ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/95 стр. 2
  • Состаноци за служба за јануари

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за јануари
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Поднаслови
  • Седмица од 2 јануари
  • Седмица од 9 јануари
  • Седмица од 16 јануари
  • Седмица од 23 јануари
  • Седмица од 30 јануари
Нашата служба за Царството 1995
km 1/95 стр. 2

Состаноци за служба за јануари

Седмица од 2 јануари

Песна 83

5 мин: Локални известувања и соодветни Известувања од Наша служба за Царството.

25 мин: „Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 1995 — ‚Радосни фалители‘.“ Секретарот го обработува материјалот со прашања и одговори. Прво, прочитај го писмото од 15 декември 1994 за доделба на конгрес. Откако ќе го разгледаш третиот пасус од статијата, прочитај ги 4, 5, 8, 12 и 13. пасус од додатокот. Нагласи дека е потребно сите да изберат сместување од Листата со препорачани ноќевалишта, дури и ако одат на конгрес надвор од доделеното подрачје, како што е наведено во 12. пасус. Нагласи ги од статијата библиските начела за чесност, послушност, љубезна грижа за другите итн., дури и ако изгледа дека никој нема да користи хотелски соби. Пофали ги оние што соработуваат со подготовките на Заедницата во врска со сместувањето.

15 мин: „Добро да се искористат нашите постари книги.“ Дискусија со присутните. Извести го собранието за тоа кои други постари книги може да се добијат; охрабри ги да си подигнат примероци од нив за употреба во службата. Договори се за еден до два кратки прикази на предложените презентации.

Песна 188 и заклучна молитва.

Седмица од 9 јануари

Песна 183

15 мин: Локални известувања. Благајнички извештај. Разгледај некои интересни обележја на брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш. (Види Наша служба за Царството од октомври 1994, стр. 7.) Охрабри ги сите да си носат примероци од неа и да ги нудат кога е прикладно.

15 мин: „Изградувачко пастирење.“ Говор на старешина, темелен на информациите од поднасловите на страници 21-23 од Стражарска кула од 15 септември 1993. Нагласи ги библиските совети што се дадени како помош за соочување со проблемите.

15 мин: Дали си спремен да се соочиш со медицински ситуации кои би ја испитале твојата вера? Способен старешина одржува сериозен, но подбудувачки говор за да им помогне на браќата да сфатат каква заштитна вредност има картичката Медицинско упатство до лекарите/Ослободување од одговорност. Повтори ја програмата од минатиот јануари за да се увериш дека сите кои ги исполнуваат условите, и кои ја сакаат оваа заштита, ќе го добијат тоа преку пополнување на картички. За подетални информации види Наша служба за Царството од јануари 1994, стр. 2, под „Седмица од 10 јануари“.

Песна 198 и заклучна молитва.

Седмица од 16 јануари

Песна 182

10 мин: Локални известувања. Дискутирај за точките за разговор од најновите списанија. Охрабри ги сите да учествуваат во службата на подрачјето овој викенд.

18 мин: „Мислете на другите — 1. дел.“ Прашања и одговори. Потсети дека е потребно старешините тесно да соработуваат меѓу себе кога вршат контрола за да видат дали покривот, водоводот, клима уредот, греењето, електричната мрежа и безбедносните мерки во Салата на Царството се во добра состојба. (Види Наша служба за Царството од јануари 1985, стр. 8, и Наша служба за Царството од декември 1985, стр. 6.)

17 мин: „Покажи ја твојата грижа преку повторни посети.“ Тројца до четворица објавители дискутираат за целта и важноста на правењето повторни посети. Да се нагласи дека имаме за цел да започнеме студии. Да се разгледаат предложените презентации. Нека се одржат еден до два прикази, а групата нека изрази пофалби и нека даде предлози за поправање.

Песна 196 и заклучна молитва.

Седмица од 23 јануари

Песна 161

5 мин: Локални известувања.

15 мин: По потреба на собранието и, таму каде што е применливо, вклучи дискусија за ретко обработувани подрачја. Сѐ уште има многу подрачја во земјата што се ретко обработувани со пораката за Царството. Кажете им на објавителите колку подрачја што му се доделени на вашето собрание не се работени последнава година. Охрабри ги оние кои сакаат да работат на некои од нив, да разговараат со братот кој е одговорен за распределба на подрачја. Ако има објавители кои сакаат да помогнат на подрачјето на соседните собранија, треба да контактираат со покраинскиот надгледник преку Службениот одбор на собранието.

10 мин: „Како да се направи теократска библиотека.“ Говор темелен на Стражарска кула од 1 ноември 1994, стр. 28-31.

15 мин: „Личната студија — предмет на размислување.“ Прашања и одговори. Вклучи избрани коментари темелени на Стражарска кула од 1 октомври 1985, стр. 20-25.

Песна 116 и заклучна молитва.

Седмица од 30 јануари

Песна 141

10 мин: Локални известувања. Теократски вести.

17 мин: „Секогаш изобилно вработени.“ Прашања и одговори. Договори се за две до три кратки интервјуа со некои кои се многу зафатени, како што е еден старешина, една домаќинка или еден пионер; замоли ги да објаснат како успеваат да не отстапат од нивниот исполнет план и пак да имаат радост.

18 мин: Понуда на книгата Живеј засекогаш во февруари. Објасни зошто е потребно луѓето да ги имаат информациите што ги содржи оваа книга. (Види Стражарска кула од 1 август 1988, стр. 20, пасуси 17, 18.) Накратко раскажи искуства за ценењето што го покажале искрени поединци кои ја прочитале. (Види Стражарска кула од 1 септември 1989, стр. 32 (англ.), и Стражарска кула од 1 декември 1991, стр. 32.) Дај некои предлози што покажуват како можеме да започнеме библиски студии со заинтересираните на кои сме им ја оставиле книгата Живеј засекогаш. Еден способен објавител накратко нека ја прикаже втората презентација од поднасловот „Живот/Среќа“ од книгата Расудување, стр. 11. Или, употреби друга презентација што одговара на локалното подрачје. Потсети ги присутните да носат од оваа литература за да ја користат во службата оваа седмица.

Песна 199 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели