+ и да му плати на човекот според неговите дела?+

13 Сине мој, јади мед, зашто е добар, и слаткиот мед од саќе нека ти биде на непцето.+ 14 Исто така, запознај ја и мудроста за доброто на твојата душа.+ Ако ја најдеш, ќе имаш иднина и твојата надеж нема да пропадне.+

15 Немој, како злиот, да го демнеш живеалиштето на праведникот,+ немој да го пустошиш почивалиштето негово.+ 16 Зашто, ако праведникот падне и седум пати, пак ќе стане,+ а злиот ќе пропадне во неволјата.+

17 Кога ќе падне твојот непријател, не радувај се, и кога ќе се сопне, нека не се весели срцето твое,+ 18 за да не види Јехова и за да не го земе тоа за зло и да го тргне својот гнев од него.+

19 Не гневи се на оние што прават зло. Не завидувај им на злите луѓе.+ 20 Зашто, злиот нема иднина,+ светилката на злобните ќе угасне.+

21 Сине мој, бој се од Јехова и од царот.+ Не дружи се со бунтовни луѓе.+ 22 Зашто, нивната пропаст ќе дојде одненадеж,+ и кој ќе забележи кога ќе пропаднат бунтовниците?+

23 И ова се зборови за мудрите:+ не чини да се суди пристрасно.+

24 Оној што му вели на злиот: „Праведен си“,+ народите го проколнуваат, племињата го осудуваат. 25 А на оние што го укоруваат таквиот, тоа им носи задоволство,+ и на нив доаѓа благословот што носи добро.+ 26 Кој одговара чесно, бакнува во уста.+

27 Сврши ја својата работа надвор и уреди си ја нивата.+ Потоа гради го својот дом.

28 Не сведочи неосновано против својот ближен,+ зашто, тогаш глупаво би ги користел своите усни.+ 29 Не вели: „Како што тој ми направи мене, така и јас ќе му направам нему.+ Секому ќе му вратам според неговите дела“.+

30 Поминував покрај нивата на еден мрзливец+ и покрај лозјето на неразумен човек.*+ 31 И гледај, сѐ беше зарастено во плевел.+ Копривите прекриле сѐ, а камениот ѕид беше урнат.+

32 А јас го гледав тоа и го зедов присрце,+ го видов и извлеков поука:*+ 33 малку поспиј си, малку дремни си, малку скрсти си ги рацете и прилегни си,+ 34 па сиромаштијата ќе ти дојде како разбојник и немаштијата како вооружен човек.+

25 И ова се мудри изреки на Соломон,+ кои ги препишаа луѓето на Езекија, царот на Јуда:+

2 За Бог е слава да чува некоја работа во тајност,+ а за царевите е слава да истражуваат некоја работа.+

3 Како височината на небото+ и длабочината на земјата,+ така и срцето на царевите е неистражливо.+

4 Отстрани ја запенетата згура од среброто, и тоа ќе излезе целото пречистено.+

5 Отстрани го злиот од пред царот,+ и неговиот престол ќе се зацврсти со праведност.+

6 Не величај се пред царот+ и не застанувај на местото на големците.+ 7 Зашто, подобро е тој да ти каже: „Премести се на подобро место!“+ — отколку да те понижи пред достоинственикот, кого го видоа твоите очи.+

8 Немој пребрзо да поведуваш парница за да не се запрашаш што ќе правиш на крајот, кога твојот ближен ќе те посрами.+ 9 Расправи го она што го имаш со својот ближен+ и не откривај ги туѓите тајни+ 10 за да не те посрами оној што те слуша, зашто лошиот глас што се раширил не може повеќе да се поправи.

11 Зборови кажани во право време се златни јаболка во сребрени садови.+

12 Златна обетка и украс од суво злато, тоа е оној што мудро го укорува увото што слуша.+

13 Како свежината на снегот+ во ден на жетва, таков е верниот пратеник за оние што го испраќаат, зашто ја крепи душата на своите господари.+

14 Како облаци и ветар без дожд, таков е човекот што се фали со лажен дар.+

15 Со стрпливост можеш да наговориш и заповедник, и благиот јазик коски крши.+

16 Ако најдеш мед,+ јади само колку што ти е доволно, за да не се прејадеш, па да го повратиш.+

17 Твојата нога нека стапнува ретко во куќата на твојот ближен, за да не се засити од тебе и да те замрази.

18 Човекот што сведочи лажно против својот ближен+ е како боздоган, меч и остра стрела.

19 Како скршен заб и нога што се тресе, таква е довербата во предавник во денот на неволја.+

20 Оној што ја соблекува облеката во студен ден е како киселина излеана врз лужина и како оној што му пее песни на тажно срце.+

21 Ако е гладен оној што те мрази, нахрани го со леб, и ако е жеден, напој го со вода.+ 22 Зашто, така му натрупуваш жар врз главата,+ и Јехова ќе те награди.+

23 Северниот ветар донесува пороен дожд,+ а јазикот што издава тајна донесува осуда од другите луѓе.+

24 Подобро е да живееш во аголот од покривот отколку во куќа заедно со жена кавгаџика.+

25 Она што е студената вода за уморна душа,+ тоа е добрата вест од далечна земја.+

26 Заматен извор и уништен бунар, тоа е праведникот кога се плаши од злиот.+

27 Да се јаде премногу мед не е добро.+ И кога се бара чест за себе, дали е тоа тогаш чест?+

28 Како еден град разурнат и без ѕидови, таков е човекот кој не владее со себеси.*+

26 Како што снег не прилега лете и дожд во време на жетва,+ така честа не му прилега на безумникот.+

2 Како што птицата има причина да одлета и ластовицата да лета, така и проклетството не доаѓа без причина.+

3 Камшикот е за коњот,+ уздата+ за магарето, а прачката за плеќите на безумниците.+

4 Не одговарај му на безумникот според неговата глупост, за да не бидеш ист како него.+

5 Одговори му на безумникот според неговата глупост, за да не мисли за себе дека е мудар.+

6 Кој доверува нешто во рацете на безумник, тој е како човек што си ги пресечува нозете, како човек што самиот себе си прави зло.+

7 Како што се тетерават нозете на куциот кој носи вода, таква е и мудрата изрека во устата на безумните луѓе.+

8 Како човек што става камен под куп камења, таков е оној што му укажува чест на безумник.+

9 Како трнлива гранка во раката на пијаница, таква е мудрата изрека во устата на безумните.+

10 Како стрелец што ги прободува сите, таков е оној што најмува безумник+ или најмува минувач.

11 Како што кучето се враќа на својата блујавица, така и безумникот ја повторува својата глупост.+

12 Си видел ли човек кој за себе мисли дека е мудар?+ Повеќе надеж има за безумникот+ отколку за него.

13 Мрзливецот вели: „На патот има млад лав, лав има на плоштадите“.+

14 Вратата се врти на своите лежишта, а мрзливецот на својата постела.+

15 Мрзливецот макнува со раката во чинијата, но преуморен е за да си ја принесе до устата.+

16 Мрзливецот за себе мисли дека е помудар+ од седуммина кои одговараат разумно.

17 Како човек што фаќа куче за уши, таков е оној што, поминувајќи, се гневи на караницата во која се вмешал, иако не го засега.+

18 Како лудак што фрла оган,+ стрели и смрт, 19 таков е човекот што ќе го измами ближниот свој па вели: „Само се шегував“.+

20 Кога снемува дрва, огнот згаснува, и кога нема клеветник, караницата престанува.+

21 Како што е дрвениот јаглен за жарта и дрвото за огнот, таков е кавгаџијата за да ја разгорува караницата.+

22 Зборовите на клеветникот се како залаци што лакомо се голтаат, се спуштаат до дното на утробата.+

23 Како сребрена глазура на парче скршен земјен сад, такви се срдечните усни со зло срце.+

24 Оној што мрази, се преправа со своите усни, а во себе собира измама.+ 25 Иако зборува со мил глас,+ не верувај му,+ зашто во срцето има седум гадотии.+ 26 Ако лукавство ја прикрива омразата, неговата злоба ќе биде откриена пред заедницата.+

27 Кој копа јама, самиот ќе падне во неа,+ и кој тркала камен, каменот врз него ќе се стркала.+

28 Лажливиот јазик го мрази оној кого го сотрува,+ и ласкавата уста донесува пропаст.+

27 Не фали се со утрешниот ден,+ зашто не знаеш што ќе донесе денот.+

2 Друг нека те фали, а не твојата уста, туѓинец, а не твоите усни.+

3 Тежок е каменот и тешка е песокта,+ но потешко и од двете е да те разгневи безумникот.+

4 Бесот е суров и гневот е како порој,+ но кој ќе ѝ се спротивстави на љубомората?+

5 Подобар е отворен укор+ отколку скриена љубов.

6 Ударите на оној што те сака се израз на верност,+ а за бакнежите на оној што те мрази треба да молиш.+

7 Наситената душа гази саќе со мед, а на гладната душа ѝ е слатко и она што е горко.+

8 Како што е птица истерана од своето гнездо,+ таков е човекот што е истеран од своето место.+

9 Маслото и темјанот+ го веселат срцето, а исто и пријателот кој е мил, зашто дава совет од душа.+

10 Не напуштај го ниту својот пријател ниту татковиот пријател, и не влегувај во куќата на брата си во денот на својата несреќа. Подобар е соседот што е близу отколку братот што е далеку.+

11 Биди мудар, сине мој, и израдувај ми го срцето,+ за да можам да му одговорам на оној што ми се подбива.+

12 Паметниот човек го гледа злото и се трга,+ а глупавите* одат понатаму и ги трпат последиците.+

13 Земи му ја облеката на оној што гарантирал за туѓинец,+ и ако се здружи со блудница,* земи залог од него.+

14 Кој го благословува ближниот свој на сет глас рано наутро, тоа му се смета за проклетство.+

15 Покрив што прокапува и го тера човекот да се засолни во дождлив ден и жена кавгаџика се едно исто.+ 16 Кој прикрива каква е таа,* како да го запира ветрот и со десницата да фаќа масло.

17 Железо со железо се остри. Така човекот го остри лицето на друг човек.+

18 Кој ја чува смоквата, ќе јаде од нејзиниот плод,+ и кој го чува господарот свој, ќе биде почитуван.+

19 Како што лицето во водата е одраз на нечие лице, така и во човековото срце се одразува срцето на друг човек.

20 Како што гробот* и местото на пропаста+ не можат да се наситат+ така и човечките очи никогаш не се сити.+

21 Во топилница се пречистува сребро+ и во печка злато,+ а пофалбата е испит за човекот.+

22 Со толчник да го истолчиш безумникот во аван заедно со истолчени зрна, неговата глупавост нема да го остави.+

23 Треба добро да знаеш какво е твоето стадо. Грижи се со сето срце за своите стада,+ 24 зашто богатството не трае довека,+ ниту круната* низ сите поколенија.

25 Кога зелената трева ја снемува, млада трева се појавува и се собираат билки по планините.+ 26 Младите овни ти се за облека,+ а јарците ти служат за да купиш нива. 27 Имаш доволно козјо млеко за да јадеш ти и за да јаде твојот дом, и го имаш она што им е потребно+ за живот на твоите слугинки.

28 Злите бегаат и кога никој не ги гони,+ а праведниците се чувствуваат сигурно како млад лав.+

2 Поради престапите во земјата, нејзините кнезови често се менуваат,+ но со помош на разборит човек, кој знае што е исправно, кнезот ќе остане долго време.+

3 Сиромашен човек кој ги мами+ сиромасите е како дожд што однесува сѐ и остава без храна.

4 Оние што го оставаат законот, го фалат злобниот,+ а оние што се држат за законот, се гневат на нив.+

5 Луѓето што се склони кон зло, не ја разбираат правдата, а оние што го бараат Јехова разбираат сѐ.+

6 Подобар е сиромавиот што живее* непорочно* отколку оној што е расипан на патиштата свои, макар и да е богат.+

7 Разумниот* син се држи за законот,+ а кој се дружи со изедници, го срамоти татка си.+

8 Кој го умножува богатството така што дава на заем заради камата+ и заработка, го собира за оној што е милостив кон бедните.+

9 Кој го одвраќа увото за да не го слуша законот,+ и молитвата негова е одвратна.+

10 Кој ги заведува справедливите на зол пат,+ самиот ќе падне во својата јама,+ а непорочните* ќе го наследат она што е добро.+

11 Богатиот човек за себе мисли дека е мудар,+ но сиромавиот што е разборит ќе го проѕре.+

12 Убаво е кога се радуваат праведниците,+ а кога се издигаат злите, човек мора да се преправа.+

13 Кој ги крие престапите свои, ќе нема успех,+ а оној што ги признава и ги остава, ќе биде помилуван.+

14 Среќен е човекот што секогаш чувствува страхопочит,+ а оној што го стврднува срцето свое, запаѓа во неволја.+

15 Како што е лавот што рика и мечката што напаѓа, таков е злиот владетел над беден народ.+

16 Водачот кој нема вистинска разборитост, честопати мами,+ а кој ја мрази неправедната добивка,+ ќе ги продолжи своите денови.

17 Човек кој го носи товарот на вина за крв за некоја душа, ќе бега до гроб+ — никој нека не го задржува.

18 Кој живее* чесно,* ќе биде спасен,+ а кој е расипан на своите патишта, одеднаш ќе падне.+

19 Кој си ја обработува земјата, ќе се насити со леб,+ а кој трча по безвредни работи, ќе се насити со сиромаштија.+

20 Верниот човек добива многу благослови,+ а оној што брза да се збогати, не останува невин.+

21 Не чини да се биде пристрасен,+ а не чини и човек да прави престап за парче леб.

22 Човекот со завидливо око брза по богатство,+ а не знае дека ќе го снајде немаштија.

23 Кој укорува човек,+ потоа стекнува поголема наклоност отколку оној што ласка со јазикот.

24 Кој ги краде татка си и мајка си+ и вели: „Тоа не е грев“,+ другар му е на човекот што донесува пропаст.

25 Кој е вообразен во душата, предизвикува караница,+ а кој се надева на Јехова, ќе се насити.+

26 Кој има доверба во своето срце, безумен е,+ а кој постапува* мудро, ќе се избави.+

27 Кој му дава на сиромавиот, нема да биде во немаштија,+ а кој ги затвора очите, ќе биде опсипан со клетви.+

28 Кога се издигаат злите, човек се крие,+ а кога пропаѓаат, се множат праведниците.+

29 Човекот кој е повеќе пати укоруван,+ но останува тврдоглав,*+ одеднаш ќе се скрши, и ќе му нема лек.+

2 Кога се множат праведниците, народот се радува,+ а кога владее злиот, народот воздивнува.+

3 Човекот што ја сака мудроста, го радува татка си,+ а оној што се дружи со блудници, уништува сѐ што е вредно.+

4 Со правдата на царот земјата стои,+ а подмитливиот човек ја руши.+

5 Човек кој му ласка на ближниот свој,+ му распнува мрежа за нозете.+

6 Во гревот на злиот човек лежи замка,+ а праведникот радосно извикува и се весели.+

7 Праведникот ги разбира правата на бедните.+ Оној што е зол, не сака да знае ништо за тоа.+

8 Луѓе што зборуваат вообразено, потпалуваат град,+ а мудрите го стивнуваат гневот.+

9 Кога мудар човек ќе влезе во спор со безумник, безумникот се лути и се смее, а мудриот нема мир.+

10 Крвожедните луѓе ги мразат беспрекорните,*+ а справедливите се грижат за душата на секој од нив.+

11 Безумникот го излева сиот свој гнев,* а оној што е мудар, останува мирен до крајот.+

12 Кога владетелот слуша лажни зборови, сите што го послужуваат стануваат зли.+

13 Сиромавиот и угнетувачот се среќаваат еден со друг,+ а Јехова им ги просветлува очите на двајцата.+

14 Кога царот им суди на бедните според вистината,+ неговиот престол ќе се утврди за сите времиња.+

15 Прачката и укорот даваат мудрост,+ а дете распуштено ја срамоти мајка си.+

16 Кога се множат злите, се умножуваат престапите, но праведниците ќе ја гледаат нивната пропаст.+

17 Казни го синот свој, и тој ќе ти донесе мир тебе и големо задоволство на душата твоја.+

18 Кога нема Божји објави, народот се разуздува,+ а среќни се оние што се држат за законот.+

19 Само од зборови слугата не се поправа,+ зашто, иако ги разбира, не обрнува внимание на нив.+

20 Дали си видел човек брз на зборови?+ Повеќе надеж има за безумникот отколку за него.+

21 Ако некој го разгалува својот слуга од неговата младост, тој подоцна ќе стане неблагодарен.

22 Човек што е склон кон гнев, предизвикува караница,+ и избувливиот човек прави многу престапи.+

23 Вообразеноста го понижува човекот,+ а оној што е понизен* се здобива со чест.+

24 Кој ќе се здружи со крадец, ја мрази душата своја.+ Слуша клетви, но ништо не кажува.+

25 Кој се тресе од страв од човек, си поставува замка,+ а кој се надева на Јехова, ќе биде заштитен.+

26 Мнозина го бараат лицето на владетелот,+ но Јехова е тој што му суди на човекот.+

27 Неправедниот човек им е одвратен на праведниците,+ а оној што е справедлив на својот пат му е одвратен на злиот.+

30 Зборови на Агур, синот на Јакеј, важни поуки.+ Зборови на тој човек упатени до Итиел, до Итиел и Укал.

2 Зашто, понеразумен сум од кого и да било+ и немам човечка разборитост,*+ 3 не ја стекнав мудроста+ и не го познавам знаењето на Најсветиот.+

4 Кој се вознел на небото, па може да слезе?+ Кој го фатил ветрот+ во своите дланки? Кој ги врзал водите во својата наметка?+ Кој ги подигнал сите краишта на земјата?+ Како се вика тој+ и како му се вика синот, знаеш ли?+

5 Секој збор од Бог е чист.+ Тој е штит за оние што бараат засолниште кај него.+ 6 Ништо не додавај кон неговите зборови,+ за да не те укори и за да не се покажеш лажливец.+

7 За две работи те молам.+ Не лишувај ме од нив пред да умрам.+ 8 Невистината и лажниот збор оддалечи ги од мене.+ Не давај ми ниту сиромаштија ниту богатство.+ Храни ме со леб колку што ми треба,+ 9 за да не се заситам, па да се откажам од тебе+ и да речам: „Кој е Јехова?“+ — и за да не осиромашам, па тогаш да крадам и да го осквернам името на својот Бог.+

10 Не клевети го слугата пред неговиот господар,+ за да не те проколне и за да не бидеш виновен.+

11 Има поколение кое го проколнува татка си и не ја благословува мајка си.+

12 Има поколение кое за себе мисли дека е чисто,+ а од изметот свој не е измиено.+

13 Има поколение чии очи се многу вообразени и гордо гледаат.+

14 Има поколение чии заби се мечеви, а чии вилици се ножеви за колење,+ за да ги проголта страдалниците на земјата и сиромасите меѓу луѓето.+

15 Пијавицата има две ќерки, кои викаат: „Дај! Дај!“ Три нешта се ненаситни и четири не велат: „Доста!“ 16 Гробот*+ и неплодната утроба,+ земјата која никогаш не се наситува со вода+ и огнот+ кој никогаш не вели: „Доста!“+

17 Окото што му се подбива на таткото и ја презира послушноста кон мајката+ ќе го исколваат долинските гаврани и ќе го изедат орлињата.

18 Три работи ми се премногу чудни и четвртата не ја разбирам: 19 патот на орелот по небото, патот на змијата по карпата, патот на бродот среде морето+ и патот на мажот кон девојката.+

20 Ваков е патот на жена прељубница: ќе се најаде, ќе си ја избрише устата, па ќе рече: „Ништо лошо не направив“.+

21 Под три работи се тресе земјата и под четири не може да издржи: 22 под роб кога ќе стане цар+ и под безумник кога ќе се насити со храна,+ 23 под омразена жена кога ќе се омажи+ и под слугинка кога ќе го заземе местото на својата господарка.+

24 Четири животни се најмали на земјата, но природно се мудри:+ 25 мравките не се силен народ,+ но лете си ја подготвуваат храната;+ 26 пештерниците*+ не се силен народ, но своите куќи ги поставуваат на карпа;+ 27 скакулците+ немаат цар, но сите одат распоредени по групи;+ 28 гуштерот*+ се фаќа со нозете и влегува во царската палата.

29 Три нешта имаат достоинствен чекор и четвртото достоинствено оди: 30 лавот, најсилен меѓу ѕверовите, кој не се трга пред никого,+ 31 загарот и јарецот, и царот на чело на војската на својот народ.+

32 Ако си постапил безумно воздигнувајќи се самиот себеси+ и ако ти било тоа на ум, стави си ја раката на уста.+ 33 Зашто, кога се бие млеко, се добива маст, и кога ќе се удри носот, потекува крв, а кога се истура гневот, доаѓа до караница.+

31 Зборови на царот Лемуил, важни поуки+ со кои го советуваше мајка му:+

2 Што да ти кажам, сине мој? Што да ти кажам, сине на утробата моја?+ Што да ти кажам, сине на заветите мои?+

3 Не давај им ја силата своја на жени,+ ниту патиштата свои на она што ги упропастува царевите.+

4 Не е за царевите, Лемуиле, не е за царевите да пијат вино, ниту за кнезовите да велат: „Каде е опојниот пијалак?“+ 5 — за да не пијат, па да ги заборават законите и да го оштетат страдалникот во неговата парница.+ 6 Дајте му опоен пијалак на оној што умира,+ и вино на оние што се огорчени во душата.+ 7 Тој нека пие и нека ја заборави сиромаштијата своја, и повеќе нека не се сеќава на неволјата своја.

8 Отворај ја својата уста во корист на оние што не можат самите да зборуваат,+ отворај ја устата за да ги браниш сите што одат во смрт.+ 9 Отворај ја устата своја, суди праведно и брани ги на суд страдалникот и сиромавиот.+

א [алеф] *

10 Кој ќе најде вредна жена?+ Таа вреди многу повеќе од бисери.*

ב [бет]

11 Срцето на мажот* нејзин се потпира на неа, и добивка никогаш нема да недостасува.+

ג [гимел]

12 Му возвраќа само со добро, а не со зло, во сите денови од животот свој.+

ד [далет]

13 Бара волна и лен, и за секоја работа со задоволство се зафаќаат нејзините раце.+

ה [хеј]

14 Таа е како трговски брод,+ оддалеку ја носи својата храна.

ו [вав]

15 Станува додека е уште ноќ+ и им дава храна на своите домашни, и на своите девојки им го дава она што е за нив.+

ז [заин]

16 Размислува за нива и потоа ја купува.+ Од она што го сработила со рацете свои сади лозје.+

ח [хет]

17 Со сила ги опашува бедрата и ги зајакнува рацете свои.+

ט [тет]

18 Чувствува дека добро тргува, ноќе не ѝ гасне светилката.+

י [јуд]

19 Рацете ги протега кон фурката, во рацете свои го држи вретеното.+

כ [каф]

20 Дланката своја му ја отвора на страдалникот, ги подава рацете кон сиромавиот.+

ל [ламед]

21 Не се плаши за домашните свои кога има снег, зашто сите од домот нејзин носат по две облеки.+

מ [мем]

22 Изработува покривачи за себе.+ Се облекува во лен и во црвеникаво-виолетова волна.+

נ [нун]

23 Мажот нејзин+ го познаваат на градските порти,+ кога седи со старешините на земјата своја.

ס [самек]

24 Изработува облека+ и ја продава, и им дава појаси на трговците.

ע [аин]

25 Силата и сјајот се нејзина облека,+ и му се смее на утрешниот ден.+

פ [пе]

26 Устата своја ја отвора мудро+ и на нејзиниот јазик е законот на добрината.*+

צ [цадик]

27 Води грижа за сите свои домашни и не го јаде лебот на мрзливоста.+

ק [куф]

28 Нејзините синови стануваат и ја нарекуваат среќна,+ мажот нејзин станува и ја фали:+

ר [реш]

29 „Многу жени+ се вредни, но ти ги надминуваш сите“.+

ש [шин]

30 Миловидноста може да биде лажна+ и убавината суетна,+ но жена која се бои од Јехова заслужува фалба.+

ת [тав]

31 Дајте ѝ од плодовите на рацете нејзини,+ и делата нејзини нека ја фалат на градските порти.+

Или: „Пословици“. Хебрејски: мишле. Оваа библиска книга на хебрејски го добила својот назив по својот прв збор. Спореди ја фуснотата за 4Мо 23:7.

Изворниот збор има различни значења и може, зависно од контекстот, да се преведе со поимите: „поука, упатство, исправање, опомена, укор, казна, стега, самосовладување“. Види ја и фуснотата за Ев 12:5.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Изворниот збор има различни значења и може, во зависност од контекстот, да се преведе со поимите: „способност за забележување, за разбирање; увид, разум, разборитост, мудрост, остроумност, знаење, спознание, проникливост“.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Буквално: „Стравот од Јехова е почеток на знаењето“.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „законот“.

Буквално: „шеолот“.

Или: „неискусни, ќе го сакате неискуството“.

Или: „неискусните“.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Или: „Тој ја чува делотворната (практична, применлива) мудрост за чесните“.

Буквално: „одат“.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Буквално: „жена од друга земја“.

Буквално: „туѓинка“.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Буквално: „закон“.

Или: „Лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.

Изворниот збор има различни значења и може, во зависност од контекстот, да се преведе со поимите: „способност за разбирање, за сфаќање, за разликување; проникливост, остроумност, разборитост, мудрост, разум, знаење, увид, спознание“. Спореди ја фуснотата Мр 12:33.

Буквално: „папок“.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „коралите“.

Или: „делотворната (практична, применлива) мудрост“.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Буквално: „закон“.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „жена од друга земја“.

Буквално: „шеолот“.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.

Или: „резервоар“.

Буквално: „жена од друга земја“.

Буквално: „туѓинка“.

Или: „зашто нема самосовладување“. Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „законот“.

Буквално: „законот“.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „туѓинката“.

Буквално: „нема [разборито] срце“.

Буквално: „закон“.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Буквално: „жена од друга земја“.

Буквално: „туѓинка“.

Или: „неискусните“.

Буквално: „момче кое нема [разборито] срце“.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „душата“.

Буквално: „шеолот“.

Буквално: „моето непце тивко зборува“.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „коралите“.

Или: „и имам делотворна (практична, применлива) мудрост“.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Буквално: „Родена сум со родилни болки“.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „на оној што нема [разборито] срце“.

Или: „неискусните“.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Буквално: „Стравот од Јехова е почеток на мудроста“.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Буквално: „на оној што нема [разборито] срце“.

Буквално: „шеолот“.

Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.

Буквално: „оди“.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Буквално: „оној што нема [разборито] срце“.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „затоа што немаат [разборито] срце“.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Буквално: „Оној што нема [разборито] срце“.

Буквално: „има верен дух“.

Или: „Човекот кој покажува лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „сопственик (господар)“.

Буквално: „нема [разборито] срце“.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „Кој ширум ги отвора своите усни“.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Буквално: „Законот“.

Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „оди“.

Или: „Неискусниот“.

Или: „што е способен да проценува“.

Или: „Неискусните“.

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „Шеолот“.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Буквално: „Оној што нема [разборито] срце“.

Или: „Плановите“.

Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.

Буквално: „шеолот“.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „стекнува [разборито] срце“.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „ги проценува духовите“.

Или: „планови“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Буквално: „вообразениот дух“.

Буквално: „со понизен дух“.

За изразот „разборито(ст), разборит“ во 20., 22. и 23. стих, види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „со својот дух“.

Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Буквално: „кога нема [разборито] срце“.

Буквално: „Оној што нема [разборито] срце“.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Или: „делотворна (практична, применлива) мудрост“.

Буквално: „оди“.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Буквално: „омекнат“.

Буквално: „стекнува [разборито] срце“.

Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Или: „планови“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „оди“.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Буквално: „корали“.

Буквално: „туѓинка“.

Или: „планови“.

Или: „Лојалната љубов“.

Или: „Плановите“.

Или: „да стекне увид во нешто“. Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.

Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „неискусните“.

Буквално: „жената од друга земја“.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „шеолот“.

Или: „внатрешност“.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Буквално: „туѓинката“.

Буквално: „човек кој нема [разборито] срце“.

Види ја фуснотата за Из 1:2.

Буквално: „својот дух“.

Или: „неискусните“.

Буквално: „туѓинка“.

Или: „Кој ја запира“.

Буквално: „шеолот“.

Или: „дијадемата“.

Буквално: „оди“.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Буквално: „оди“.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Буквално: „оди“.

Или: „тврдоврат“. Буквално: „ја стврднува шијата (вратот)“.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Буквално: „дух“.

Буквално: „со понизен дух“.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Буквално: „Шеолот“.

Цицачи слични на зајаци дупкари, кои живеат во каменити подрачја.

Или: „геконот“.

Во изворниот текст, стиховите 10⁠-31 се пишувани во азбучен акростих. Види ја фуснотата за Пс 9:1.

Буквално: „корали“.

Буквално: „сопственикот (господарот)“.

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели